Кожани (општина)

општина во Егејска Македонија
Општина Кожани
Δήμος Κοζάνης

Општина Кожани
на картата на Западна Македонија
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Кожани
Гео. област:
Население: 66.729 (2021)
Седиште: Кожани
Нас. места: 75
Пошт. бр.: 501 00
Пов. бр.: 24610-2 до 7
Портал: kozanh.gr

Кожани (грчки: Δήμος Κοζάνης, Димос Козанис) — општина во Кожанскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Кожани.

Населени места уреди

Општината Кожани е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари општини: Кожани (Козани), Калјани (Ејани), Елимеја, Димитриос Ипсилантис и Хелеспонт (Елиспондос).

Напомена: Називите „Елимеја“, „Димитриос Ипсилантис“ и „Хелеспонт“ не се однесуваат на ниедно постоечко населено место, туку се слободно дадени имиња. „Елимеја“ е наречена по долномакедонската област Елимеја, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. „Димитриос Ипсилантис“ е фанариотски деец од XIX век, а „Хелеспонт“ е друго име за Дарданелите помеѓу Белото и Мраморното Море.

Општинска единица Кожани уреди

 
Поранешната општина Кожани на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Кожани ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Кожани
  • град Кожани (Κοζάνη, Козани)
  • село Света Недела (Αγία Κυριακή, Агија Кирјаки) новосоздадено
  • старечки дом „Гирокомио“ (Γηροκομείο) (98)
  • Општински оддел Баракли
  • село Баракли (или Бајракли; Εξοχή, Ексохи)
  • Општински оддел Велишта
  • Општински оддел Деделер
  • Општински оддел Деинли
  • село Деинли (или Динли; Λυγερή, Лигери)
  • Општински оддел Драгодалишта
  • село Драгодалишта (или Дравуданишта; Дромово; Μεταμόρφωση, Метаморфоси)
  • Општински оддел Ениќој
  • село Ениќој (Άργιλος, Аргилос)
  • манастир „Вознесение Христово“ (Ιερά Μονή Αναλήψεως)
  • болница „Спинарис“ (Σπινάρης)
  • Општински оддел Извор
  • село Извор (или Ак Бунар; Λευκόβρυση, Левковриси
  • Општински оддел Илесли
  • Општински оддел Исламли
  • Општински оддел Калбуџилар
  • Општински оддел Кало Обаси
  • Општински оддел Коџа Матли
  • Општински оддел Портораз
  • село Портораз (или Путарас; Πρωτοχώρι, Протохори)
  • Општински оддел Сариханлар
  • Општински оддел Сармусалар
  • Општински оддел Спурта
  • село Спурта (Καρυδίτσα, Каридица)
  • Општински оддел Ќучук Матли
  • село Ќучук Матли (или Ќучук Ахметли; Νέα Νικόπολη, Неја Никополи)
  • Општински оддел Џиџилер
  • село Џиџилер (Πετρανά, Петрана)
  • хотел „Целикас“ (Τσελίκας)
  • Општински оддел Џума
  • село Нова Џума (или Нова Џумаја; Νέα Χαραυγή, Неја Харавги)
  • село Џума (или Џумаја; Χαραυγή, Харавги)
  • Општински оддел Шајнлер
  • село Шајнлер (или Сахинлар; Ξηρολίμνη, Ксиролимни)

Општинска единица Димитриос Ипсилантис уреди

 
Поранешната општина Димитриос Ипсилантис на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Димитриос Ипсилантис со седиште во Караагач ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Караагач
  • Општински оддел Врдомици
  • село Врдомици (или Ердогмуш; Ποντοκώμη, Пондокоми)
  • Општински оддел Димирџилер
  • Општински оддел Курџево

Општинска единица Елимеја уреди

 
Поранешната општина Елимеја на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Елимеја со седиште во Гоблица (Кркос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Гоблица
  • Општински оддел Бујук Текелер
  • Општински оддел Голема Ваница
  • Општински оддел Докчилар
  • Општински оддел Кесарија
  • Општински оддел Мала Ваница
  • Општински оддел Милотин
  • Општински оддел Салтакли

Општинска единица Калјани уреди

 
Поранешната општина Калјани на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Калјани со седиште во Калјани (Еани) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Калјани
  • Општински оддел Керасија
  • Општински оддел Радовишта
  • Општински оддел Рамна
  • Општински оддел Света Петка
  • Општински оддел Стени
  • Општински оддел Сфилци

Општинска единица Хелеспонт уреди

 
Поранешната општина Хелеспонт на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Хелеспонт со седиште во Јусќуплер (Килада) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Јусќуплер
  • село Јусќуплер (или Јускуплер; Κοιλάδα, Килада)
  • село Кахриманли (или Караманли; Κρεμαστή, Кремасти)
  • село Ќоселер (или Ќосилер; Θυμαριά, Тимарија)
  • Општински оддел Иделова
  • Општински оддел Инеова
  • Општински оддел Ишаклар
  • село Ишаклар (Άγιος Χαράλαμπος, Агиос Хараламбос)
  • Општински оддел Дортали
  • Општински оддел Караџилар
  • Општински оддел Моранли
  • село Моранли (или Емир Ханли; Ρυάκι, Раки)
  • Општински оддел Софулар
  • Општински оддел Топчилар
  • Општински оддел Хадова
  • Општински оддел Хајдарли
  • Општински оддел Чобанли

Поранешни села уреди

На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Магула.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски уреди