Ковица (грчки: Βαθύλακκος, Ватилакос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Ковица
Βαθύλακκος
Ковица is located in Грција
Ковица
Ковица
Местоположба во областа
Козица во рамките на Драма (општина)
Козица
Местоположба на Ковица во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°14′N 24°10′E / 41.233° СГШ; 24.167° ИГД / 41.233; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно98
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 28 километри западно од градот Драма, на надморска височина од 500 метри.

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 410 Турци[3].

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, селото е евидентирано како населба со 589 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 607 луѓе[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ватилакос[5].

Демографија уреди

Во 1928 година во селото биле населени 41 грчки бегалски семејства со вкупно 131 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 130 лица, додека во 1940 година селото броело 415 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 525 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 202 жители, во 1971 година имало 141 жител, во 1981 година имало 88 жители, додека во 1991 година имало 69 жители[4]. Денеска, населението на селото е 98 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 415 218 202 141 88 69 85 98
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Βαθύλακκος
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 36.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.