Клуч (бугарски: Ключ) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Клуч
Ключ
Црквата „Св. Илија“ во Клуч
Црквата „Св. Илија“ во Клуч
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаПетрич
Управа
 • КметХристо Марков (СДС, ВМРО-БНД)
Површина
 • Вкупна17,8 км2 (6,9 ми2)
Надм. вис.&10000000000000455000000455 м
Население (2015)
 • Вкупно835
Пошт. бр.2899
Повик. бр.074202
Рег. таб.Е

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 19 километри западно од градот Петрич, на надморска висина од 455 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 17.883 км2.

Селото Клуч се наоѓа во полупланинска област во живописната област на северното подножје на планината Беласица, позната како Подгорjе. Соседните села се Јаворница и Скрт. Климата е преодна-средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 800 мм). Низ селото тече реката Липница или Клучка река, десна притока на Струмица, која ја заобиколува територијата на селото од северната страна. Почвите се шумски, делвијални и елувијални. Селото е едно од погодните почетни точки за искачување на триграничниот врв Тумба, Лозен и високите планини[1].

Историја уреди

Антички и средновековен период уреди

Селото Клуч има богата античка историја. Во селото има остатоци од праисториски, антички и средновековни населби. Името на селото Клуч е изведено од грчката варијанта на името Клучка клисура - (Κλειδίον, Клидион). Во т.н. Клучка клисура се одвивила историската битка на Беласица од 29 јули 1014 година помеѓу силите на цар Самуил и византискиот цар Василиј II. Теснецот Клидион се споменува во XI век од страна на Јован Скилица, Георги Кедрин, Јован Зонара, Кекавмен и други византиски хроничари. Самото село е споменето како подарок на манастирот Хиландар, во грамотата издадена од царот Стефан Душан, во 1336 година.

Османлиско Царство уреди

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во селото живееле 163 христијански и 2 муслимански семејства[2].

Во текот на 19 век, селото било со мешано население и припаѓало кон Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клуч (Clutch) се состоело од 104 куќи од кои 120 жители муслимани и 118 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители, од кои 800 Турци и 200 Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[6].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Селото било ослободено од отоманска власт за време на Балканската војна во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на војната, селото било освоено и запалено од грчката армија[7]. Локалното турско население емигрирало, а на нивно место пристигнале бегалци од Демирхисарско и Кукушко, како и планинари од Огражден.

Во 1916 година, за време на Првата светска војна, професорот Васил Златарски, како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавија, во организација на седиштето на активната армија, го посетил селото. Во својот извештај до началникот на Генералштабот на активната армија, пренесувајќи ја приказната, тој напишал дека за судбината на селото и на сите села под Беласица, при турското освојување тој соопшти дена кога ги слушал старите луѓе, тие му кажувале дека сите селата по севетните делови на Беласица биле христијански, но при освојувањето им било кажано дека нема да бидат убиени и дека ќе бидат поштедени доколку го примат исламот. Населението го примил исламот, и на тој начин се спасило[8]

Селото има добиено „Златен печат“ за уникатно европско село, поради својата стара историја и уникатно културно наследство[9].

Население[10] уреди

Население на Клуч по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 759 1029 1243 1351 1196 1238 1210 1123 929 835
Национален состав на населението
од 2011 година[11]:
Националност Жители Процент
Бугари[3] 857 99,3%
Останати 4 0,46%
Вкупно 863
Население по возраст
од 2011 година
[12]:

Општествени установи уреди

  • Читалиште „Гоце Делчев“

Знаменитости уреди

Личности уреди

Родени во Клуч

Наводи уреди

  1. Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 438.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.603 – 606
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 149.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  7. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  8. Петър Петров. „Пътуване на проф. В.Н.Златарски из Македония“. – Во: ВИС, г.60, 1991, кн.1, стр.74.
  9. „Природен парк „Беласица". Архивирано од изворникот на 2012-03-10. Посетено на 2020-02-05.
  10. 10,0 10,1 „Справка за населението на с. Камена, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  11. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  12. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  13. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 713.
  14. „32-г. красавица от с. Ключ първата в историята ни жена гвардейка на пост пред президентството“. Архивирано од изворникот на 2016-12-22. Посетено на 2020-02-05.