Клуб Либертад е спортски клуб со седиште во Округот Тујука на градот Асунсион, главниот град на Парагвај. Тој е основана на 30 јули 1905 и во моментов игра во Парагвајската Примера Дивизион. Клубот е познат како "Гумарело" или "Репољерос".

Либертад
Club Libertad emblem
Целосно имеКлуб Либертад
ДржаваПарагвај Парагвај
ПрекарГумарело
Основан1905
ЛокацијаАсунсион, Парагвај
СтадионД-р Николас Леос (стадион)
Капацитет10,000
ПретседателПарагвај Хорасио Картес
ТренерАргентина Хорхе Буручага
ЛигаПримера Дивисион
Апертура 2012Апертура 2012, 3-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Либертад е трет најтрофеен парагвајски фудбалски клуб, кој има освоено четиринаесет национални титули, а тие исто така имаат учествувано и на неколку изданија на Копа Либертадорес и Копа Судамерикана, и стигнале до полуфиналето на Либертадорес во два наврати во 1977 и 2006 година.

Историја уреди

Формирање уреди

1905 година била година на многу промени во Парагвај. По успешна револуција, на против кандидатите кој стигнале на бродот "Саксонија" од Буенос Аирес минатата година, паднала поранешната владејачка партија (Колорадо) и е спроведена т.н. Либералната партија. Зборовите "слобода"(на шпан. Либертад), "демократија", "еднаквост" станале модерни, иако, во суштина, условите сè уште не биле соодветни за се дадат вистинските вредности. Во оваа средина, група на млади луѓе во првите денови од јуни се шетале по бродот "Либертад", како што подоцна бил наречен дотогашниот брод "Саксонија". Убави девојки од општеството исто така биле во групата која се наоѓала на бродот. И во тоа време дошла идејата за создавање на фудбалски клуб. Водачот на групата бил младиот Хуан Мануел Соса Ескалада кој го предложил името "Либертад" за во иднина на оваа нова институција.

Клубот официјално бил основан на 30 јули 1905 година од страна на Соса и неговите пријатели. Иако околу името имало неколку несогласувања, затоа што некој сакале клубот да го носи името "Парагвај" сепак идејата на Соса преовладала и тој дефинитивно започнува со работа како Клуб Либертад.

Првото првенство и напуштање на Лигата уреди

Клубот ја освоил својата прва титула во државното првенство во 1910 година, победувајќи го тимот на Клуб Атлантида, во недела 9 октомври, на теренот Генерал Бернардино Кабалеро. Во финалето првиот тим на Либертад бил составен од : Ромеро, Родригес Алмеида, Постиго, Финкс, Пинтос, Амдреани, Виљамајор (капитен), Финкс, Баудин и Ајала. Во првото полувреме, Либертад го отворил резултатот со погодокот на Баудин. Втората погодок за Либертад во ова финалето бил дело на Басилано Виљамајор кој го направил резултатот 2-0 за својот тим. Во второто полувреме Закаријас Гаона, постигнал погодок за Атлантида, но тој не ја загрозил победата на Либертад. Веднаш по освојувањето на оваа титула тие ја напуштиле лигата која била организирана од Фудбалската асоцијација на Парагвај и започнуваат да се натреваруваат во друга паралелна лига. Тука тие биле најуспешни со три освоени титули во (1913, 1914, 1916), две повеќе од најлутиот соперник Атлантида (кој триумфирал во 1915).

Од првата титула до ден денес уреди

Откако ја освоил својата прва титула во 1910 година, Либертад отсекогаш бил во сенка на двата најголеми клубови во Парагвај: Олимпија и Серо Портењо, кои заедно освоиле преку 80% од националните фудбалски првенства. И покрај тоа, Либертад ја потврдува позицијата на трета "најголема" екипа во Парагвај со освојување на петнаесет првенства и за сега ја добива трката со неговиот најлут соперник низ историјата Гуарани. Последната титула Либертад ја освои во 2010 година триумфирајќи во првенството на Клаусура.

Тие стигнаа до полуфинаето на Копа Либертадорес во 2006 година и до четврт финалето во 2007, 2010, 2011 и 2012. Либертад исто така има освоено и четири првенства едноподруго во периодот 2006-2008 (последните две во овие години беа независни титули).

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Родриго Муњос
2   ОД Жорге Мореира
3   ОД Исмаел Бенегас
4   ОД Густаво Менсиа
5   СР Себастијан Егурен (К)
6   ОД Клаудио Варгас
7   НП Пабло Веласкес
8   СР Пабло Гуињацу
9   НП Мауро Гуевгеозијан
10   ОД Мигел Самудио
12   ГМ Диего Морел
13   ОД Алдо Олмедо
14   СР Рубен Монхес
15   ОД Густаво Гомес
Бр. Позиција Играч
16   СР Серхио Аквино
17   СР Осмар Молинас
18   НП Кристијан Менендез
19   СР Нелсон Ромеро
20   НП Мануел Масиел
21   СР Вилијам Мендиета
22   СР Нестор Камачо
23   НП Родолфо Гамара
24   НП Хосе Ариел Нуњес
25   ГМ Бернардо Медина
26   ОД Педро Бенитез
27   СР Хорхе Гонсалес
29   НП Хуан Самудио

Титули уреди

  • Примера Дивизион (15) : 1910, 1917, 1920, 1930, 1943, 1945, 1955, 1976, 2002, 2003, 2006, 2007, 2008 Апертура, 2008 Клаусура, 2010 Клаусура

Надворешни врски уреди