Клитамнестра (грчки јазик: Κλυταιμνήστρα = „вредна за просидба“) — лик од старогрчката митологија, ќерка на кралот Тандарај, сестра на Елена и сопруга на кралот на Микена, Агамемнон. Таа му родила четири деца: Ифигенија, Лаодика (Електра), Хрисотемида и Орест.[1]

Клитамнестра, Џон Колер, 1882 година

Убиството на Агамемнон уреди

Кога Клитамнестра од братот Паламед дознала дека нејзиниот маж сака да ја замени со Касандра која веќе ја довел во дворот, таа под влијание на лагите на Ојак решила да го убие Агамемнон. Тогаш заедно со својот љубовник Ајгист, синот на Тиест, сковала план за убиство на Агаменон. Додека Агамемнон принесувал жртва, таа заедно со Ајгист ги убила и него и Касандра. По смртта на татка си, Електра го скрила братот Орест во Фокида кај Строфиј, зетот на Агамемнон.

Одмаздата на Орест уреди

Кога Орест пораснал решил да го одмазди татка си. Заедно со Пилад скроиле план и дошол во Микена, кај својата мајка. Рекол дека е туѓинец и објавил дека Орест е мртов. Набргу потоа Пилад, синот на Строфиј, дошол кај Китамнестра, донел урна и рекол дека таму се остатоците на Орест. Така Орест и Пилад биле срдечно примени во палатата. Кога им се создала можност, ноќе ги убиле мајка си и Ајгист, нејзиниот маж. Кога Тиндареј ги обвинил за убиството, поради славата на неговиот татко Микенците му дозволиле да избега. Подоцна го гонеле Фуриите на неговата мајка.[2]

Наводи уреди

  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 167.
  2. Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 82 - 83.