Клисура (Костурско)

Костурско село во Егејска Македонија

Клисура (на грчки: Κλεισούρα, Клисура) е село во Егејска Македонија, Околија Костур.

Клисура
Κλεισούρα
Поглед на селото
Поглед на селото
Клисура is located in Грција
Клисура
Клисура
Местоположба во областа
Клисура во рамките на Костур (општина)
Клисура
Местоположба на Клисура во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°28′E / 40.533° СГШ; 21.467° ИГД / 40.533; 21.467
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Надм. вис.&100000000000012500000001.250 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно251
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Историја уреди

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Клисура се води како чист влашки град во Костурската каза на Горичкиот санџак со 800 куќи.[2]

Ослободување уреди

Во македонската историја, историјата на илинденскиот период, како и во колективната меморија на македонскиот народ, ослободувањето на гратчињата Крушево, Клисура и Невеска, заземаат посебно место.

Информацијата за почетокот на Востанието костурските раководители ја добиле со задоцнување, на 20 јули, денот одреден за неговиот почеток. На тој ден, најголем дел од реонските раководители, војводи и чети се наоѓале северно од градот Костур, во околината на с. Дреновени. Уште истиот ден, откако извршиле делумна мобилизација на селаните од околните села, востаниците се приближиле до градот Костур, стационирајќи се во с. Апоскеп. Целта била да се изврши диверзија и напад на Костур. Сепак, поради објективни причини, планот не успеал. Акцијата пропаднала поради доцнењето на писмото од ГШ, кое, според Иван Попов, „доколку го добиевме навреме и бевме распоредени според планот, сигурно ќе го заземевме Костур, во кој имаше до 800 војници“.[1] Додека, според Христо Силјанов, причината за неуспехот била „раздвижувањето на аскерот“, кој логорувал во шатори на крајот од градот, при што, „го осуетиле влегувањето на четниците… и го принуди[ло] раководството да го смени планот“.[2] Единствено, таа вечер, успешно било завршено со прекинувањето на електричната мрежа и телеграфските врски на градот Костур со околните места.

Како и да е, дел од востаничките сили, уште додека се наоѓале во с.Апсокеп, биле распоредени низ разни делови од Корештата и Пополе, со цел да го направат потребното мобилизирање на луѓе, но и соодветно да го подготват теренот за вооружени акции. На 20 јули четата на Митре Влашето се стационирала во с. Кономлади, Манол Розов се упатил кон с. Загоричани, додека Пандо Кљашев со својата чета заминале кон с. Блаца.

Наредниот ден, по неуспешниот обид за напад на Костур, Лазар Поп Трајков се упатил за с.Д’мбени, Васил Чакалров кон с.Шестеово, а во с.Вишени заминал Иван Попов.[3] Првиот судир меѓу востаниците и османлиската војска, која била стационирана во с.Вишени и броела околу 100 војници, се случил на 21 јули, по кој Турците го напуштиле селото и се повлекле во Костур. Целта на костурското раководство во првите акции биле селските гарнизони, кои биле стационирани во поголемите села во околијата.[4] Освен судирот во с.Вишени, војската од останатите села успешно се повлекла во Костур, на тој начин избегнувајќи ја вооружената конфронтација со, во тој период, помоќниот противник.

Нападот на Клисура се случил на 23 јули 1903 година. Претходно, еден ден порано, на своја рака и без координација со останатите раководители, мокренскиот војвода, Никола Андреев, со својата чета извршил напад на Клисура. Поради доброто утврдување, но и побројниот непријател, оваа акција завршила неславно.[5] Додека траел овој судир, костурските раководители и востаници започнале да се собираат на месноста Врбица над с.Загоричани. Наредниот ден, на 23 јули, откако дознале дека војската го има напуштено селото и со цел да го вклучат населението во востанието, Чакаларов и Кљашев „со знамето и со една дружина од околу 60 души слеговме во Загоричани“.[6] Додека последните се наоѓале во Загоричани, Иван Попов со неколку чети стационирани кај месноста Врбица и во с.Бобишта, кое се наоѓа на пола пат меѓу Загоричани и Клусура. Првобитниот план, спред Иван Попов, бил, откако ќе се дигнат на востание с.Загоричани и Бобишта, да се нападне Клисура од две страни.[7] Но, додека востаниците се распоредувале на предвидените позиции, османлиската војска од Клисура ги забележала, при што зеземала борбени позиции на крајот од градот. Исто така, во исто време била забележана војска, која се приближувала кон Клисура од правец на градот Кајлари. Во согласност со ново настанатата ситуација, војводата Иван Попов направил ново прераспределување на востаничките сили. На постојните позиции, четата од с.Шестеово требало да ја задржи османлиската војска од Клисура, додека други две чети биле постевени на позиции, лево и десно, на патот по која се движела војската од Кајалри, кон која директно се упатил Попов со својата чета.[8] Востаниците, поради подобрите позиции, успеале да ја поразат кајларската војска и да ја принудат на панично бегство, при што успеале да присвојат поголемо количество на воен и санитетски материјал и прехранбени производи. После оваа битка востаниците, кои учествувале во истата, се упатиле кон позициите на своите соборци, кои веќе се бореле со војската од Клисура. Во меѓувреме, Попов ги известил Чакаларов и Кљашев, кои сè уште се наоѓале во Загоричани, да се упатат кон градот од страна на Которската планина и да ја нападнат војската од задгрб.[9] Најпрвин кон Клисура се упатил Манол Розов со 150 четници, но после второто писмо на Попов, во кое нагласил дека било потребно сите вооружени сили да се упатат кон градот, Чакаларов и Кљашев со 250-300 востаници се упатиле кон Которската планина од страна на с.Куманичево.[10] Додека востаниците предводени од Чакаларов се приближувале кон позициите, битката на другата страна од градот веќе била разгорена. Попов, заедно со своите чети, војувал 4 часа со клисурската војска. Појавата на новите востанички сили ги изненадило Турците и после краток судир биле принудени да ги напуштат позициите надвор од градот. Групата која настапувала од с.Куманичево, после протерувањето на османлиската војска која се наоѓала над Клисура, направила ново распроредување. Дел од востаниците останале на претходните позиции на војската како заштита од евентулен контраудар од страна на Турците, додека останатите, од неколку правци, започнале да навлегуваат во градот. Останата, помногубројна, војска која се наоѓала во Клисура, откако, според Чакаларов, „видоа дека момчињата настапуваат без запирање и со викови ’ура’“, почнале панично да го напуштаат градот.[11] Македонските востаници, после овој напад, се стационаирале на влезот на Клисура, кај црквата св. Илија, по што биле направени потребните распоредувања околу градот. Тука пристигнале, во воен ред и со песна, четите предводени од Попов, кој споменува дека биле љубезно пречекани од влашкото население со извиците „ула“.[12] Власите не можеле да изговорат „ура“. Непречени од никого востаниците влегле во Клисура, според Чакаларов, најпрвин тоа го направиле раководителите со 15-20 луѓе, а потоа и останатите четници, додека, според Попов, во градот влегле сите востаници.[13]

За бројот на востаниците кои учествувале во акциите за ослободување на Клисура постојат различни податоци. Христо Силјанов, во книгата „Ослободителните борби на Македонија“, том II, навел бројка од над 600 востаници, додека Иван Попов, во спомените, кажува дека во завршните акции имало околу 800 луѓе.[14] Во секој случај, користејќи ги споредбените извори и расположливи материјали, можеме да заклучиме дека бројот на востаниците кои учествувале во ослободувањето на Клисура се движел околу 600 луѓе. Бројката која ја изнел Попов, се должела, најверојатно, на вкупниот број на востаници кои наредниот ден се собрале во градот. На 24 јули во Клисура пристигнал мокренскиот војвода Никола Андреев со, околу, 150 луѓе, кои по претходно неуспешниот напад на градот, во мали групи, се повлекле во околните места. Исто така, истиот ден пристигнале и селските чети од с.В’мбел и Куманичево.[15]

Како и да е, во ослободена Клисура, најпрвин, раководителите Чакаларов и Кљашев и војводата Попов, оддржале говор пред насобраното население, на кое, на грчки јазик им преведувал Кузо Попдинев.[16] Говорите биле во насока на поттикнување на сите христијански народи во борбата за единствената цел, автономија на Македонија, а воедно ги поканиле клисурчани активно да се вклучат во востаничките акции.[17]

За секој случај, како мерка на претпазливост, организационите првенци, вечерта на 23 јули, на сите стратешки места и височинки над Клисура поставиле стража, очекувајќи контраудар од страна на османлиската војска. Сепак, такво нешто не се случило.

Во Клисура, покрај гарнизонот од околу 300 војници, било сместено седиштето на мудурлукот. Мудирот, по кажувања на клисурчани, побегнал уште додека траела акцијата за ослободување на градот.[18] Наредниот ден, 24 јули, востаничкото раководство, со 15-20 востаници, се упатило кон управната зграда, каде ја запалиле целокупната архива, а воедно присвоиле неколку пушки „Гра“ и 4 коњи, кои востаниците им ги подариле на раководителите.[19] Потоа, како што забележал и Чакаларов во својот дневник, биле направени неколку фотографии, преку кои било овековечено ослободувањето на градот. На првата фотографија биле: „јас [Чакаларов], Кљашев, Розов и Николов, друга поза јас и Кљашев качени на коњи, па, по желба на фотографот, јас сам качен на коњ“.[20] Постои уште една фотографија, која во својот дневник не ја споменал Чакаларов, а се однесува на заедничкото фотографирање на костурското раководство со сите востаници кои учествувале во ослободувањето на градот. Откако востаниците се снабдиле со потребните намирници, после 30 часовно присуство во Клисура, го напуштиле градот и се упатиле кон Врбица, каде биле направени неопходните распоредувања за идните акции.

Според расположливите историски извори, ослободувањето, како и 23 дневниот слободен живот, влашкото население на Клисура го дочекало со радост. Како и за повеќето етнички групи кои тогаш постоеле во Македонија, така и за влашката, македонските востаници биле нивните ослободители од неколку вековната османлиска доминација, нивната солидарност и восхит кон ослободителите „не можеле да бидат поматени од… грчката пропаганда против македонското движење, ниту пак од турската“.[21] Војводата Попов во својте спомени забележал дека тие и селаните од околните села, кога и да посакале, оделе на пазар во Клисура, како во свој град и дека до „14 август бевме полни господари, дење и ноќе трубевме, пеевме, знамињата се вееја, кои се гледаа до Костур“.[22] За жал, од достапните извори не може да потврди дали во градот се формирало нова востаничка власт.

Како и да е, слободниот живот на граѓаните на Клисура и околните села траел до 14 август. На тој ден започнала големата османлиска офанзива против востаничките упоришта во костурската околија. Македонските востаници после постојаната иницијатива и напади на турските стратешки позиции, по овој датум преминале во дефанзива, избегнувајќи ги, доколку за тоа постоеле услови, во најголем број судирите за надмоќниот противник.

[1] Спомени на Иванъ Попов, 31.

[2] Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија, Том прв, Скопје, 2003, 346.

[3] Спомени на Иванъ Попов, 31; Дневникот на војводата Васил…, 338-339.

[4] Историја на македонскиот народ,Том III, Скопје, 2001, 309.

[5] Сведоштво за овој настанан можеме да сретнеме во писмо на грчкиот учител од Клисура, кое денес се наоѓа во грчкото МНР, во досие Битола 1903. Во него било наведено: „На 22 јули 1903 г., војводата Коле од Мокрени со 200 борци ја даде паролата за Востанието во селата околу Клисура, издигнувајќи црвено знаме кај ридот на манастирот пророк Илија. Малубројната војска која се наоѓаше во Клисура излезе да ги прогони, но немаше да успее да ги избрка, ако непристигнеше, од Костур, војводата Вангелис со 6 борци и 18 војници. Значи благодарение на Вангелис, кој со работа во корист на нацијата и дејствуваше во подуправата на Костур, поранешен помошник на заменик управникот г-дин. Г.Колетис беше примен во служба на Владата и костурската митрополија, не само од рововите ги извади, туку и се дадоа на бегство, оставајќи 7 мртви“.Georgios Petsivas, Ioannou Karaviti, O makedonikos agon…, 899.

[6] Дневникот на војводата Васил…, 341.

[7] Спомени на Иванъ Попов, 34.

[8] Исто, 34.

[9] Дневникот на војводата Васил…, 341-342.

[10] Исто, 342.

[11] Исто, 343.

[12] Спомени на Иванъ Попов, 34.

[13] Дневникот на војводата Васил…, 343; Спомени на Иванъ Попов, 35.

[14] Хр. Силјанов, Ослободителните борби…, 347; Спомени на Иванъ Попов, 35.

[15] Дневникот на војводата Васил…, 344.

[16] Спомени на Иванъ Попов, 35; Кузо Попдинев имал завршено грчка гимназија. Историја на македонскиот…, 309.

[17] Хр. Силјанов, Ослободителните борби…, 347; Спомени на Иванъ Попов, 35.

[18] Дневникот на војводата Васил…, 343.

[19] Спомени на Иванъ Попов, 36; Дневникот на војводата Васил…, 343, 344; Дневници и спомени за Бьлгарската историяа; Дневници…, 63.

[20] Дневникот на војводата Васил…, 344.

[21] Историја на македонскиот…, 310.

[22] Спомени на Иванъ Попов, 36.

Стопанство уреди

Демографија уреди

Општествени установи уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви
Манастири

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.

Надворешни врски уреди