Клио (гр. Κλειώ) во старогрчката митологија била муза заштитничка на историјата. Нејзиното име значи „гласник“. Претставена е со ловоров венец на главата; со труба во едната и полуотворен свиток хартија во другата рака. Честопати може да се види со книги. Како и останатите музи таа е ќерка на врховниот грчки бог, Зевс, и Мнемозина, божица на поезијата, уметноста и науката. Клио со Пир, кралот на Македонија, го имала синот Хијацинт.

Клио

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди