Клинтон Џозеф Дејвисон (англиски: Clinton Joseph Davisson 22 октомври 18811 февруари 1958) — американски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1937 за откритието на електронската дифракција во славниот Дејвисон-Гермеров експеримент. Дејвисон ја поделил Нобеловата награда со Џорџ Паџет Томсон, кој независно ја открил електронската дифракција речиси во исто време со Дејвисон.

Клинтон Џозеф Дејвисон
Роден(а)22 октомври 1881(1881-10-22)
Блумингтон, Илиноис, САД
Починал(а)1 февруари 1958(1958-02-01) (возр. 76)
Шарлотсвил, Вирџинија, САД
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиПринстонски универзитет
Карнегиски институт за технологија
Белови лаборатории
ОбразованиеЧикашки универзитет
Принстонски универзитет
Докторски менторОвен Виланс Ричардсон
Познат поЕлектронска дифракција
Влијаел врзЏозеф А. Бекер
Вилијам Шокли
Поважни наградиКомстокова награда за физика (1928)[1]
Елиот Кресонов медал (1931)
Хјузов медал (1935)
Нобелова награда за физика (1937)

Животопис уреди

Рани години уреди

Дејвисон се родил цо Блумингтон, Илиноис, САД. Тој дипломирал во средното училиште во Блумингтон во 1902 и се запишал во Чикашкиот универзитет со стипендија. По препорака на Роберт Миликан, во 1905 Дејвисон бил вработен од Принстонскиот универзитет како инструктор по физика. Тој ги завршил неговите постдипломски студии во Чикаго во 1908, работејќи главно во летниот период. Додека предавал во Принстон, тој истражувал за докторската теза со Овен Ричардсон. Тој го добил неговиот докторат по физика од Принстон во 1911, а истата година се оженил со сестрата на Ричардсон, Шарлот.[2][3]

Кариера уреди

Дејвисон тогаш бил назначен за професор асистент во Карнегискиот институт за технологија. Во 1917 тој го напуштил Карнегискиот институт за технологија за да изведе воено истражување со инженерскиот оддел на Вестерн Електрик Компани (подоцна Белови телефонски лаборатории). При крајот на војната, Дејвисон прифатил постојана позиција во Вестерн Електрик по примањето на гаранции за слободно да прави обични истражувања. Тој сфатил дека професорските обврски во Карнегискиот институт го попречувале неговото истражување.[2] Дејвисон останал во Вестерн Електрик (и Беловите лаборатории) сè до неговото официјално пензионирање во 1954.[2]

Електронска дифракција и Дејвисон-Гермеров експеримент

Дифракција е карактеристичен ефект кога бранот минува низ отвор или решетка и е блиско поврзана со значењето на брановото движење. Во XIX век, дифракцијата била добро основана за светлина и за бранување на површината на флуиди. Во 1927, додека работеле во Беловите лаборатории, Дејвисон и Лестер Гермер извеле експеримент кој покажал дека електроните биле дифракцирани на површината на никелов кристал. Овој прославен Дејвисон-Гермеров експеримент ја потврдил де Броевата хипотеза која која тврди дека честичките на материјата имаат бранова природа, која е главно начело на квантната механика. Поточно, нивното набљудување на дифракцијата го овозможило првото мерење на брановата должина на електроните. Измерената бранова должина   се совпаднала со де Броевата равенка  , каде   е Планкова константа и   е електронски импулс.[4]

Личен живот уреди

Клинтон и Шарлот Дејвисон (починала 1984) имале четири деца, меѓу кои и американскиот физичар Ричард Дејвисон. Кратерот Дејвисон на Месечината е наречен по него.

Наводи уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  1. „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. Посетено на 13 February 2011.
  2. 2,0 2,1 2,2 Kelly, Mervin J. (1962). „Clinton Joseph Davisson 1881–1958“. Biographical Memoirs, Vol. XXXVI (PDF). US National Academy of Sciences. стр. 51–84. OCLC 20727455. Посетено на 2012-12-14.
  3. Nobel Foundation (1937). „Clinton Joseph Davisson: The Nobel Prize in Physics 1937“. Les Prix Nobel. Архивирано од изворникот на 2004-08-03. Посетено на 2007-09-17.
  4. Davisson, Clinton (1965). „The Discovery of Electron Waves“. Nobel Lectures, Physics 1922-1941. Amsterdam: Elsevier Publishing Company. Посетено на 2007-09-17.

Надворешни врски уреди