Климатски фактори

Климатски фактори претставуваат комплекс на фактори кои влијаат на промена на сончевата клима, така што ја менуваат во терестрична (физичка). Од еколошки аспект, климатските фактори се фактори на нежива природа кои вршат силно влијание на живите суштества.

Поим уреди

Климатски фактори го одредуваат основниот карактер на климата во некои области [1].. Состојбата на климатските фактори во дадениот момент го прави времето на одредено место, додека просечната состојба на времето укажува на климата на една област. Според своето потекло и дејство на живите организми, климатските фактори се абиотички, односно факторите на неживата природа. Тоа е најголема група на еколошките фактори, кои делуваат комплексно, взаемно се условуваат и менуваат. Покрај тоа, климатските фактори влијаат и на дејства на останатите фактори, како што се едафските. Тие се менуваат со примарниот релјеф, предизвикуваат ерозија и влијаат на депонирање на еродираниот материјал. Од друга страна, од нив во првиот ред зависи распоредот на живите суштества на површината на земјата и тоа во толкава мерка да карактерот и распоредот на растителността по правило е индикатор на климатските услови на една област [2]. И живиот свет менува некои одредени климатски фактори. Во области со шума растителността има силно влијание на климата, така да ја модифицира во т.н. шумску климу, а го ублажава и дејството на ерозијата.

Поделба уреди

Климатските фактори сочинуваат метеоролошки елементи, кои постајано варираат во просторот и времето. Вклучуваат и голем број на влијанија, кои делуваат непосредно и постојано на сите живи суштества во природата. Во климатски фактори спаѓаат:

Според наведение климатските фактори, за климатологијата и метеорологијата се важни и овие фактори: географска широчина и географска должина, релјеф, растителност, водените површини, почвата и влијанија на човек.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јанковић, М. М. (1966) : Фитоекологија, Научна књига, Београд
  2. Станковић, С. (1962) : Екологија животиња, Завод за издавање уџбеника Народне Републике Србије, Београд