Клевета (Ботичели)

„Клевета“ (италијански: Calunnia) — слика од италијански уметник Сандро , создадена во 1495 г.[1].

Клевета
Творец Сандро Ботичели
Година 1494–95
Димензии 62 см × 91 см
Место Уфици, Фиренца

Содржината на сликата е поврзана со трактатот на Лукијан, наречен „На клеветата“. Таа е своевидна алегорија - кралот Мида, седнат на престолот, шепоти кон кои се - алегориски претстави на незнаењето и сомневањето. Клеветата е претставена како убава девојка со невин изглед и син фустан. Таа влече гол маж, кој го претставува ренесансниот народ, кој им се моли на боговите да бидат сведоци на неговата невиност. Над клеветата се нејзините придружници - подмолноста и измамата, кои ја поддржуваат и ја величаат. Лево од сликата се покајанието, претставено како старица облечена во облека за оплакување и Вистината, како гола жена (личи на Венера од друга слика на Ботичели) која се моли кон небото. Во позадина има три лакови. Статуите на нив со неверување гледаат што се случува пред нив.

Во 1497 година, на плоштадот Сињорија, Савонарола гнаредил палеж на многу уметнички дела - слики, скулптури, книги,... самиот Ботичели бил разочаран - и неговите слики биле изгорени. Затоа, оваа негова слика е потемна од неговите претходни (на пример, пролет и Раѓањето на Венера) и го изразува неговиот попесимизам. Следната година, Савонарола бил уапсен и изгорен на главниот плоштад[2].

Наводи уреди