Клаш (англиски: The Clash) била англиска панк рок група, активна во периодот помеѓу 1976 - 1986 година.

Настап на Клаш во Осло во 1980 година. Од лево кон десно: Џо Страмер, Мик Џонс и Пол Симонон.

Овој музички бенд бил дел од почетниот бран на панкот во Велика Британија во доцните 70-ти на XX век. Бендот мешал панк со реге, рок, џез, ска и голем број на други музички стилови и жанрови. Исклучителната музика на Клаш и страствениот лево ориентиран идеализам на фронтмените Џо Страмер и Мик Џонс биле во остар контраст на нихилизмот на Sex Pistols. Клаш својот успех во Англија го постигнале со својот прв албум во 1977 година, меѓутоа во Соединетите Американски Држави не биле популарни сè до 1979 година. Нивниот трет албум London Calling, бил објавен кон крајот на 1979 година и еден од најважните албуми во историјата на рокот. Во САД бил објавен во јануари 1980 година, а десет години подоцна, од страна на списанието Rolling Stone, бил прогласен за најдобар албум на 80-тите. Во 2003 година, Rolling Stone го ставил на 8 место меѓу најдобрите 500 албуми на сите времиња.

Нивниот стил, став и музика влијале врз многу музички групи по завршувањето на 80-тите година. Во 2003 година, влегле во Куќата на Славните на Рокенролот. Во 2004 година, списанието Rolling Stone ги ставило на 30 место на нивната список на 100 најголеми уметници на сите времиња.