Клаус Аугенталер (германски: Klaus Augenthaler; 26 септември 1957 во Фирстенцел, Германија) — германски менаџер и поранешен германски фудбалер, најчесто централен дефанзивец. Целата кариера ја поминал играјќи за Баерн Минхен.

Klaus Augenthaler
Лични информации
Целосно име Клаус Аугенталер
Висина  м
Положба Одбрана
Младинска кариера
1964–1975 FC Vilshofen
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
1975–1991 Bayern Munich[1] 404 (52)
Вкупно 404 (52)
Меѓународна кариера
1975–1976 Младина на Западна Германија 11 (3)
1979–1981 Западна Германија Б 8 (1)
1983–1990 West Germany 27 (0)
Тренерска кариера
1997–2000 Grazer AK
2000–2003 1. FC Nuremberg
2003–2005 Bayer Leverkusen
2006–2007 VfL Wolfsburg
2010–2011 SpVgg Unterhaching
*Клупски домашни лигашки настапи и голови
Аугенталер во 2021 година

Наводи уреди

  1. „Klaus "Auge" Augenthaler“ (German). fussballdaten.de. Посетено на 6 March 2010.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Играчка кариера уреди

Клупска кариера уреди

Баерн Минхен уреди

Целата своја играчка кариера, Клаус Аугенталер ја помина играјќи за германскиот Баерн Минхен. Најчесто играше на позицијата централен дефензивец, а во последните години од кариерата и на позицијата либеро. Во неговата клупска кариера со Баерн Минхен има освоено седум национални првенства и три Германски Купа. Во Европскиот куп најголем успех му е вицешампионското место од 1982, а го пропушти финалето од 1987 година заради суспензија, кога неговиот Баерн Минхен загуби со 2-1 од Порто. Од 1984 до крајот на кариерата во 1991, Аугенталер беше капитен на Баерн.

Репрезентативна кариера уреди

Од 1983 до 1990 година одигра 23 натпревари за Германската репрезентација, со која го освои Светското Првенство во Италија 1990 година. Беше во составот на Германската репрезентација и на СП 1986 во Уругвај, но таму учествуваше само на 2 натпревара од фазата по групи.

Менаџерска кариера уреди

Аугенталер својата менаџерска кариера ја започна како помошник тренер во Баерн Минхен, работејќи заедно со Сорен Лерби, Ерих Рибек, Франц Бекенбауер, Џовани Трапатони и Ото Рехагел. Оттаму во 1997 година заминува во Австрија и станува тренер на АК Грацер. По успехот со овој тим, по три години се врати во Германија и го презема тогаш второлигашот Нирнберг. Веднаш успеа да го одведе тимот во првата Бундеслига, а во овој клуб се задржа две и пол сезони. Откако беше отпуштен поради слабите резултати на половина од сезоната 2004/2005, Аугенталер седна на клупата на Баер Леверкузен. Германецот успеа да ги спаси „фармацевтите“ од испаѓање, а потоа во 2007 година кратко беше тренер и на Волфсбург.