Класната свест е облик на општествена свест која ја имаат припадниците на една општествена класа за самите себе како припадници на таа класа. Карл Маркс разликува „класа по себе“ и „класа за себе“, при што разликата помеѓу нив е што во првиот случај имаме работа со класа која објективно постои, но која поради немањето класна свест за самата себе, не претставува реален фактор во општествените случувања. Наспроти тоа, класата за себе е свесна за себе како за посебна класа со посебни интереси различни од останатите класи и претставува реален фактор во општествените случувања.

Карактерот на класната свест е определена од објективната положба во општеството на дадена општествена класа, но не е механички одраз на истата. Поради постоењето на идеолошка индоктринација не секогаш постои соодветна класна свест на класната положба. Оттука, градењето и зацврстувањето на класната свест, како основен елемент на идејната класна борба, застапниците на класната борба ја гледаат како една од своите основни задачи.

Поврзано уреди