Света Клара Асишка (родена на 16 јули 1194, во Асизи – почината на 11 август 1253, во Асизи) – втемелувач на женскиот францискански ред кој е наречен по неа „клариси“ и ги напишала Правилата за живот на овој ред.[1]

Света Клара Асишка
Детаљ од Света Клара од фреска (околу 1320) од Симоне Мартини во базиликата Сан Франческо, Асизи
Девица
Роден(а) 16 јули 1194, Асизи
Починал(а) 11 август 1253(1253-08-11) (возр. 59), Асизи
Почитуван(а) во Римокатоличка црква, Англиканска заедница, Лутеранска црква
Канонизација 26 септември 1255, Рим од папата Александар IV
Главно светилиште Базилика Света Клара, Асизи
Слава 11 август (1970 до денес),
12 август (1255–1969)
Обележја показница, пиксида, кандило, религиска облека
Заштитништво очни болести, златари, перење, телевизија, убаво време, шивачи и плетачи; Санта Клара, Калифорнија, Санта Клара Пуебло, Ново Мексико, Обандо, Булакан, Филипини

Животопис уреди

Клара е родена во 1194 година во Асизи. Потекнувала од аристократски род, и како таква била предодредена за политички брак. Во осумнаесеттата година побегнала од таквиот живот и станала следбеник и близок пријател на Франциск Асишки. Го засакала животот во сиромаштија и во 1212 година се затворила во строгиот манастир Св. Дамјан во близина на Асизи. Со помош на Франциск, Клара основала женски францискански ред - клариси. Со години се борела протива папската курија да го прифатат правилото на Св. Бенедикт за монахињи и да бара извор на приходи за манастирот на кои би можела да се потпре. Два дена пред нејзината смрт, папата Александар го одобрил правилото кое таа го составила и кое го нагласувало францисканското начело на лично и заедничко сиромаштво, но кое се спроведува во затворено опкружување.

За Клара имало бројни легенди меѓу кои и онаа која опишува дека Клара успеала да ги истера Сарацените кои го нападнале Асизи носејќи во рацете пиксида, сад за хостии Католичката црква ја слави Клару на 11 август.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Chronology & Rule of Life of St. Clare“. Franciscan Friars of the Third Order Regular. Архивирано од изворникот на 2019-06-18. Посетено на 17 June 2019.

Литература уреди

Надворешни врски уреди