Кифла е вид на фино печиво со солен или сладок фил, обично во форма на полукруг (полумесечина).

Кифли.

Кифлите се приготвуваат од тесто (брашно, јајца, масло, квасец, млеко...) кои се рассукуваат во форма на круг. Потоа кругот се дели на 6 до 8 еднакви делови. Секој дел се полни со фил и замотува (свива). Потоа вака замотаните делови се ставаат во тепсија и се печат во рерна.

Филот може да биде солен (јајца со сирење, шунка и слично) или сладок (џем, крем, шеќер, мак со шеќер и слично).

На германски јазик, кифла се нарекува Kipferl.

Поврзано уреди