Кисела Вода (населба)

населба во Општина Кисела Вода, Скопје

Кисела Вода — населба во Скопје. Оваа населба е една од поголемите населби во Општина Кисела Вода што зафаќа површина од 43 км2 и има население од 58.216 жители, од кои 50.702 се Македонци.[1]

Поглед на населбата Кисела Вода, 1964
Кисела Вода во рамките на Општина Кисела Вода.

Историја уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Екши Су и било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 29 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 64 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 270 жители.[3]

Население уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кисела Вода има 51.357 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 43.774
Албанци 233
Турци 292
Роми 320
Власи 616
Срби 896
Бошњаци 216
Други 5.010

Потекло на името уреди

Месноста е наречена по изворот што постоел на местото каде што денес стои црквата „Св. Никита“.

Според преданието, кон крајот на XVIII век во овој крај се населил Усеин-бег, кој тука направил цветни градини. Бегот бил слеп, и при една прошетка низ чифликот застанал да се измие од водата и прогледал. Тогаш местото го прогласил за свето и не го давал за јавна употреба сè до неговото заминување, кога им го подарил на селаните за тука да изградат црква.[5]

Галерија уреди

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2013-02-10.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Во Кисела Вода извирала лековита вода[мртва врска], Вест

Надворешни врски уреди