Кирил Андоновски (Пехчево, 15 јули 1942) — македонски театарски и филмски глумец.

Кирил Андоновски
Роден 15 јули 1942(1942-07-15)(81 г.)
Пехчево, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Мистериозниот предмет
Јазол
Тврдокорни
Комшиски приказни
Поштар
Нави
ДО РЕ МИ
Бистра вода
Занимање глумец

Животопис уреди

Андоновски е роден во Пехчево на 15 јули 1942 година. Основно образование завршил во Пехчево, гимназија во Прилеп и Струмица. Академија за театар, филм радио и телевизија завршил во Белград во класата на Мата Милошевиќ. Како Студент остварил студиски престој во Прага за латерна магика врз делото „Пергинт”. Во организација на МНТ кај професор од Франција завршил курс по Лебан техника.Во 1967 се вработил во кумановскиот театар, од 1969 до денот кога заминал во пензија во 2007 бил во Македонскиот народен театар, каде што сè уште е активен во репертоарот. Добитник е на наградата за животно дело од собранието на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп во 2008 година[1].

Филмографија уреди

За време на својот 40 –годишен професионален стаж на сцените во театрите низ Македонија има одиграно над 2937 претстави во над 150 премиери, од кои на матичната сцена 97.

Година Филм Улога
1970 Ветар во кутија кибрит ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1980 Време, води ТВ-филм
1981 Милион Маченици ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија
1982 Мистериозниот предмет ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм
1984 Камчевци ТВ-серија
1984 Белото Циганче ТВ-серија Рамо
1985 Јазол ТВ-филм
1986 Сонце на дланка ТВ-серија
1987 Случки од животот ТВ-серија
1988 Чук Чук Стојанче ТВ-серија
1988-1989 Тврдокорни ТВ-серија
1988-1989 Македонски народни приказни ТВ-серија
1989-1993 Еурека ТВ-серија Директорот
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Претседател
1990-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија
1991 Елелига Пепелига ТВ-филм
1991 Поштар ТВ-филм Професор
1991 Опстанок ТВ-серија
1992 Кражба ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Полицаец
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Службеник
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1999 Во светот на бајките ТВ-серија
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија Сокол
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
2002 Звукот на светлината ТВ-филм Кирил
2002 Светот има осум страни ТВ-серија /
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Ѓоруш
2006 Нави ТВ-филм Татко Коста
2006 Мост ТВ-филм Митре
2006-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2007 Мултиплеј ТВ-филм Џон Карло Коутон
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Народни Приказни ТВ-серија Селанецот
2010 Царската е последна ТВ-филм Советник
2010-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Пилот ТВ-филм Испекторот
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија Диме Малако
2013 Тиквешко востание ТВ-серија
2014 Приказни од животот ТВ-серија Никола
2015 Цимери ТВ-серија Дедото
2016-2017 Комшиски Приказни ТВ-серија /
2017 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија Ѓаволот
2020 Зоки Поки ТВ-серија Симе
2022 Лена и Владимир ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Стариот
2023-2024 Македонски народни приказни ТВ-серија

Наводи уреди

  1. „КИРИЛ АНДОНОВСКИ, АКТЕР, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТО ДЕЛО НА „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ". Прилепски театар. Посетено на 2010-04-24.

Надворешни врски уреди