Киригами (јап. 切り紙; кири = сечење + гами = хартија) е јапонската уметност за изработка на фигури со свиткување и сечење на хартија

Киригами - оригами архитектура

Историја уреди

Во Јапонија оваа уметност е позната уште од далечни времиња и најчесто се користела за изработка на пригодни честитки за различни прилики. Низ целиот свет принципот на изработка киригами станал познат кога Џералдин и Бен Клајн (Geraldine и Ben Klein) во средината на 20 век го применилe во изработка на поп-ап книгите, за да ја добијат целата тридимензионална конструкција со сечење на само едно парче хартија. Тоа довело до поедноставување и поевтинување на процесот на изработка на овие публикации и со брз скок на нивниот тираж.[1]. Сепак самиот поим "киригами" првпат го употребила Флоренс Темко во 1962 година во насловот на својата книга Kirigami, the Creative Art of Papercutting. Книгата постигнала таков успех што терминот наскоро бил прифатен како општ назив на сите техники за правење фигури со свиткување и сечење на хартија.[2]

Основни форми уреди

Наједноставните форми се добиваат со преклопување на хартијата два или повеќепати, а потоа со истовремено сечење или засекување на сите слоеви. Кога се одвиткува хартијата се добиваат различни симетрични форми: снегулки, пентаграми, цветови, пеперутки и слично. Оваа техника се нарекува и монкири. Далеку посложени форми се добиваат со техника позната уште и како 'оригами архитектура' (Origamic Architecture).

Оригами архитектура уреди

 
Основен принцип на оригами архитектура
 
киригами букви
 
Киригами фигура која не се преклопува

Основниот принцип на оваа техника е фигурите да се изработуваат од едно парче хартија, со превиткување, сечење и понекогаш со лепење. За разлика од монкирија, каде што хартија прво се превиткува па потоа се сече, овде секоја конструкција прво внимателно се исцртува (проектира), а потоа формите се сечат, се бигуваат (со остар предмет се прави линија по која ќе се превиткува хартијата) и на крајот се превиткуваат . Кога готовиот кригами ќе се склопи засечените делови се превиткуваат конвексно или конкавно, во зависност од тоа дали се биговите со лица или наличја. На овој начин се добиваат различни фигури, од геометриски форми, преку фигури на растенија и животни до сложени реплики на различни архитектонски споменици. Конструкцијата мора совршено да се склопи и да се добие форма на честитка. Наједноставно е да се направат конструкции кои се отвораат под агол од 90 степени, но постојат и посложени, чии фигури се појавуваат само кога честитките се отвораат за 180 или 360 степени. Постојат и такви конструкции кои не се затвораат.[3]

Сродни техники уреди

Техники сродни со киригами се оригами и поп-ап конструкциите.

  • Од оригами се разликува по тоа штокај киригами хартијата се сече, додека кај оригами може само да се витка.
  • Од поп-ап се разликува по тоа што киригами се правати од едно парче хартија, додека поп-ап може да се прави од повеќе хартиени делови кои се составуваат.

Наводи уреди

  1. Phillips, Trish (2011), Making Pop-Ups & Novelty Cards, Wigston: Lorenz
  2. Temiko, Florence (2004). Kirigami greeting cards and gift wrap. 48 (1. изд.). Boston, Massachusetts: Tuttle Publishing. ISBN 978-0-8048-3606-7.
  3. Chatani, Msahiro (1993). A Paradise of Origamic Architecture. 75 (2. изд.). Tokio: Shokokusha. ISBN 978-4-395-27018-7.

Литература уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди