Кингсли Коман (роден на 13 јуни 1996 година) — француски професионален фудбалер, напаѓач на Бајерн Минхен.

Кингсли Коман
thulb
Лични податоци
Роден на 13 јуни 1996(1996-06-13)(27 г.)
Роден во Париз, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001780000001,78 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 29
Младинска кариера
Сенар Моиси
Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2014 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 3 (0)
2014-2015 Јувентус Јувентус 15 (0)
2015- Бајерн Минхен Бајерн Минхен 124 (22)
Репрезентација
2011-2012 Франција Франција 16 9 (0)
2012-2013 Франција Франција 17 8 (3)
2013-2014 Франција Франција 18 6 (1)
2013-2015 Франција Франција 19 3 (2)
2014-2015 Франција Франција 21 6 (2)
2015- Франција Франција 21 26 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Париз Сен Жермен уреди

Коман е роден во Париз, но има поткло од Гваделуп. На возраст од 9 години тој се приклучил на тренинг центарот на Париз Сен Жермен, доведен од неговиот татко кој и самиот е обожавател на клубот.[2]

Со само 16 години, 8 месеци и 4 дена, тој станал најмладиот играч во историјата на клубот кој дебитирал во Лига 1, влегувајќи на местото на Марко Верати во 87-мата минута во поразот со 3-2 од Сошо на 17 февруари 2013. Младиот Коман веќе импресионирал со неговиот дриблинг и способност да ја задржи топката.

На 4 август во Суперкупот на Франција против Бордо, Коман влегол во игра во 72-рата минута и му помогнал на клубот да направи пресврт и да победи со 2-1 со головите на Онгенда (81. минута) и Алекс (93). Тој, исто така влегол во игра и во првенствениот натпревар против Бордо следниот месец, кога го заменил Лукас. Неговите добри игри во натпреварите од Младинската лига на УЕФА (Next Generations), му донеле интерес од голем број странски клубови како Јувентус, Рома, Њукасл, Арсенал и Челзи.[3]. Во последното коло од првенството 2013-14, Коман запишал уште еден настап за првиот тим на ПСЖ, влегувајќи во игра на местото на Лавеци во 63-тата минута од натпреварот против Монпелје. Во финишот од натпреварот имал шанса да го постигне својот прв погодок за клубот откако напаравил еден одличен продор по левата страна, го елиминирал противничкиот играч Хилтон и шутирал кон голот, но голманот Жефри Журден го одбил ударот по што Адријан Рабио го постигнал четвртиот гол за ПСЖ и го поставил конечниот резултат (ПСЖ-Монпелје 4-0).

Јувентус уреди

По завршувањето на сезоната 2013-14, Коман не успеал да се договори со Париз Сен Жермен околу новиот договор. Според l'Equipe, Кингсли одлучил да го напушти главниот град на Франција и да му се приклучи на италијанскиот клуб Јувентус.[4] На 2 јули 2014 го комплетирал својот трансфер во Јуве потпишувајќи 5 годишен договор со клубот од Торино. Тој бил повикан за летната турнеја на клубот низ Азија и Австралија и му бил доделен дресот со број 11., кој за последен пат бил носен од страна на Паоло де Чеље.

Своето деби за новиот клуб го направил на 30 август 2014, во првото коло од Серија А во победата со 1-0 против Кјево во Верона.[5]

Репрезентација уреди

Коман ја претставувал својата земја во категориите под 16, под 17, под 18 и под 19 години.

На 2 јуни 2014 година, на возраст од само 17 години, Коман го направил своето прво појавување во Француската репрезентација под 21 година, започнувајќи како стартер во победата со 6-0 во пријателски натпревар против против Сингапур. Патем, тој исто така го постигнал и четвртиот гол за Франција во 44-тата минута.[6]

Титули уреди

Клупски уреди

  Париз Сен Жермен уреди

  Јувентус уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име profilеPSG.
  2. http://www.leparisien.fr/espace-premium/essonne-91/coman-la-dynamite-31-12-2012-2444183.php
  3. Ça se bouscule pour arracher Kingsley Coman au PSG !, Sur Footmercato.net 04/06/2014.
  4. Kingsley Coman close to agreeing move to Juventus
  5. „Juventus, Coman: "Giocare qui è facile". Allegri: "Ha giocato da veterano". gazzetta.it. 30 август 2014.
  6. „Game - France - Singapour - FFF“. FFF (француски). 2 June 2014. Посетено на 13 June 2014.