Кингменовиот Гребен (англ. Kingman Reef) гребен во Тихиот Океан кој му припаѓа на САД како неприпоена територија. Се наоѓа околу 60 km севернозападно од атолот Палмира и околу 1.713 км југозападно од Хонолулу.

Кингменов Гребен
Kingman Reef
гребен
Југоисточниот дел на Кингменовиот Гребен
Земја САД
Регион Северни Линиски Острови
(Фанингова Група)
Координати 6°23′N 162°25′W / 6.383° СГШ; 162.417° ЗГД / 6.383; -162.417
Должина 18 км, исток-запад
Ширина км, север-југ
Висина 1,5 м
Длабочина 82 м
Површина 76 км2
 - земјиште 0,012 км2
 - вода 76 км2
Население 0
Материјал корал, варовник
Сопственик САД
Открил Едмунд Фанинг
 - година 1789
Карта на Кингменовиот Гребен
Карта на Кингменовиот Гребен
Карта на Кингменовиот Гребен
Сателитска снимка
Карта на Линиските Острови.

Историја уреди

Американскиот капетан Едмунд Фанинг го пронашол гребенот на 14 јуни 1798 со својот брод „Бетси“. Во неговата книга Voyages and Travels („Патешествија и патувања“) тој го опишува како за малку ќе настрадал на гребенот, ако не почувствувал опасност и не застанал. На некои поморски карти се нарекува и „опасна карпа“.

Гребенот го добил името по поморскиот офицер В. Кингмен, кој прв стигнал на 29 октомври 1853 со бродот „Шутинг Стар“. Своето откритие го напишал во септември 1855 во весникот „Пријател“ кој се издавал во Хонолулу. Тука ја нагласил опасноста од гребенот, особено ноќе, кога предоцна и се воочува.