Кејт Гери Хадсон (англиски: Kate Garry Hudson; родена на 19 април 1979 година) — американска глумица, која се појави пред светската јавност во 2001 година по освојувањето на "Златен глобус"("Golden Globe") и добивање на неколку номинации, вклучувајќи и номинација за "Оскар" за најдобра споредна женска улога, за нејзината улога во филмот "Речиси успешна"("Almost Famous"). Таа потоа глумеше во хит филмот "Како да изгубиш дечко за 10 дена"("How To Lose A Guy In 10 Days")во 2003 година, со кој се здоби со поголема слава. Оттогаш таа стана позната во Холивуд по глумење во неколку продукции, вклучувајќи ги: "Рејзинг Хелен"("Raising Helen") во 2004 година, "Д Скелетон Ки" ("The Skeleton Key")во 2005 година, "Ти, јас и Дупри"("You.Me and Dupree") во 2006 година, "Фулс Голд"("Fool’s Gold") во 2008 година и "Војна на невести" ("Bride Wars")во 2009 година.

Кејт Хадсон

Младост уреди

Хадсон е родена во Лос Анџелес, Калифорнија, ќерка на добитничката на „Оскар“, Голди Хан и Били Хадсон, глумец, комичар и музичар.[1] Нејзините родители се развеле осумнаесет месеци по нејзиното раѓање, таа и нејзиниот брат Оливер Хадсон биле израснати во Колорадо од нејзината мајка и нејзиниот долгогодишен дечко, глумецот Курт Расел.[2] Хадсон изјави дека нејзиниот биолошки татко „не ме знае од дупка во ѕидот“ и дека го смета Расел за нејзин татко.[3] Нејзиниот биолошки татко покажа дека има направено неколку обиди да стапи во контакт со Кејт и Оливер, но никој не возвратил. Хадсон ја опиша мајка си како „жената од која што најмногу научив и на која се восхитувам, која го предводеше нејзиниот живот на начин на кој можам да се восхитувам“.[4] Таа има четири полу браќа и сестри: Емили и Захари Хадсон, од следниот брак на татко и со глумицата Синди Вилијамс, Лаланија Хадсон, од неговата врска со друга жена, и Вајат, од врската на нејзината мајка со Расел. Хадсон е од италијанско (од мајката на нејзиниот татко), англиско и унгарско-еврејско потекло. Таа е одгледана во еврејската религија. Таа дипломираше на "Кросроудс"("Crossroads") подготвително училиште за колеџ во Санта Моника во 1997 година. Беше примена на Универзитетот во Њујорк но избра да ја следи глумецската кариера наместо да дипломира на факултет.

Кариера уреди

Хадсон направи пробив со филмот "Речиси позната"("Almost Fmous") како Пени Лејн од Камерон Кроу во 2000 година, за кој доби номинација за "Оскар" за најдобра споредна женска улога во филм. Таа претходно се појави во помалку познатиот филм "Госип"("Gossip"), тинејџерска драма, и филмот "200 цигари", новогодишна комедија со голема екипа на глумци. Во врска со нејзината почетна кариера и успех, Хадсон забележа дека таа "напорно работи" и не сака да биде поврзана со нејзините добро познати родители, посакувајќи да го избегне фактот дека се "вози на нечие тркало".[2] Во 2002 година, глумеше во римејк на историската романса "Четирите перја"("The Four Feathers"), филм кој не беше добро прифатен од критичарите и публиката. Нејзиниот следен филм, романтичната комедија "Како да изгубиш дечко за 10 дена"("How To Lose A Guy In 10Days") беше успех во билетарницата кој заработи над 100 милиони долари, по издавањето во февруари 2003 година. Хадсон потоа се појави во неколку романтични комедии, вклучувајќи ги: "Алекс и Ема"("Alex and Emma"), "Рејзинг Хелен"("Raising Helen"), филмови кои се здобија со различни степени на успех. Хадсон предводеше трилер наречен "Д Скелетон Ки"("The Skeleton Key") во 2005 година. Филмот кој имаше буџет од 43 милиони долари беше успех во благајната, заработувајќи над 91,1 милиони долари низ целиот свет (47,9 милиони долари во Северна Америка).[5] Нејзиниот следен филм, комедија насловена "Ти, јас и Дупри"("You. Me and Dupree") и партнерите Овен Вилсон и Мет Дилан, заработи 21,5 милиони долари во викендот на отворањето, 14 јули 2006 година. Во 2007 година, го сценираше краткиот филм "Катлас"("Cutlass"), еден од филмските проекти на списанието "Гламур", врз основа на лични есеи од читателите. Во филмот "Катлас"("Cutlass") учествуваа: Курт Расел, Дакота Фенинг, Вирџинија Медсен, Чеви Чејс и Кристен Стјуарт.[6] Во 2008 година, се појави во "Фулс Голд"("Fool’s Gold"), романтична комедија издадена на 8 февруари, и нејзиниот втор филм во придружба на Метју Мек Конахи. Таа беше потврдена за нуркање во "Грејт Бариер Риф"("Great Barrier Reef") за сцените под вода во филмот. Исто така, истата година се појави во друга романтична комедија "Девојката на мојот најдобар пријател"("My Best Friend’s Girl"), кој беше издаден во септември. Хадсон следно се појави во музичкиот филм "Девет"("Nine"), заедно со Даниел Деј Левис, Марион Котилард, Пенелопе Круз, Никол Кидман и Џуди Денч. Филмот , кој е во режија на Роб Маршал беше издаден во декември 2009 година. Хадсон беше критикувана поради нејзиното непознавање на танцувачки вештини, инспирирани од стилот на оригиналниот дел од 80-те години, наречен "Синема Италијано", кое беше напишано специјално за филмот и за ликот на Хадсон. Таа глумеше во адаптација на филмот "Убиецот во мене"("The Killer Inside Me") на Џим Томсон. Премиерата на филмот беше на 24 јануари 2010 година на филмскиот фестивал "Санденс". Во 2011 година, таа ја глумеше Дарси во филмот "Нешто позајмено"("Something Borrowed"), врз основа на истоимениот роман од Емили Грифин.

Личен живот уреди

Хадсон се омажи со Крис Робинсон, фронтменот на рок бендот "Д Блак Кроус"("The Black Crowes"), на 31 декември 2000 година во Аспен, Колорадо. Двојката живееше во куќа која некогаш беше сопственост на режисерот Џејмс Вејл, и патуваа заедно за време на снимањата на Хадсон или музичките турнеи на Робинсон.[2] Хадсон го роди синот Рајдер Расел Робинсон во јануари 2004 година. На 14 август 2006 година публицистот на Хадсон соопшти дека Хадсон и Робинсон се разделиле. На 18 ноември 2006 година Робинсон ги пополни документите за развод, цитирајќи "непомирливи разлики".[7] Разводот бил завршен на 22 октомври 2007 година.[8] Во мај 2009 година, Хадсон почна да излегува со третиот основач на професионалниот бејзбол, Алекс Родригес. Таа е видена многупати во публиката за време на Светските серии во 2009 година. Двајцата се разделија до 14 декември 2009 година. Во пролетта, 2010 година, Хадсон почна да излегува со фронтменот на рок бендот "Мјуз"("Muse"), Метју Белами. Во јануари 2011 година, најавено е дека Хадсон и Белани очекуваат дете. Во февруари 2011 година, Хадсон купи куќа во Лондон, Англија. Извор од весникот "Дејли Мејл"("Daily Mail") извести дека таа планира да живее во Лондон со нејзиниот партнер шест месеци годишно. На 27 април 2011 година, на телевизиското шоу "Денес", рече дека таа и Метју Белами се вериле претходната недела. Нивниот син Бингам Хон Белами се роди во јули 2011 година. Хадсон исто така рече дека не ужива да се гледа себеси на екранот, наведувајќи дека "и заладува...се тресе... и се поти" кога ги гледа своите настапи за прва пат. Во јули 2006 година, Хадсон ја тужеше британската верзија на списанието "Нешанел Енквајарер"("National Enquirer") откако изјавија дека има нарушување во исхраната, опишувајќи ја како "болно слаба". Хадсон рече дека изјавите на таблоидите се "бесрамна лага" и беше загрижена за тоа какво влијание може да има лажното известување врз впечатливо младите жени. Весникот и се извини и и надомести.

Филмографија уреди

Година Филм Улога Забелешки
1996 година "Забава за петтмина" Кори Епизода: "Спринг Брејкс" ("Spring Breaks"): Прв дел (2.21)
1997 година "Изи Стритс" ("EZ Streets") Ларејн Каил Епизода: "Немам ниту крила да летам"
1998 година "Сина пустина" Скај Дејвидсон
1998 година "Рикошет Ривер" ("Ricochet River") Лорна
1999 година "200 цигари" Синди
2000 година "Д-р Ти и Жените" ("Dr.T&The Women") Ди Ди Травис
2000 година "Речиси познати" Пени Лејн Награда од "Блокбастер Ентертејмент" за Омилена женска улога- новодојденa


Награда од "Бродкаст Филм Критикс Асосиејшн" за глумица со успех
"Златен глобус" за Најдобра споредна глумица- филм
Награда од "Онлајн Филм Критикс Сосајати" за Најдобра улога
Номинирана- "Оскар" за Најдобра споредна улога
Номинирана- Награда од "Американ Комеди" за Најсмешна споредна глумица во филм
Номинирана- Награда од "Би Ај Еф Ти Еј" за Најдобра глумица во главна улога
Номинирана- Награда од "Чикаго Филм Критикс Асосиејшн" за Најобра споредна глумица
Номинирана- Награда од "Чикаго Филм Критикс Асосиејшн" за глумица која ветува многу
Номинирана- Филмска награда од "Ем Ти Ви" најдобро облечена
Номинирана- Филмска награда од "Ем Ти Ви" за Најдобра женска изведба
Номинирана- Награда од "Онлајн Филм Критикс Сосајати" за Изведба со најголем пробив
Номинирана- награда од "Скрин Акторс Гилд" за Извонредна изведба од глумица во споредна улога
Номинирана- Награда од "Скрин Акторс Гилд" за Инзвонредна изведба за улога во филм

2000 година "Госип” ("Gossip") Наоми Престон
2000 година "За Адам" Луси Овенс ограничено издание
2001 година "Д Катинг Рум" ("The Cutting Room") Кристи Камбел некредитирано
2002 година "Четирите перја" Етан
2003 година "Разводот" Изабел Волкер
2003 година "Алекс и Ема" Ема Динсмор
2003 година "Како да изгубиш дечко за 10 дена" Енди Ендерсен Номинирана- Награда од "Ем Ти Ви" за Најдобра женска изведба
2004 година "Рејзинг Хелен" ("Raising Helen") Хелен Харис
2005 година "Д Скелетон Ки"("The Skeleton Key") Каролин Елис
2006 година "Ти, Јас и Дупри" Моли Петерсон
2008 година "Фулс голд" ("Fool’s Gold") Тес Финеген
2008 година "Девојката на мојот најдобар пријател" Алексис
2009 година "Војна на невести" Оливија "Лив" Лернер Номинирана- Филмска награда од "Ем Ти Ви" за Најдобра борба
2009 година "Девет" "Стефани Некрофурос" Награда од "Сателит" за Најдобра улога во филм


Номинирана- Награда од "Бродкаст Филм Критикс Асосиејшн" за Најдобра улога
Номинирана- Награда од "Скрин Акторс Гилд" за Извонредна изведба за улога во филм
Номинирана- Награда од "Вашингтон Ди Си. Ареа Филм Критикс Асосиејшн" за Најдобар ансамбал

2010 година "Убиецот во мене” Ејми Стентон
2011 година "Малку од рајот" Марли Корбет
2011 година "Нешто позајмено" Дарси

Наводи уреди

  1. „Kate Hudson Biography (1979–)“. Filmreference.com. Посетено на July 12, 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Kate Hudson finds success fun, but hard earned“. China Daily. July 13, 2006. Посетено на July 12, 2006.
  3. „goldie's girl“. Venus.com. Архивирано од изворникот на 2005-12-06. Посетено на June 21, 2006.
  4. „Kate Hudson Relates To Dupree – She Ignores Dirty Dishes, Walks Around Naked“. MTV. Посетено на June 28, 2006.
  5. „The Skeleton Key“. Box Office Mojo. Посетено на July 23, 2006.
  6. „Hudson turns director“. New Zealand Herald. September 26, 2007. Посетено на September 28, 2007.
  7. „Chris Robinson to divorce Kate Hudson“. msnbc.com. Associated Press. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на November 18, 2006.
  8. „Kate Hudson's Marriage Kaput, October 22, 2007“. TMZ. October 22, 2007. Посетено на July 12, 2010.