Кетрин „Кејт“ Бекинсејл (р. 26 јули 1973) — англиска глумица. По некои мали телевизиски улоги, го направи своето деби во филмот "Многу врева за ништо" ("Much Ado About Nothing"), од 1993 година додека сè уште студираше на Универзитетот "Оксфорд"[1]. Таа потоа се појави во британските костум драми како што се: "Принцот од Џатланд"("Prince of Jutland") од 1994 година, "Студената удобна фарма"("Cold Comfort Farm") од 1995 година, "Ема"("Emma") од 1996 година и "Златниот Пехар"("The Golden Bowl") од 2000 година во прилог на разни сценски и радио продукции. Почна да бара работа во САД во доцните 60-ти години, а откако се појави во малите драми како што се: "Последните денови на диско"("The Last Days of Disco"), од 1998 година и "Броукдаон Палас"("Brokedown Palace") од 1999 година, имаше пробивна година во 2001 година, со главна улога во воениот епик "Перл Харбор"("Perl Harbor") и романтичната комедија "Среќна случајност"("Serendipty"). Го изгради својот успех со појавување во филмот “Авијатичарот” од 2004 година, и филмот "Клик"("Click") од 2006 година. Бекинсејл освои репутација како акциска ѕвезда со појавување како вампир во филмот "Подземен свет"("Underworld") од 2008 година и оттогаш глуми во филмот "Ван Хелсинг"("Van Helsing") од 2004 година, "Подземен свет: Еволуција"(Underworld: Evolution") од 2006 година и "Вајтаут"("Whiteout") од 2009 година. Исто така таа продолжи да работи на помали драмски проекти како што се: "Снежни ангели"("Snow Angels") од 2007 година, "Крилести суштества"("Winged Creatures") од 2008 година, "Ништо друго освен вистината"("Nothing But The Truth") (за кој доби номинација од "Критикс Чојс Авардс"("Critic's Choice Award Nomination") во 2008 година) и "Сите се добро"("Everybody'fine") од 2009 година. Има три филмски сета за издавање во 2012 година: четвртото продолжение на вампирската франшиза "Подземен свет: Будење"("Underworld: Awakening"), криминалниот трилер "Контрабанда"("Contraband") и научно фантастичниот римејк "Тотал Рикал("Total Recall"). Таа е единствено дете на глумците Ричард Бекинсејл (1947- 1979 година) и Џуди Ло и израсна во Лондон. Имаше осумгодишна врска со велшкиот глумец Мајкл Шин, од 1995 до 2003 година. Имаат една ќерка. Се омажи за американскиот филмски режисер Лен Вајсмен и живеат во Лос Анџелес, Калифорнија. Списанијата како што се "Есквајар("Esquire") и магазинот "Луѓе"("People") постојано ја вклучуваат во нивното годишно рангирање на најсекси и најубави жени на светот. Повремено има работено како телевизиски модел и печатени кампањи за промоција на диетална Кока Кола, вотката "Абсолут"("Absolut") и шампонот "Лукс"("Luks").

Кејт Бекинсејл во 2011 г.

Младост уреди

Бекинсејл е родена во Лондон, Англија, најмалотот дете на глумецот Ричард Бекинсејл и глумицата Џуди Ло. Го имаше својот прв телевизиски настап на четири годишна возраст во епизода од серијата "Ова е твојот живот"("This is Your Life") посветена на нејзиниот татко. Кога имаше шест години, нејзиниот 31 -годишен татко ненадејно почина од срцев удар. Бекинсејл беше длабоко потресена од загубата и "почна да очекува лоши работи да се случуваат". Додека го гледаше својот татко "повеќе на телевизија отколку во животот" , "секако дека постојат доволно спомени за мене за да не се чувствувам дека е некој што не го знаев". Нејзината мајка вдовица се пресели со режисерот Рој Батерсбај кога Бекинсејл имаше девет години и таа беше израсната заедно со неговите четири сина и ќерка. Таа беше блиска со нејзиниот очув "Не можев да имам подобар…Не беше напорен, ми дозволи да дојдам до него". Има полусестра од нејзиниот татко, глумицата Саманта Бекинсејл, но никогаш немале редовен контакт. Бекинсејл се школуваше во училиштето "Годолфин и Латмар"("Godolphin and Latymer") во западен Лондон и учествуваше во театарот "Оранџ Три Јоут"("Orange Tree Youth Teatre"). Во тинејџерските години таа двапати победи на натпреварот за млади пистели "Дабл ју Ејч Смит"("W.H.Smith") – еднаш за раскази и еднаш за поезија. Се опиша себеси како "што цути подоцна": "Сите мои пријатели бакнуваа момчиња и пиеја вино многу порано од мене. Ми беше навистина депресивно што не палевме огнови во камп и секој правеше работи за возрасни. Мразев да бидам тинејџер". Таа имаше нервен слом и развиена анорексија на возраст од 15 години и беше подложена на Фројдовата психоанализа четири години. Читаше француска и руска литература на колеџот "Њу"(New College") на Универзитетот "Оксфорд" и подоцна беше опишана од еден современ новинар, Викторија Корен, како "многу бистра, малку чукнатаи многу шармантна". Таа учествуваше во "Драматик Сосајати"("Dramatic Society") на Универзитетот "Оксфорд", особено во режија на соученикот Том Хупер, во продукција на драмата "Поглед од мостот"("A View from the Bridge") во театарот во Оксфорд. Ја помина својата трета година во Париз како дел од програмата за размена на студенти од Оксфорд, по што таа одлучи да го напушти универзитетот за да се сконцентрира на нејзината развиена глумечка кариера."Доаѓаше до тоа што јас не уживав доволно во двете работи бидејќи создаваат голем притисок. Горев и знаев дека мора да донесам одлука".

Кариера уреди

1991- 1997 година: Рани улоги уреди

Бекинсејл на рана возраст одлучи дека сака да биде глумица: "Пораснав потопена во филм. Моето семејство беше во бизнисот. Брзо сфатив дека моите родители како повеќе да уживаа во својата работа отколку родителите на некои од моите пријатели". Таа го направи своето телевизиско деби во 1991 година со мал дел во новелата "Девајсес енд Дезајарс"("Devices and Desires") на Пи Ди Џејмс во адаптација на телевизиската мрежа "Ај Ти Ви"("ITV"). Истата година се појави како млада привлечна жена во забранета врска со нацистички офицер во филмот "Уан Агенст Д Винд"("One Against The Wind") на програмата "Халмарк"("Hallmark"). Во 1992 година, глумеше заедно со Кристофер Еклестон во серијата "Сонот на Рејчел"("Rachel's Dream") на програмата "Канал 4"("Canal 4"), а во 1993 година се појави во пилот емисија на детективската серија "Ана Ли"("Anna Lee") на телевизијата "Ај Ти Ви"("ITV"), во која глуми Имоген Стабс. Во 1993 година, таа ја доби улогата на Херој во големата екранска адаптација на романтичната комедија "Многу врева за ништо"("Much Ado About Nothing") на Кенет Бранаг. Беше снимен во Тоскана, Италија за време на летниот распуст од Универзитетот "Оксфорд". Таа присуствуваше на премиерата на Филмскиот фестивал во Кан и подоцна го запамети како големо искуство. "Никој не ми рече дека може да поведам дури и пријател". "Носев чизми на Док Мартинс и мислам дека го ставив цветот од послужавникот во мојата коса". Питер Траверс од групата "Ролинг Стоун"("Rolling Stone") беше освоен од страна на нејзината "прекрасна" изведба, додека Винсент Кенби од весникот "Д Њуjорк Тајмс"(The New York Times") забележа дека таа и Роберт Шон Леонард "изгледаа добро и се однесуваа со одредена наивна искреност, иако често изгледаа занемени од изненадувања слушајќи ги сложените изрази што ги користе". Таа сними три други филма додека беше на факултет. Во 1994 година се појави како љубовен интерес на Кристијан Бејл во драмата "Принцот од Џатланд"("Prince of Jutland"), филм врз основа на данска легенда која го инспирираше Шекспировиот "Хамлет"("Hamlet"), и глумеше во убиствената мистерија "Анкавард"("Uncovered"). Во 1995 година додека студираше во Париз, го сними на француски јазик филмот "Мари Луис У Ла Пермисион"("Marie Louise Ou La Permission"). Набргу откако го напушти Универзитетот "Оксфорд" во 1995 година, Бекинсејл глумеше во филмот "Студената Удобна Фарма"("Cold Comfort Farm") како Флора Пост, ново сираче од 1930 година, испратена да живее со далечни членови на семејството во руралните области на Англија. Филмот во режија на Џон Шлесингер е адаптација на новелата на Стела Џибонс, а исто така играат Џоана Ламли, Ијан Мек Келен, Руфис Сивл и Стефан Фрај. Бекинсејл првично се сметаше за премногу млада, но доби улога откако напиша молба до режисерот. Доби позитивни критики за нејзината изведба. Емануел Леви од списанието “Викли”беше потсетен на силата на младата Гленда Џексон и шармот на младата Џули Кристи. Кевин Томас од дневниот весник "Лос Анџелес Тајмс"(Los Angeles Times") ја класифицираше глумицата како "уште една од оние безнапорно вешти британски убавици кои го осветлуваат екранот". Џенет Маслин од весникот "Њуjорк Тајмс"("The New Yorl Times") почувствува дека ја игра улогата "со совршена зајадлива самодоверба". Исто така во 1995 година, таа се појави во филмот "Опседнати"("Haunted"), приказна за духови во која Дерек Али од списанието "Варајати"("Variety") почувствува дека таа "го држи екранот" и со физичкиот изглед и со буквалната смиреност. Во 1995 година исто така се виде нејзиното прво професионално сценско појавување како Нина во драмата "Галебот"("The Seagull") во театарот "Ројал"("Royal"). Таа започна романтична врска со партнерот Мајкл Шин, по средбата за време на пробите. "Тој беше младиот лав на театарот". "Бев принудена да се чувствувам многу исплашена". Беше мојата прва изведба и мајка ми исече списанија од него од претходните продукции. И тогаш тој влезе...Беше речиси како: "Боже, добро, сега сум готова. Тоа е тоа, тогаш". ... "Тој е најскандалозната талентирана личност што некогаш сум ја запознала". Арвинг Вордл од весникот "Д Индепендент"("The Independent") почувствува дека "кастингот, вклучувајќи го избувливиот Костја на Мајкл Шин и упорно замрзнатата Нина на Кејт Бекинсејл е главно прецизен". Во почетокот на 1996 година, таа глумеше во уште две драми: "Мила"("Sweetheart") во театарот "Ројал Корт"("Royal Court") и "Часовници"("Clocks") и "Вистлс"(Whistles") во театарот "Буш"("Bush"). Таа потоа глумеше во адаптација на драмата "Ема"("Emma") од Џејн Остин на телевизијата "Ај Ти Ви"("ITV"), играјќи ја Ема на Марк Стронг во улога на Господин Најтли и Саманта Мортон во улога на Хариет Смит. "Не е потребно како Ема" и беше речено на Бекинсејл за нејзиниот лик. "Ја сакаш, но на начин на кој семејството на една тинејџерка би можело да биде разлутено од нејзиното скандалозно однесување и сепак да ја сакаат". Програмата беше емитувана есентта, 1996 година, неколку месеци откако Гвинет Палтроу глумеше во филмска адаптација на истата приказна. Карин Џејмс од американскиот весник "Д Њујорк Тајмс"("The New York Times")почувствува дека додека "Ема" на г-ца Бекинсејл е крајно гледана отколку на г-ца Палтроу, таа е "сосема повеќе веројатна и забавна". Џонатан Браон од весникот "Д Индепендент"("The Independent") ја опиша интерпретацијата на Бекинсејл како "најтрајната модерна изведба" како Ема. Во 1997 година се појави спроти Стјуарт Таунсенд во комедијата "Шутинг Фиш"("Shooting Fish"), еден од најуспешните рекламни британски филмови во таа година. "Само ќе го покажев мојот умник", се сеќава подоцна на почетната аудиција. "Бев исто така под дејство на многу силни аналгетици, па така не беше највообичаен состанок". Али напиша "неверојатна лежерна изведба" додека Томас почувствува дека таа "само сјае како аристократ кој се соочува со катастрофа, со значителна самодоверба". Таа ја раскажа "Ема"("Emma") од Остин за издавачката куќа "Ходер енд Стоугтон Аудио Букс"("Hodder& Stoughton Audio Books") и "Брачна понуда"("The Proposal") од Дијана Хендри за радио станицата "Би Би Си Радио 4"("BBC Radio 4"). Исто така, во 1997 година ја глумеше Јулија на Ромео, во радио продукција на "Ромео и Јулија"("Romeo and Julija") во режија на Шин.

1998-2002 година: Одење во Холивуд уреди

Во овој момент од нејзината кариера, Бекинсејл почна да бара работа во САД, нешто што изјави дека не било "свесна одлука"…"Мојот дечко имаше изведба во Бродвеј па затоа завршивме во Њујорк, а моите аудиции се случи да бидат за американски филмови". Таа глумеше спроти Клои Савињи во комедијата "Последните денови на диско"("The Last Days of Disco") од 1998 година. Филмот на Вајт Стилмен се фокусира на група дипломирани студенти од високо образовната институција на "Ајви Лиг"("Ivy League") кои се дружат на диско сцената во Менхетен во почетокот на 1980 година. Обидот на Бекинсејл за американски акцент беше широко пофален. Кенет Туран од весникот "Лос Анџелес Тајмс"("los Angeles Times") ја почувствува нејзината улога како заповедничката Шарлот да беше "прекрасно изведена". Тод Мек Карти од списанието "Варајати"("Variety") не беше импресиониран од филмот но забележа дека "надоместоци прават Бекинсејл да изгледа неверојатно во серија на црни фустани, чиј карактер може да ви оди на нерви, иако глумицата не". Со нејзината изведба заработи филмска награда од "Лондон Критикс Сркл"("London Critics Circle Film Award"). Исто така,таа година таа глумеше како Алиса книжевното дело "Тру Д Лукинг Глeс"("Through The Looking Glass") во продукција на Канал 4. Во 1992 година, таа се појави спроти Клер Дан во филмот "Броукдаун Палас"("Brokedown Palace"), драма за две американски тинејџерки присилени да се справат со тајландскиот правен систем на пост-дипломско патување во странство.А тогаш 23-годишната Бекинсејл глумеше тинејџеркано се пошегува дека "Не мислам дека некогаш сум била типична 18 годишна девојка, па дали сум била на 18 години или не, тоа ќе биде дел на улогата". Дан се надеваше дека ќе стане пријателка со Бекинсејл за време на снимањето, но таа и изгледаше како "комплицирана" и "избувлива". Мек Картни изјави "да се потврди нивниот статус како две од младите глумици на сцената денес што најмногу вреди да се гледаат", сметајќи ја Бекинсејл како "многу ефикасна во добивање слоевити карактерни цртии емоции". "Дан и Бекинсејл се исклучително талентирани млади глумици", изјави Томас, но "за жал сериозниот неразвиен контекст на сценариото ги поразува нивните значителни напори на секој чекор". Стивен Холден од весникот "Њуjорк Тајмс"("New York Times") мисли дека ликот на Бекинсејл "никогаш не е во центарот". Филмот “Златниот Пехар” од 2000 година ја обележи првата улогана Бекинсејл по раѓањето на нејзината ќерка. Продукцијата на филмската компанија "Мершант/Ајвори"("Merchant/Ivory") e врз основа на новелата на Хенри Џејмс, а исто така глумеа и Ума Турман и Џереми Нортам. Парнерот на Бекинсејл, Мајкл Шин, го удри Нортам на снимањето на филмот откако тој ја следеше до нејзината приколка да ја искара за заборавање на стих. Бекинсејл изјави дека "тој никогаш не удрил никој во својот живот порано и беше некако шокирачки, но на еден начин навистина го скрши мразот и се беше добро после тоа. Всушност добро си поминав на снимањето на филмот". Холден забележа дека "најголемото задоволство" на четирите водечки изведби припаѓа на британските членови, г-ца Бекинсејл и г-дин Нортам, кои се подобри од нивните американски колеги во слоеви на емоционално прикривање, додавајќи дека секое движење од изведбата на Бекинсејл "се запишува точно". Томас мислеше дека нејзината изведба ќе ја однесе до "ново ниво во кариерата". Ендру Сарис од весникот "Д Њуjорк Обсрвер"("The New York Observer") потврди дека таа "се доближува до заземање на возвишеноста на Меги, и покрај очигледниот факт дека ниту еден филм не може да го долови префинетото изобилие на прозата на Џејмс". Таа достигна слава во 2001 година, со главна улога во воениот епик "Перл Харбор"("Pearl Harbor") како медицинска сестра растргната помеѓу двајца пилоти, во улога на Бен Афлек и Џош Хартнет. Таа беше подготвена на планот од сценариото: "Толку е необично овие денови да се чита сценарио кое содржи толку старомодни вредности. Не морални, туку филмски вредности. Тоа е голем, убедлив еп...Едноставно никогаш немаш шанса да го сториш тоа". Режисерот Мајкл Беј првично се сомневаше за кастингот на глумицата: "Не бев сигурен во врска со неа на почеток...носеше црни кожни панталони на пробата и помислив дека е малку безобразна...беше лесно да се мисли за оваа жена дека е ороспија". На крајот тој реши да ја ангажира бидејќи "не е премногу убава". Жените се чувствуваат вознемирено кога ќе видат дека некој е премногу убав. Тој и кажа да ја намали тежината за време на снимањето. Во интервју од 2004 година глумицата забележа дека неговите коментари биле "вознемирувачки" и рече дека носела кожни панталони бидејќи "оснежуваше". "Не изгледаше како да ги имав моите прстени на брадавиците". Се чувствуваше благодарна што не морала да се справува со такви критики на помала возраст: Ако дојдев на проба на помала возраст и некој ми речеше, "Изгледате малку смешно, може ли да се ставите на диета?, можеби ќе скокнев од зграда. Едноставно немав доверба да го ставам тоа видик во то време". Сепак, зборувајќи во 2011 година, таа рече дека е многу наклонета на Беј. Филмот "Перл Харбор"("Pearl Harbor") доби многу мешани критики. Овен Глејбермен од весникот "Ентертејмент Викли"("Entertainment Weekly") го пофали "страствениот поглед, усните од рубин на Кејт Бекинсејл, ретката глумица чија интелигенција и дава сензуално цветање, таа е како Паркер Пози без иронија". А.О. Скот од весникот "Њуjорк Тајмс"("New York Times") забележа дека г-дин Бен Афлек и г-ца Бекинсејл прават што можат со нивните стихови, и сјаат со седефен сјај на вистинџки филмски ѕвезди. Сепак, Мајк Кларк од весникот "САД Денес"("USA Today") мислеше дека "обично привлечната Кејт Бекинсејл е “необјасниво прекриена", како нејзините колеги од болницата, под еден куп шминка која дури глумиците од минатото не носеле". Нејиното второ појавување во филм од 2001 година беше во романтичната комедија "Среќна случајност"("Serendipty") како љубовен интерес на Џон Кусак. Беше снимен веднаш по филмот "Перл Харбор"("Pearl Harbor") и Бекинсејл го почувствува тоа како "вистинско олеснување да се врати на нешто малку повеќе познато". Таран ја пофали "привлечната и веројатна "главна улога, додавајќи дека Бекинсејл го заслужува силниот впечаток што го остави во филмот "Студената Удобна Фарма"("Cold Comfort Farm"), "Златниот Пехар"("The Golden Bowl") и "Последните денови од диско"("The Last Days of Disco") откако "убаво се опорави" од нејзиното појавување во многу злобниот филм "Перл Харбор"("Pearl Harbor"). Клаудија Пјуг од весникот "САД Денес"("USA Today") мислеше дека "талентите" на Бекинсејл не биле искористени како ефикасни во било кој друг филм по "Студената Удобна Фарма"("Cold Comfort Farm"). Мек Картни ја смета за "енергична и привлечна" додека Елвис Мичел од весникот "Д Њуjорк Тајмс"("The New York Times") ја опиша како "прозрачна но решителна". Во некомплементарен преглед на филмот, Еберт ја опишува како "добра глумица, но не доволно добра за да ја игра оваа глупост". Во 2002 година Бекинсејл глумеше во филмот "Лорел Кањон"("Laurel Cannon") од Лиза Шолоденко, како морално строг академик која се смета себеси како повеќе привлечена кон нејзината идна свекрва. Самостојниот филм беше уште една можност за Бекинсејл да работи со Кристијан Бејл, нејзиниот партнер ос филмот "Принцот од Џатланд"("Prince of Jutland"). Ја сметаше нивната сексуална сцена за непријатна бидејќи го познаваше Бејл "уште кога имав 17 години. Да беше странец, ќе беше полесно". Додека изведбата на Франсис Мек Дорманд како мајка на Бејл беше шиоко пофалена, Бекинсејл доби негативни критики. Холден го сметаше филмот како "извонредно одигран, со исклучок на г-ца Бекинсејл, чија напнатост не изразува интимен живот". Шбарцбаун не беше одушевен од "здодевните" ликови и ја критикуваше особено "нервозната изведба на Бејл и Бекинсејл".

2003-2006 година: Акциски улоги на хероина уреди

Таа стана позната како акциска ѕвезда по појавување како вампир во филмот "Подземен свет"("Underworld") во 2003 одина. Тоа значително се разликуваше од нејзината претходна работа и Бекинсејл рече дека е благодарна за промената на темпото, откако се појави во "еден куп на периодични работи а потоа еден куп на романтични комедии". "Беше голем предизвик за мене да играм како хероина во акција и да го изведам целиот тој тренинг кога во реалниот живот не можам да фатам ни топка ако доаѓа накај мене".Филмот доби негативни до мешани критики но беше изненадувачки хит во билетарниците и има стекнато култ. Исто така, таа година глумеше во малку гледаната "Типтоус"("Tiptoes") со Гери Олдмен и Метју Мек Конауеј. Во 2004 година, глумеше во акцискиот хорор филм "Ван Хелсинг"("Van Helsing"). Бекинсејл беше "толку изненадена" да се појави во нејзиниот втор акциски филм во две години. "Едноставно тоа ми изгледаше како многу добра улога". Бекинсејл штотуку се раздели од нејзиниот долгогодишен партнер Мајкл Шин за време на снимањето и и се допадна топлата атмосфера создадена на сцената од режисерот Стивен Сомерс и партнерот Хју Џекмен: "Навистина мислам дека работењето со луѓе како Стивен и Хју овозможи да поминам низ тоа што поминував". Филмот заработи на 120 милиони долари во билетарницата во САД и над 300 милиони долари пошироко во светот, не не беше добро критикуван. Мик ЛаСал од весникот "Сан Франциско Хроникал"("San Francisco Chronicle") ја опиша како "убава глумица која дава се од себе да го задржи достоинството, залудно се обидува да ја измами феминистичката изјава со чудното однесување" додека Рекс Рид од весникот "Д Њуjорк Обсервер"("The New York Times")мислеше дека таа "очајно има потреба од нов агент". Исто така, во 2004 година таа ја претстави Ава Гарднер во биографскиот филм "Авијатичарот"("The Aviator") на Мартин Скорсез. Скорез одлучи да глуми Бекинсејл бидејќи "таа е прекрасна жена, многу добра глумица. Одлична глумица, отсекогаш ми се допаѓала. Сум ја видел целата нејзина работа и ми беше мило што се согласи на аудиција". Изведбата на Бекинсејл доби мешани критики. Кен Такер од списанието "Њујорк"("New York") изјави дека таа го "одиграла делот со целосно посветување", додека ЛаСал мислеше дека таа успева "да не убеди дека Ава беше една од најголемите жени на сите времиња". Сепак, Кларк го опиша како "единствената изведба која не испадна (иако Бекинсејл ја има потребната убавина)", Питер Бредшо од весникот "Д Гардиан"("The Gardian") изјави дека "богатата, сензуална сексуалност на Гарднер е комплетно отсутна како што Бекинсејл месечари низ улогата, како да е прафем за реклама". Во 2006 година, Бекинсејл ја повтори нејзинта улога како Селена во успешното вампирско продолжение "Подземен свет: Еволуција"("Underworld: Evolution"), во режија на нејзиниот сопруг. Тоа беше првпат таа "да биде вмешана во филм од моментот кога е почетна идеја низ целиот уредувачки процес". Нејзината ќерка имаше мала улога како младата Селена и добро се справи со тоа: "Не мислев дека ќе земе било кој од нас толку сериозно". "Двете предвидувавме ситуација каде би изгледало како да се обидуваме да ја облечеме во одело за снег. Таа одеднаш стана многу професионална...Рече, "Може ли да ме викате Селена?" Јас секако не инсистирав да бидам наречена Селена, па таа не го доби тоа од мене”. Нејзиното второ појавување во филм од 2006 година беше спроти Адам Сендлер во филмот "Клик"("Click"), комедија за еден преморен семеен човек кој открива магичен далечински управувачкој му дозволува да го контролира времето. Можноста да глумам мајка "беше една од работите кои ме привлекуваа" во врска со делот. Филмот исто така беше шанса да работам со Кристофер Волкен: "Се сеќавам на ќерка ми која трчи накај него во неговиот костум, и враќајќи се назад како белките на нејзините очи да покажуваат: "Видов човек кој не ми се допаѓа". Таа всушност навистина се загреа за него. Кога беше прашана за моментот кој би сакала да го врати во нејзиниот живот, Бекинсејл рече дека би се вратила на детските години на својата ќерка и знам "однапред дека немаше случајно да седнам на неа и да ја смачкам, би било убаво да се вратам низ тоа во опуштена состојба на умот затоа што таа е неверојатно бебе".

2007-2009 година: Враќање на мали драми уреди

Бекинсејл тогаш се наврати на помали драмски проекти: "Моето искуство е дека на некој начин отстапив од самостојните филмови и направив неколку големи филмови. Но не мора да значи дека така е гледано од страна на сите други, што го разбирам". "Уживам во акционен филм исто колку и другата личност но не е нешто што би сакала да го работам сама". Таа објасни дека првично одлучила да се појави во филмот "Подземен свет"("Underworld") бидејќи почувствувала типично во класичните улоги, беше "претпоставено дека користам одаја и носам широки чорапи", но нејзината акциска кариера "некако одзема малку повеќе". Во 2007 година, таа глумеше спроти Сем Роквел во самостојната драма "Снежни ангели"("Snow Angels"), врз основа на романот на Стјуарт О’Нен. Грозоморниот филм во кој таа играше скршена самохрана мајка, ја стави Бекинсејл "некако на тешко место". 'Ги имав моето дете, мојот маж и всушност, мојот бивш беше наоколу многу, така што беше многу убаво да се вратам дома на луѓето кои ги сакам". Пјуг мислеше "Бекинсејл е се подобра во изведбата со годините". Сепак, Скот мислеше дека “нејзините вештини и дисциплина не можат да го надминат чувството дека таа е еден егзотичен вид преслен во овој безмилосен еко-систем. Тешко како таа работи да не убеди во спротивното, терба да веруваме дека жена со вид на достоинствена доверба во својата убавина со која манифестира ќе заврши со недостигнувачки одземен здив како Глен. Исто така, во 2007 година таа се појави со Лук Вилсон во филмот "Ваканси"("Vacancy"), трилер сниман во еден изолиран мотел. Сара Џесика Паркер беше првична за улогата во делот, но се откажа пред да почне снимањето на филмот. Бредшо мислеше дека “Вилсон и Бекинсејл имаат заби за страшни филмови, додека Глејбермен забележа дека “Лук Вилсон со неговиот засрамнички одбранбен став, и Кејт Бекинсејл, целата секси сериозна, совршено одговараат како двојка која се мрази меѓу себе”. Сепак, Манохла Даргис од весникот "Њујорк Тајмс"("New York Times") не беше импресионирана, мислејќи на Бекинсејл како “кралица која владее со учтивото "Би". Во 2008 година, се појави во филмот "Крилести суштества"("Winged Creatures"), филм за тоа како шест различни суштества се справуваат со последиците од пукањето. Бекинсејл играше самохрана мајка која е келнерка, заедно со Дакота Фенинг, Џенифер Хадсон и Форест Витакер. "Беше навистина , навистина убаво искуство, но беше кратко, рече Бекинсејл за снимањето на филмот". "Едноставно малку се почувствував како да бев снимана низ мерило". Бетси Шаркеј од весникот "Лос Анџелес Тајмс"("Los Angeles Times") мислеше дека таа ја игра улогата со "ентузијазам за сиромашни белци" и сфати дека нејзиниот лик "со суровата болка за тој некој со пари и углед е очигледна". Сепак , Даргис мислеше дека Бекинсејл и нејзините колеги имаат "тешки времиња во пополнување ликови кои се со најдобри абстракции на тага и често се само клишеа". Исто така, во 2008 година таа глумеше во филмот "Ништо друго освен вистината"("Nothing But The Truth") како новинар кој одбива да го открие својот извор. Филмот со парнерите Вера Фармига и Мет Дилен беше инспириран од случајот на Џудит Милер. Како дел од нејзиното истражување за улогата , "поминав извесно време во редакцијата на весникот "Лос Анџелес Тајмс"("Los Angeles Times") со неколку новинарки и зборував со Џудит Милер во врска со нејзиното искуство...Навистина истражував се за тоа и беше неверојатно исполнување, прекрасно искуство". Ен Хорнадеј од весникот "Вашингтон Пост"("Washington Post") тврдеше дека Бекинсејл и Фармига играа "две од најфасцинантните женски улоги да се запаметат на екранот долго време, и тие беа донесени до живост од две талентирани глумици, секоја работејќи на врвот на својата план". Бекинсејл доби номинација од “Избор на критичарите” за нејзината изведба. Сепак, и покрај силната сезонска награда Бекинсејл и Вера Фармига, филмот никогаш не доби целосно сценско издавање откако дистрибутерот најави банкрот. "Се молев, молев за филмските компании да банкнотираат на филмовите што ги снимав , и потоа тоа се случи на тој што го сакам", рече Бекинсејл. "Обично оние од кои најмногу се срамиш за тоа се на страната на секој автобус". Во 2009 година, глумеше во адаптација на комичната книга "Вајтаот"("Whiteout") како маршал на САД, задолжен да истражува убиство на Антарктикот. Беше сниман во Манитоба, Канада кое таа го опиша како "прекрасно место". Таа сметаше дека сцените со акција имаат помалку физичко барање од оние во филмот "Подземен свет"("Underworld") бидејќи "три пара панталони и кратка јакна ти даваат малку поголема заштита отколку кожениот костим". Филмот беше критичко неуспешен и благајната пропадна, не успевајќи да го надомести својот буџет. Таа исто така имаше кратко појавување во претходникот "Подземен свет: “Излегување на врколаците"("Underworld: Rise of the Lycans"), таа се појави во снимки составени од деловите од филмот "Подземен свет"("Underworld") од 2003 година. Исто така, во 2009 година таа глумеше во семејната драма "Сите се добро"("Everybody's fine") заедно со Роберт Де Ниро, Дру Баримор и Роквел, нејзиниот партнер од филмот "Снежни ангели"("Snow Angels"). Бекинсејл беше возбудена од можноста да работи со Де Ниро кога таа првпат го сретнала пред многу години, кога ја имав Лили и наметнуваше читање на филмот "Добриот Пастир"("The Good Shepard"). Бев во Њујорк бидејќи Мајкл Шин ја снимаше драмата "Амадеус". Тие рекоа: "Ќе може ли да користите три разни акценти до утре?" Така, јас ги научив акцентите и ги покажав и Де Ниро рече: "Да, ќе поканам неколку пријатели". Пријателите беа како Марти Скорсез и Чез Палминтери. И помислив: "По ѓаволите, го имам овој бруклински акцент и сите овие луѓе од "Добри пријатели" седат овде..."Се препотив, О Боже мој, јас сум од Чизик, западен Лондон. Немам никаква работа да бидам овде и да користам бруклински акцент пред Мартин Скорсез. Едноставно сакам да умрам".

2010 година до денес- филмовите "Будење" ("Awakening")) и "Тотал рикал" ("Total Recall") уреди

Бекинсејл стана дел од деветочленото жири на Канскиот Филмски Фестивал, со кој преседава режисерот Тим Бартон, во мај 2010 година. Не можејќи да најде сценарио кое ќе ја привлече, Беконсејл на друг начин задржа лош профил во 2010 година, одлучувајќи да помине време со нејзината ќерка. Глумицата сними три филма во 2011 година, кои се очекува да бидат издадени во 2012 година. Во криминалниот трилер "Контрабенд"("Contraband"), Бекинсејл ќе ја игра сопругата на Марк Волберг, поранешен криминалец кој е принуден да се врати на криминалниот живот откако на неговото семејство му се закануваат. Тоа е римејк на исландскиот филм Рекјавик, Ротердам и е во режија на ѕвездата од оригиналниот филм, Балтазар Кормакур. Таа ќе ја повтори нејзината улога како Селена во четвртото продолжение на вампирската франшиза "Подземен свет: Будење"("Underworld: Awakening"). Таа не планираше да направи уште едно, но беше убедена од квалитетот на сценариото: "Навистина сакате да видите делови кои значат нешто во ваков вид на филмови. Инаку, тоа се навистина само многу разлевања и луѓе кои трчаат наоколу во тесна облека". Нејзиното последно појавување во 2012 година ќе биде во римејк на научно фантастичниот филм "Тотал Рикал"("Total Recall") во режија на нејзиниот маж и партнерите Колин Фарел и Џесика Бил. Бекинсејл ќе ја глуми Лори, лик оригинално одигран од Шерон Стоун.

Работа како модел уреди

Во прилог на глумата, Бекинсејл работеше повремено и како модел. Во 1997 година се појави во спотот на Џорџ Мајкл за песната "Валц Авеј Дриминг"("Waltz Away Dreaming"). Таа глумеше спроти Орландо Блум во телевизиска реклама за облека во 2004 година, во режија на Камерон Кроу. Се појави во телевизиска реклама за "Диетална Кока Кола", во режија на Мајкл Гондри. Таа го рекламираше брендот на "Абсолут вотка"("Absolut vodka") во 2009 година во кампања фотографирана од Елен Вон Анверт. Таа исто така го промовираше шампонот "Лукс" во азиска телевизиска реклама. Бекинсејл беше прогласена за "Убавица број еден на Англија" од страна на неделното списание "Здраво!"("Hello") и се појави на 41-то место на списокот на "100 Најубави луѓе" во списанието "Луѓе"("People") во 2008 година. Многу издавања ја вклучуваа во нивните рангирања за најсекси жени на светот. Списанието за мажи "Есквајар"("Esquire") ја прогласи за "Најсекси жена" во 2009 година. Таа беше на 22-то место на списокот на машкото списание "Максим Хот 100"("Maxim's Hot 100"). Се искачи на 41-то место на списокот на машкото списание за "Најсекси жена" во 2010 година, откако претходно се појави на 15-то место на нивната листа од 2009 година, и на 18-то место на листата во 2008 година. Таа неодамна се појави на годишниот список на порталот "Аск Мен.ком"("Ask Men.com") на 99-те Најпосакувани жени: беше на 11-то место во 2011 година, на 3-то место во 2010 година, на 10-то место во 2009 година и на 3-то место во 2008 година.

Личен живот уреди

Бекинсејл имаше осумгодишна врска со велшкиот глумец Мајкл Шин, од 1995 до 2003 година. Тие се запознаа на снимањето на турнејата на филмот "Галебот"("The Seagull") во почетокот на 1995 година и продолжија заедно кратко после тоа. Таа рече дека било "љубов на прв поглед" и дека тој ја спасил од "болница за луди криминалци". Во 1997 година се појавија во радио продукција на "Ромео и Јулија"("Romeo and Julija"). Нивната ќерка Лили Мо Шин е родена во Лондон, Англија, на 31 јануари во 1999 година. Глумицата рече дека таа била "засрамена" што Шин никогаш не ја запросил, но забележа "ако задржиш книга од библиотека доволно долго, чувствуваш како да е твоја". Нивната врска заврши во почетокот на 2003 година, по снимањето на филмот "Подземен свет"("Underworld"). Бекинсејл го убедуваше режисерот Лен Вајсмен во филмот да биде Шин, но за време на снимањето таа и Вајсмен (кој беше оженет) се заљубија. Сите страни сметаа дека не постои неверство а Бекинсејл и Вајсмен останаа пријатели со Шин. "Имавме многу среќа што немавме лут однос", рече Бекинсејл. "Сè уште сме многу блиски и нашата ќерка не гледа наоколу и двајцата". "Многу ми е мил, ќе ми недостига страшно ако не е во мојот живот". Таа се пресели со својата ќерка од Лондон во Лос Анџелес да живее со Вајсмен, во 2003 година. Рече дека е "риба надвор од водата" во Лос Анџелес, но дека живеењето во Лондон нема да биде возможно за кариерата на Вајсмен. Тие се венчаа во 2004 година во хотелот "Бел Ер"("Bel Air") во Калифорнија, избирајќи го цитатот новелата "Д Амбер Спајглас"("The Amber Spyglass") од Филип Пулмен за нивно прво читање. Со оглед дека не е религиозна, рече дека било "многу убаво да биде запросена, нешто што го немала во претходната врска". Од нивниот брак, Вајсмен режираше два следни филма со неa: продолжение на филмот "Подземен свет"("Underworld") и филмот "Тотал Рикал"("Total Recall"). Таа не планира да има уште деца: "Можеби ќе имам во некој момент од животот, но чувствувам дека имам се што сакам. Лили е совршено дете...Јас сум единствено дете на моите родители па навистина не размислувам за повеќе деца". Бекинсејл не пие алкохол, "не бидејќи сум алкохоличар , едноставно не ми се допаѓа": "Ако испијам цела чаша црвено вино ќе го имам Чеховиот очај следниот ден". Таа пушела од 16 години, но престанала три години отако останала бремена со нејзината ќерка. Таа оттогаш рече: "Ќе бидам неподнослива ако не пушам. Ќе треба да ме турнете од балкон, ќе бидам многу досадна". Фондацијата "Британско срце"("British Heart") беше нејзиниот избор за добротворни цели "уште кога имав 6 години". Таа исто така ја поддржува Медицинската фондација за истражување "Епидермолисис Булоса"("Epidermylosis Bullosa"), "Меди Синема", "Хабитат фор Хјуманити"("Habitat for Humanity") и "Забавната индустриска фондација". Во 2008 година, таа беше домаќин на 4-та годишна забава "Пинк Парти" да се соберат средства за "Институтот за истражување на рак на жената" во медицинскиот центар "Сидарс Синаи"("Cedars Sinai") и организираше гледање на драмата "Се за Ив"("All About Eve") за хуманитарната организација "Филм Ејд Интернешанал"("Film Aid International").

Филмографија уреди

Година Наслов Улога Забелешки
1993 година "Многу врева за ништо" Херој
1994 година "Анкавард"("Uncovered") Џулија
1994 година "Принцот од Џатланд" Етел
1995 година "Мери Луис У Ла Пермисион"("Marie Louise Ou La Permission") Мери Луис
1995 година "Студената удобна фарма" Флора Пост
1995 година "Опседнати" Кристина Мариел
1997 година "Шутинг Фиш"("Shooting Fish") Џорџи
1998 година "Последните денови на диско" Шарлот Пингрес
1998 година "Алис Тру Д Лукинг Глес" ("Alice Through The Looking Glass") Алис
1999 година "Броукдаун Палас" ("Brokedown Palace") Дарлин Дејвис
2001 година "Перл Харбор" ('Pearl Harbor") Евелин Џонсон
2001 година "Среќна случајност" Сара Томас
2001 година "Златниот Пехар" Меги Вервер
2002 година "Лорел Кањон" ("Laurel Canyon") Алекс Елиот
2003 година "Подземен свет" Селена
2003 година "Типтоус" ("Tiptoes") Керол
2004 година "Авијатичарот" Ава Гарднер
2007 година "Ваканси" ("Vacancy") Ејми Фокс
2007 година "Снежни ангели" Ени Маршанд
2008 година "Ништо друго освен вистината" Рејчел Армстронг
2008 година "Фрагментс" ("Fragments") Карла Давенпорт
2009 година "Вајтаут" ("Whiteout") Кери Стетко
2009 година "Подземен свет: Излегување на врколаците" Селена Претходно снимани само делови
2009 година "Сите се добро" Ејми
2012 година "Контрабанд"("Contraband") Кејт Фарадеј
2012 година "Подземен свет: Будење" Селена
2012 година "Тотал Рикал" ("Total Recall") Лори пост-продукција
2012 година "Среќни празници" Катрин Слоан пост-продукција
2013 година "Судењата на Кејт Мек Кала" Кејт Мек Кала пост-продукција
Сцена
  • "Гулабот" (како Нина), Татарот "Ројал" во Бат, 1995 година
  • "Мила" (како Тони), Татарот "Ројал Корт", 1996 година
  • "Клокс енд Вистлс" ("Clocks and Whistles"), (како Ен), Театарот "Буш", 1996 година
Радио
  • Прераскажана "Ема" за издавачката куќа "Ходер енд Стоутон Аудио Букс"
  • Прераскажана "Брачна понуда" (1997 година) од Дајана Хендри за "Би Би Си Радио 4"
  • Се појави како Јулија во продукција на "Наксос Аудио Букс" во драмата "Ромео и Јулија" (1997 година)

Награди и Номинации уреди

Година Наслов Улога Забелешки
1991 година "Девајсес енд Дезајарс" ("Devices and Desires") Младата Алис Мар "Ај Ти Ви"("ITV")една епизода
1991 година "Уан Агенст Д Винд" ("One Against The Wind") Барб Линдел "Халмарк Хол Оф Фејм/ Си Би Ес" ("Hallmark Hall of Fame/CBS")

Филм

1992 година "Сонот на Рејчел" Рејчел Канал 4
1993 година "Ана Ли: Хедкејс"("Anna Lee: Headcase") Теа Хан "Ај Ти Ви"("ITV")
1996 година "Ема" Ема Вудхаус "Ај Ти Ви"("ITV")

Филм

1998 година "Алис Тру Д Лукинг Глес" ("Alice Through The Looking Glass") Алис Канал 4

Филм

Година Награда Свечена награда Филм Резултат
1997 година "Најдобра глумица" "Меѓународен Каталонски Филмски Фестивал" "Шутинг фиш" ("Shooting Fish") Освои награда
1999 година "Британска споредна глумица на годината" Филмска награда од "Лондон Критикс Сиркл" "Последните денови на диско" Освои награда
2001 година "Најлоша двојка на екранот" (со Бен Афлек) Награда од "Голден Распбери" "Перл Харбор" ("Pearl Harbor") Номинирана
2002 година "Најдобра глумица" Награда од "Сатурн" "Среќна случајност" Номинирана
2004 година "Најдобра глумица" Награда од "Сатурн" "Подземен свет" Номинирана
2004 година "Бест Транс-Атлантик Брејктру Перформер" ("Best Trans-Atlantic Breakthrough Performer") Филмска награда од "Ем Ти Ви" Номинирана
2005 година "Извонредна изведба со улога во филм" "Награди од “Скрин Акторс Гилд" ("Screen Actors Guild Awards") "Авијатичарот" Номинирана
2005 година "Омилена женска филмска акциска ѕвезда" Награда од "Избор на гледачите" Номинирана
2006 година "Најдобар херој" Филмска награда од "Ем Ти Ви" "Подземен свет: Еволуција" Номинирана
2006 година "Омилена женска акциска ѕвезда" Награда од "Избор на гледачите" Номинирана
2008 година "Најдобра глумица" "Награда од Бродкаст Филм Критикс Асосиејшн" ("Broadcast Film Critics Association Award") "Ништо друго освен вистината" Номинирана
  1. „Универзитетот "Оксфорд". https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BA%D1%81%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82. Надворешна врска во |work= (help)