Кешанли џамија

џамија во Охрид

Кешанли џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Кешанли џамија
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′12.0″N 20°48′40.1″E / 41.120000° СГШ; 20.811139° ИГД / 41.120000; 20.811139
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
Завршен1874
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Џамијата е сместена на раскрсницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Васил Главинов“. Изградена е на 12 март 1874 година по нарачка на Кешанли Бинбаши Хусеин-ага.[1]

Градбата е направена на квадратна основа и има покрив со ќерамиди на четири води. По целата ширина на северозападната страна е изграден понов трем со покрив на три води. Минарето, което има осумаголна основа многуаголно тело, е сместено на западната страна. До него се стасува по скалила од внатрешноста. Храмот е изведен од необработен камен во долните делови и тули на ѕидовите, които подоцна се малтерисани. Минарето е од обработени камени блокови.[1]

Во внатрешноста има полукружна михрабна ниша и минбер и махвил од дрво, изградени во поново време. Внатре нема украси. Осветлувањето е преку прозорци поставени во два реда на југозападната и североисточната страна и три прозорци на југозападната страна во горниот ред.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Кешанли џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-18. Посетено на 15 август 2017.
  2. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 58–59. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски уреди