Кернаве

град во Литванија

Кернаве (литвански: Kernavė) — средновековен главен град[1] на Големото Војводство Литванија, а денес туристичко одредиште и археолошко наоѓалиште, кој сепак имал 318 постојани жители во 1999 година. Сместен е во Ширвинтскиот округ, во југоисточниот дел на Литванија.

Кернаве
Една од старите тумби во тврдината на Кернаве
Кернаве is located in Литванија
Кернаве
Наоѓалиштето на карта на Литванија
МестоШирвинтски округ,  Литванија
ВидНаселба
Историја
НапуштеноXIV век
РаздобјеСреден век
Културилитванска
Белешки за наоѓалиштето
Ископување1859, 1979, 1980–1983
Состојбаво урнатини
Службен назив: Археолошко наоѓалиште Кернаве (Културен резерват Кернаве)
Тип:културно
Критериуми:iii, iv
Прогласено:2004 (28. заседание)
Број1137
Регион:Европа и Северна Америка

Во Кернаве, во 1989 година бил основан државен културен резерват. Во 2004 година, археолошкото наоѓалиште Кернаве влегол во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.

Географија уреди

 
Црква во Кернаве, изградена во 1920 година

Кернаве е мал град во југоисточниот дел на Литванија, во Ширвинтскиот округ, сместен на десниот брег на реката Нерис. Се наоѓа на 21 километар од Ширвинтос и на 35 километри од Вилнус. Сместен е близу автопатот Вилнус-Каунас и Вилнус-Паневежис. До него може да се дојде и преку реката Нерис.

Алтернативни имиња уреди

Други имиња под кои се сретнува локалитето се: Кернавос, керново, Кјерново, Кјернув (полски) и Кернувке (јидиш).[2][3][4]

Историја уреди

Областа на Кернаве била слабо населена на крајот на старото камено време, додека за време на средното и младото камено време се појавиле голем број на населби.

Градот бил првпат споменат во 1279 година, кога како главен град на големиот војвода Трајденис, бил освоен од тевтонските витези. Во 1390 година, во текот на граѓанската војна, витезите го запалиле градот и градбите во долината Пајаута, вклучувајќи го замокот. По овој напад, градот не бил обновен, а преостанатите жители се преселиле на врвот на ридот, наместо во долината.

Во подоцнежните години, остатоците на градот биле покриени со слоеви земја, кои создале воден тресет. Најголемиот дел од артефактите биле зачувани и е вистинско богатство за археолозите, што довело некои Кернаве да го наречат „Троја на Литванија“.[5] На пример, Кернаве го има најстариот познат „медгринда“, таен подводен пат направен од дрво. Патот бил користен за одбрана и потекнува од IV-VII век.[6]

Местото повторно станало предмет на поширок интерес во средината на XIX век, кога романескниот писател, Феликс Бернатович, ја опишал областа во својот роман „Појата, ќерка на Лиздејка“ (Pojata, córka Lizdejki, Варшава, 1826 г.). Наскоро, тврдините на ридовите биле откопани од браќата Тискјевич, а потоа од Владислав Сирокомла (1859 г.). По Втората светска војна, ископувањата биле повторно започнати од Вилнушкиот универзитет во 1979 година, а потоа повторно од Литванскиот институт за историја помеѓу 1980–1983 година. Државниот културен резерват Кернаве бил создаден во 2003 година.

Архитектура уреди

Црквата уреди

 
Новата црква и темелите на старата цркви

Веднаш до денешната црква е црковниот двор на старите цркви. Во 1739 година биле ископани темелите на црквата. Оваа дрвена црква била преместена во 1935 година во Кривонис. Бетонски споменик со крст бил подигнат во 1930 година како прослава од 500-годишнината од смртта на Витовт како потсетник на црквата Витовт изградена во 1420 година.

Во темелите на старите цркви, од XV и XIX век, луѓето на Кернаве биле закопани. Стојат две капели во близина. Дрвената капела е пример на народната архитектура. Се верува дека била изградена кон крајот на XIII век кај Кернаве и подоцна преместена во црквата во Кернаве. На крајот на XIX век, црквата била користена како магацин. Во 1920 година била изградена нова црква, а капелата останала да скапува, бидејќи повеќе не била дел од црквата. Во 1959 година била поправена, а во 1993-1994 година целосно обновена. Градбата припаѓа на Кернавската парохија. Се користи за прикажување изложби на дрвените црковни градби.

 
Основите на старата црква

Капелата од тули од XIX век го вдомува мавзолејот на семејството Ромер. Била изградена во 1851-1856 година од земјопоседникот Станислав Ромер. Капелата била изградена од тули и малтер и е пример за доцен класицизам. Таа е мала и има осумаголна основа, што е необично за класицизмот. Внатре, има отвор на подот, кој води до крипта. Ковчезите биле вградувани со тули во нејзините ниши. Останал олтарот на капелата, изграден од камења. Долж страничните ѕидови имало црни клупи. Меморијални плочи со грбот и имињата на членовите на семејството Ромер се закачени на ѕидовите. По Првата светска војна, капелата останала да пропаѓа. Била поправена во 1959 и 1987 година. Денес, припаѓа на Кернавската парохија.

Обете капели се наоѓаат на археолошкото наоѓалиште Кернаве. Денешната црква била изградена помеѓу 1910 и 1920 година. Неоготските елементи преовладуваат во нејзината архитектура.

Во текот на 1980-тите години, на иницијатива на монсињор Чесловас Кривајтис, бил обновен црковниот двор, биле изградени нови порти, а олтарот и внатрешноста биле обновени. Црковниот двор е украсен со крстен пат, направен од уметникот Јадвига Грисиуте. Воедно има два споменика изградена во чест на 600-годишнината од христијанизацијата и 700-годишнината од првото спомнување во пишаните извори на името Кернаве. Првиот споменик има срце и меч, преодот од паганство во христијанство; вториот, витез со меч стои помеѓу градските порти, главниот дел од градскиот грб. Воденички камења се вметнати во градбите на обата споменика. Гробот на свештеникот, писателот и историчарот на Кернаве, Никодемас Швогжлис-Милжинас е близу споменикот за 700-годишнината на Кернаве.

Во црквата постојат вредни уметнички дела. Запишани се олтарот, две слики, две скулптури, мал олтар, три чаши и едно ѕвоно. Необарокниот олтар е во страничниот наос. Во своето средиште е сликата на Богородица, на страниците се столбови и скулптури на Свети Петар и Свети Павле. Други пет помали скулптура ја прикажуваат Богородица Марија, два ангели и два светци. Сите скулптури припаѓаат на барокниот стил.

 
Помеѓу тврдините Кернаве
 
Реката Нерис близу Кернаве

Сликата „Марија Шкапјерине“ (Marija Škaplierinė) е во олтарот во средишниот наос. Била насликана во 1816 година и ја прикажува Пресвета Богородица и детето, Господ Таткото и Светиот Дух (гулабот). Сликата „Светото семејство“ потекнува од XVIII век. Сликата ја покажува мајката и детото и јагне. Во позадина е Свети Јован, над нив се ангели.

Други уметнички дела се малиот олтар од почетокот на XIX век, двете чаши се од почетокот на XIX век, една чаша е од почетокот на XVIII век, а ѕвоното од XVII век.

 
Споменик на Витовт

Основно училиште уреди

Основното училиште во Кернаве е двокатна градба изградена во 1929 година. Тука, на 28 декември 1930 година, наставникот Ј. Шијаучиунас ја отворил првата изложба на музејот. Го посветил својот живот на образовна и културна работа во ова училиште до неговата депортација на 14 јуни 1941 година од Советите. Умрел во Сибир на 17 октомври 1943 година. Во 1998 година, училиштето било обновено. Во 1998 година, со одлука на Ширвинтскиот округ, основното училиште го добило името на Јуозас Шијаучиунас. Во 1999 година, училиштето и музејот Кернаве, ја прославиле 70-годишнината од нивното основање.

Старата архитектура на Кернаве е најдобро зачувана во улиците Вилнус и Кривеикишкио. Во средишниот дел на градот, градбите се главно од повоениот период. Населбата е во хармонија со природата убавина на околината.

Туризам уреди

 
Специјална монета на литвански литас посветена на Кернаве

Туристите може да ги најдат последните информации за настаните и околните туристички знаменитости во туристичкото биро во Кернаве.[7] На лето, Кернаве е многу посетено. Се организираат прослави и фестивали. Археолошките експедиции тука се одржуваат повеќе од 20 години, во кои учествуваат литвански и странски археолози, студенти и ученици.

Кернаве е исто така познат по својот традиционален фестивал Раса. Во 1967 година, група на универзитетски студенти го одржале првиот фестивал, кој подоцна станал традиција.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. World Heritage Committee. Advisory Body Evaluation. 2003. p.107
  2. United States Board on Geographical Names – Lithuania – Kernave. Accessed 2014-01-24.
  3. Kurt Braunmüller; Gisella Ferraresi (11 декември 2003). Aspects of Multilingualism in European Language History. John Benjamins Publishing. стр. 124. ISBN 978-90-272-9601-6.
  4. Herman Kruk (2002). The Last Days of the Jerusalem of Lithuania: Chronicles from the Vilna Ghetto and the Camps, 1939–1944. Yale University Press. стр. 708. ISBN 0-300-04494-1.
  5. Во 2002 година, Државниот археолошко-историски музеј Кернаве организирал изложба во Варшава, прва изложба надвор од Литванија, под насловот „Кернаве — Троја на Литванија“. „Valstybinio Kernavės Archeologijos ir Istorijos Muziejaus-Rezervato Paroda "Kernavė – Lietuviška Troja" Valstybiniame Varšuvos Archeologijos Muziejuje Архивирано на 10 октомври 2008 г.“, Lietuvos Muziejai. 12 октомври 2006.
  6. (литвански) Kaplūnaitė, Irma (16 декември 2005). „Terminai“. Aruodai. Посетено на 22 март 2009.
  7. Listing of tourist information centres in Lithuania", 9 декември 2007.

Надворешни врски уреди