Келбрандски мост

мост во Хамбург, Германија

Келбрандски мост (германски: Köhlbrandbrücke) — обесен мост во Хамбург, Германија, кој ја поврзува пристанишната површина на островот Вилхелмсбург помеѓу Северна и Јужна Елба, делови на реката Елба со автопатот 7 (излез Валтерсхоф). Ја премостува Јужна Елба, тука наречена Келбранд, пред сè спои повторно со Северна Елба. Мостот бил отворен во 9 септември 1974.

Келбрандски мост
Köhlbrandbrücke
Келбрандскиот мост над Хамбуршкото пристаниште
Носиавтомобили
ПреминуваКелбранд, дел од реката Јужна Елба
МестоХамбург, Германија
Особености
Видобесен мост
Вкуп. должина3.618 м
Ширина17.5 м
Висина135 м
Најдолг распон325 м
Потпростор55 м над среден прилив
Историја
Почнат1970
Завршен1974
Отворен20 септември 1974
Затвореноколу 2028[1]
Сообраќај
Дневен сообраќај30.000 автомобили
Мостаринаслободен
Келбрандски мост is located in Хамбург
Келбрандски мост
Келбрандски мост
Местоположба
Карта

Историја уреди

Мостот бил проектиран од Ханс Витфот и Егон Јукс. Биле потребни години да се изгради.

Од отворањето на мостот само двапати бил отворен за пешаци, на денот на отворање 1974 и на неговиот 30-ти роденден во 2004. Меѓутоа, прекрасниот поглед над градот Хамбург не е целосно ограничен за возачите на автомобилите и камионите. Мостот е на рутата на годишната велосипедска трка Ватенфал Класик во Хамбург, дел од светската турнеја на UCI. Добар број на аматери, кои учествуваат во трката прават пауза на врвот на Келбрандскиот мост.

Неколку луѓе извршиле самоубиства со скокање од мостот.

Мостот е спектакуларна свена во германскиот трилер од 1987 Џокер, во кои играат Петер Мафај и Мајкл Јорк.[2] Исто така, бил прикажан во видеоиграта Call of Duty: Modern Warfare 3, во текот на мисијата „Goalpost“.

Технички податоци уреди

Мостот е направен од околу 81.000 м3 бетон и 12.700 тони челик. Секој дел, околу 30.000 автомобили преминуваат преку мостот. Вкупните трошоци изнесувале 160 милиони германски марки.

Мостот бил направен од 88 челични сајли (секоја со пречник од 10 см). Долг е 3.940 м, а централниот дел има 325 м. Носен е од 75 далноводи (највисокиот во висина од 135 метри) за да достигне висина од 55 метри, дозволувајќи им на бродовите да поминуваат под него, дури и во висока плима Патот има косина од 4%.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

53°31′18″N 9°56′18″E / 53.52167° СГШ; 9.93833° ИГД / 53.52167; 9.93833