Кањо Кристалес (кол.: Caño Cristales) — река во Колумбија сместена во ранчот Сиеранија де ла Макарена во Мета. Реката е често нарекувана „Реката на Петте Бои“ или „Течното виножито“, а често е спомнувана и како најубавата река во светот поради својата разнобојност. Реката се истакнува во повеќ бои, вклучувајќи ги жолта, зелена, сина, црна а особено црвена поради алгата Macarenia clavigera (Podostemaceae) која што се наоѓа на дното на реката.

Кањо Кристалес
River
Кањо Кристалес
Земја Колумбија
Извор Сиера де ла Макарена
Утока Гвајаберо
Должина 100 км

Геологија уреди

Камењата во областа Макаренија датираат од пред 1,2 милијарди години. Камењата од регионот припаѓаат на седиментарниот покрив од штитот Гвајана. Макаренија ја сочинуваат три екосистеми со богата разновидност на флора и фауна: Андите, Источнните Љани и Амазонската дождовна шума. Овие фактори ја прават да има големо значење во глобалната биологија.

Флора и Фауна уреди

 
Macarenia clavigera од близу

Кањо Кристалес има водни растенија и корали. Својата карактеристична црвена боја ја добива од ендемскиот вид на растение Macarenia clavigera.

Планината е дом на околу 420 видови птици, 10 видови водоземци, 43 влекачи и осум примати.

Самата река е тотално испразнета од риби, поради големата концентрација на седиментарни материјали. Други канали од Макарена, како што е Кањо Сиете Мачос, задржуваат црвени растенија за време на зимата. Овие црвени растенија се задржуваат црвсто за камењата на места каде што реката има брз ток.

Туризам уреди

Најдобро време за посета на Кањо Кристалес е од доцен јули до ран декември.

Надворешни врски уреди

2°11′31″N 73°53′25″W / 2.19194° СГШ; 73.89028° ЗГД / 2.19194; -73.89028