Каљаја

Поглед на врвот Каљаја со месноста Бразда (Салаково) во подножјето
Висина &100000000000017100000001.710 м
Место Македонија Македонија
ВенецКараџица, Мокра Планина
Најлесна патекаколски и коњски пат од с.Црн Врв

Каљаја — возвишение и планински врв на планината Караџица на масивот Мокра. Се наоѓа веднаш источната и југоисточната страна над селото Црн Врв, а неговата северна и западна падина до самиот врв се целосно обраснати со густа зимзелена и во помала мера листопадна букова шума, поради што од далеку има темна-црна боја, заради што најверојатно селото во неговото подножје го добило името Црн Врв. Претставува, возвишение на вододелницата помеѓу долините на Маркова и Кадина Река кое е продолжение на огранката кој од главното било на Караџица се испушта кон североисток почнувајќи со врвовите и месностите Пепелјак и Драчевски Рид. Има правец на протегање од југозапад кон североисток, при што на неговото југозападно подножје е преслапот и месноста Бразда (Салаково) каде во минатото Крали Марко ја прокопал браздата (јазот) со кој пуштил вода од Кадина во Маркова Река за својот манастир и каде се наоѓал збегот во кој живееле семејствата од Драчево, а од североисточната страна е преслапот и месноста Празни Торба. Највисоката надморска височина му изнесува 1710 метри, а по зарамнетиот врв кој има издадена стратешка поставеност се наоѓаат и котите 1704, 1711, 1694, 1712, 1668 и 1675 метри. Поради својата стратешка поставеност на него во минатото постоело утврдување тврдина, за што сведочи и неговото име Каљаја. На самото место Каља има остатоци од ѕидови, а месното население верува дека тука имало „старовремски град“ [1], за кој се претпоставува дека е од римско време.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Ф. Трифуноски, Јован (1958). „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ (српски). Филозофски факултет Скопје. стр. 183.