Катун

село во Драмско, Егејска Македонија

Катун (грчки: Διπόταμα, Дипотама)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Катун
Διπόταμα
Катун is located in Грција
Катун
Катун
Местоположба во областа
Катун во рамките на Бук (општина)
Катун
Местоположба на Катун во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°22′N 24°37′E / 41.367° СГШ; 24.617° ИГД / 41.367; 24.617Координати: 41°22′N 24°37′E / 41.367° СГШ; 24.617° ИГД / 41.367; 24.617
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБелен
Надм. вис.&10000000000000560000000560 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно17
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 73 километри североисточно од градот Драма и на 23 километри северно од центарот на општината, Бук.

Селото се наоѓа на надморска височина од 560 метри.

Историја уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 650 македонски муслимани[4][5] во 120 куќи.[6] Според грчката статистика, во 1913 година во Катун (Κατούν) живееле 1061 луѓе.[7]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Дипотама .[3] Кон 1928 година селото било целосно бегалско со 17 семејства и вкупно 72 лица[8].

Демографија уреди

Во 1928 година во селото се населиле 7 грчки семејства со 23 жители од Турција. Во 1940 година селото броело 622 жители. На пописот од 1951 година, селото не е евидентирано, бидејќи настрадало во граѓанската војна. Во 1961 година во селото живееле 187 жители, во 1971 година имало 34 жители[9]. Денеска, населението на селото е 17 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 622 187 34 18 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. 3,0 3,1 „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Драмска Каза“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (II. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 199.
  6. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I (бугарски). София: Наука и изкуство. стр. 270.
  7. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-03.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 34.