Катерина (град)

град во Егејска Македонија

Катерина (грчки: Κατερίνη, Катерини) — град во Егејска Македонија и седиште на округот Пиерија и Општина Катерина. Се наоѓа во Пиериската Низина, помеѓу Олимп и Солунскиот Залив, на надморска височина од 14 м. Градот, кој е еден од најновите во Грција, има 56.576 жители (според пописот од 2001). Се наоѓа близу градот Солун, вториот најголем град во Грција, кој придонел многу во развојот на Катерина во послените неколку години. До Катерина се стигнува преку главниот автопат Солун-Атина GR-1/Е75 (со две клучки близу градот) и магистралата „Егнатија“ на север. До градот водат линии на месните и државните возови од главната линија од Атина до Солун, додека пак присутна е и значајна регионална и државна автобуска мрежа со филијала во градот.

Катерина
Κατερίνη
Општинската управа во Катерина
Општинската управа во Катерина
Катерина is located in Грција
Катерина
Катерина
Местоположба во областа
Katerini map.png
Координати: 40°16′N 22°30′E / 40.267° СГШ; 22.500° ИГД / 40.267; 22.500
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
Управа
 • ГрадоначалникСавас Хионидис
Површина
 • Вкупна93,659 км2 (36,162 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно56.434
 • Густина0,60/км2 (1,6/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.601 00
Повик. бр.23510
Рег. таб.KN
Мреж. местоkaterini.gr
Црквата „Св. Фотина“.

Катерина е блиску до морето (6 км) и неколку археолошки наоѓалишта кои привлекуваат многу туристи како древномакедонскиот свет град Дион (5 век п.н.е., оддалечен 17 км) и венецијанскиот замок во Платамонски замок. Подножјето на Олимп и гратчето Литохоро се наоѓаат на околу 20 км од центарот на Катерина.

Име уреди

Името на градот потекнува од Катерина Александриска, православна маченичка која живеела во 4 век. Бил ослободен од Отоманците на 16 октомври 1912 г. За време на Втората светска војна бил окупиран од германската армија на 14 април 1941 и бил ослободен три дена подоцна. Катерина се споменува во песната на Микис Теодоракис το τρένο φεύγει στις οκτώ (македонски: возот заминува во осум), чиј текст е напишан од поетот Манос Елефтериу. Оваа песна е популарна и ден денес.

Фудбал уреди

Катерина е дом на два фудбалски тима; Пиерикос, фудбалски клуб кој моментално игра во втората лига. Другиот е Етникос Катерини.

Населението низ годините уреди

Година Население Промена Население во општината Примена
1981 38.404 - - -
1991 43.613 5.209/13,56% 48.673 -
2001 - - 56.576 7.903/16,24%

Познати личности од Катерина уреди

Збратимени градови уреди

Поврзано уреди

Извори уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди