Касандар (~ 350 - 297 п.н.е.) — крал на Македонија (305 - 297 п.н.е.), бил најстариот син на Антипатар, и основач на краткотрајната династија Антипатриди. Познат е како основач на градот Солун, кој го нарекол по неговата сопруга.

Статер на Касандар
  Кралство на Касандар
Други дијадоси
  Кралство на Селевк
  Кралство на Лизимах
  Кралство на Птоломеј
Други
  Рим

За првпат се појавува на дворот на Александар Македонски во Вавилон, каде го бранел татка си, Антипатар, регент на Македонија, од обвиненијата на неговите непријатели (главно кралицата-мајка, Олимпија).

Бидејќи татко му го прескокнал и му го дал регентството на Полиперхон, Касандар се сојузил со Птоломеј Сотир и Антигон I Едноокиот и објавил војна против регентот. Речиси сите грчки полиси се здружиле со него, меѓу кои и Атина. Тој направил и сојуз со Евридика, амбициозната жена на кралот на Македонија, Филип Аридеј.

Меѓутоа Евридика и Филип III, заедно со Касандровиот брат Никанор биле погубени од Олимпија. Касандар веднаш измарширал кон Олимпија, и ја принудил да се предаде кај Пидна, па ја погубил (316 п.н.е.). Во 310 п.н.е./309 п.н.е., тој ја отрул и Роксана и номиналниот крал Александар IV, жената и синот на Александар Македонски. Исто така, го потплатил Полиперхон да го отруе вонбрачниот син на Александар, Херакле.

Тој веќе бил поврзан со кралското семејство, бил во брак со Тесалоника, полусестра на Александар Македонски, и со сојузот со Селевк, Птоломеј и Лизимах против Антигон, со поразот и смртта на Антигон ~ 301 п.н.е, станал неоспорен владетел на Македонија. Умрел од едема во 297 п.н.е. Според географот Павзаниј: „Беше преполн со едема, и од неа излегоа црви додека сѐ уште беше жив. Филип, неговиот најстар син, наскоро по доаѓањето на престолот се разболе и умре. Антипатар, следниот син, ја уби својата мајка Тесалоника, ќерката на Филип и Никасепола, под обвинение дека премногу го милувала Александар, најмладиот син.“ Александар се одмаздил за мајка си со тоа што го убил брат му Антипатар, но пак тој самиот бил убиен од Деметриј I Опсадникот, син на Антигон. Така отишло сето Касандрово семејство.

Касандар бил човек од книжевноста, но бил насилен и амбициозен. Ја преградил Теба по нејзиното уништување од Александар Македонски, ја претворил Терма во Солун и изградил нов град по име Касандреја врз урнатините на Потидеја.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Претходник
Полиперхон
Регент на Македонската Империја
317–306 п.н.е.
Наследник
станал крал
Претходник:
Александар IV
Крал на Македонија
306–297 BC
Наследник:
Филип IV