Карминкозметички производ кој содржи пигменти, масла, восоци и средства за омекнување на кожата кои им даваат боја и текстура на усните. Постојат многу видови на кармини. Како и многуте други видови на шминка така и карминот вообичаено, но не и секогаш го ставаат жени. Вообичаено не се става со до адолесценцијата или полнолетноста.

Кармин

Историја уреди

Жените од античка Месопотамија беа првите жени кои го открија и користеа карминот. Тие гмечеа полускапоцен накит и го употребуваа за да ги декорираат нивните усни. Жените од античката цивилизација на долината на Инд ставаа кармин на нивните усни за декорација на лицето. Старите Египќанки вадеа пурпурно-црвени бои од алги од фокус, 0.01% јод и бром што резултираше со сериозни болести. Клеопатра го имаше нејзиниот кармин направен од згмечени обоени бубачки, кои даваа длабок црвен пигмент. Кармини со светкави ефекти беа правени од супстанци кои беа најдени во рибни крлушки наречени pearlescence.

Англија уреди

Во Англија карминот се здоби со популарност во 16-от век, за време на владеењето на кралицата Елизабета 1, која имаше светлоцрвени усни и популарно грубо бело лице. Во тоа време карминот се состоеше од спој од пчелин восок и боја од растенја. Само жени од високата класа и мажи глумци носеа шминка. Во 1770 беше предложен закон на Парламентот дека еден брак треба да се поништи доколку жеата користела козметика пред денот на венчавката. Во 19-от век, карминот не беше прифатлив за Британија. Кога кралицата Викторија го зазема престолот во 1837 таа го забрани карминот и кажа дека тоа е прифатливо само за проститутки. Носењето на шминка се сметаше за безобразно и навредливо.Во 1850 беа објавени извештаи за предупредување на жените за опасностите од употреба на олово и светлоцрвена боја во козметиката која ја нанецуваат на нивните лица. На крајот на 19-от век, Гуерлаин (Guerlain), француска компанија за козметика започна да произведува кармин. Првиот кармин беше направен во 1884 г. од парфиемеристи во Париз,Франција. Тој беше спакуван во кадифена хартија и направен од лој од елен,рицинусово масло и пчелин восок. До тогаш карминот се правел дома. Целосното прифаќање во Англија се одвиваше бавно,но се чини дека за модерните од Лондон пристигна околу 1921 година.

САД уреди

Во 19 век, карминот беше обоен со темноцрвена боја. Темноцрвената боја беше вадена од Cochineal - вид инсект, со потекло од Мексико и ценрална Америка кој живее на кактуси. Ваквиот вид на инсекти произведуваат карминични киселини за да одбегнат настрвување од други инсекти. Обоените киселини кои прават од 17% до 24% од тежината на исушените инсекти, може да бидат земени од телата на инсектите и нивните јајца. Измешани со соли на алуминиум или калциум ја прават црвената боја (позната како cochineal). Карминот не беше пакуван во форма на цевка, туку се нанесуваше со четкичка. Црвената боја беше скапа и изгледот од карминот со темноцрвена боја се сметаше за неприроден, театрален, така да карминот не беше одобрен за секојдневна употреба. Само глумци и глумици можеа да излезат на нив со кармин. Во 1880, неколку глумици носеа кармин и во јавноста. Познатата глумица Сара Бернар (Sarah Bernhardt) започна да носењето кармин и руменило во јавноста. Пред крајот на 19 век, жените нанесуваа шминка само за низ домот. Бернхардт често нанесуваше темноцрвена боја на нејзините усни и за во јавност. На почетокот на 1890-тите,темноцрвената боја се мешаше со масло и восок. Оваа мешавина даваше природен изглед и беше поприфатлива за жените. Во тоа време, карминот не се продаваше во форма на стик,туку се продаваше во хартиени тубички, обоени хатии или во мал сад. Каталогот на Сијрс Ројбук (Sears Roebuck) прв понуди руменило за усни и образи при крајт на 1890 г. Во 1912, преку статија во New York Times во кој беа советувани да го употрбуваат според потребата, модерните жени од Америка го сметаа карминот за прифатлив. 1915, карминот се продаваше во цилиндрични метални амбалажи кои беа измислени од Маурис Леви (Maurice Levy). Жените требаа со аголот на ноктот да поместат една мала рачка за да го поместат карминот на врвот од амбалажата. Во 1923, беше патентирана првата амбалажа на вртење од Џејмс Брус Масон Јуниор (James Bruce Mason Jr.) во Нешвил ,Тенеси (Nashville,Tennesee). За време на 1920-тите и 1930-тите, карминот беше пакуван во цилиндрични тубички. Само глумци и глумици во црно-белите филмови носеа кармин. Карминот требаше да биде темен за да се истакнува во црно-белите филмови. Оттаму филмската индустрија нарави побарувачка за кармини. Жените кои не беа дел од филмската индустрија сакаа да изгледаат како филмските ѕвезди. Откако жените почнаа да ставаат кармин за фотографите, фотографијата го направи карминот прифатлив меѓу жените. Елизабет Арден (Elizabeth Arden) и Естии Лодер (Estee Lauder) почнаа да продаваат кармини во нивните салони. За време на Втората светска војна, металните амбалажи на карминот беа заменети со пластична и хартиена амбалажа. Во тоа време карминот беше недостаточен затоа што некои од основните состојки како на пример вазелинот и рицинусовото масло беа недостапни. Втората светска војна дозволуваше жените да работат во инженерско и на научно поле, а во доцните 1940-ти, Хазеч Бишоп (Hasel Bishop) органски хемичар во Њујорк (New York) и Њу Џерси (New Jersey), го направи првиот долготраен кармин,т.н “No-Smear” – “Без размачкување”. Со помош на рекламниот агент Рејмонд Спектар (Raymond Specter) бизнисот со карминот на Бишоп напредуваше. Во 1990-тите компанијата Лип-Инк Интернационал (Lip-Ink International) измисли една друга форма на руменило за усни: без восочна, полутрајна течна формула. Некои други компании ја имитираа идејата, издавајќи ги нивните верзии на долготрајни кармини “lip stain” (усна дамка) “liquid lip colour” (течен кармин).

Трендови на карминот уреди

За време на раниот 20 век,карминот се појави во ограничен број на нијанси. За време на 19-от и 20-от век најпопуларна беше темноцрвената нијанса. Темноцрвената нијанса беше позната во 1920-тите. Помодарките од 1920-тите носеа кармин да ја симболизираат нивната независност. Карминот се ставаше околу усните за да формира “Купидонски лак”, инспириран од глумицата Клара Боу ( Clara Bow). Во тоа време нанесувањето на кармин во јавност и за време на ручек беше пристојно, но не и за време на вечерата. Во раните 1930-ти, Елизабет Арден (Elizabeth Arden) започна со претставување на различни бои на кармини. Таа инспирираше и некои други компании да создадат и други нијанси на кармини. Во 1920-тите, карминот беше гледан како симбол за сексуалност кај возрасните. Тинејџерките веруваа дека карминот е симбол за женственост. Возрасните пак, тоа го сметаа за бунтовен акт. Многу американки, особено имигрантки, не прифаќаа младите девојчиња да користат кармин. Истражување во 1937 откри дека 50% од тинејџерките имаа кавги со родителите за карминот. Во средината на 1940-тите год., неколку тинејџерски книги и списанија нагласија дека мажите претпочитаат природен изглед отколку нашминкано лице. Книгите и списанијата, исто така ги предупредија девојчинњата дека нанесувањето на козметика може да ги намали шансите за популарност и кариера. Резултатот од оваа статија беше тоа дека карминот и руменилото се за девојчиња кои сакаа да изгледаат попровокативно кај мажите. И покрај тоа, употребата на козметика растеше и сè уште тоа беше поврзувано со проституцијата. Тинејџерките беа обесхрабрени за нанесувањето на козметика од страв дека тие ќе бидат злоупотребени за “распуштенички” или проституција. Околу 1950-тите,филмските глумици Мерлин Монро (Marilyn Monroe) и Елизабет Тејрор (Elizabeth Taylor) помогнаа во враќањето на темноцрвените усни. Истражување спроведено во 1951 година покажа дека две третини од тинејџерките користеле кармин. На крајот на 1950-тите, козметичката компанија Гала (Gala) претстави палета на светкави кармини.Подоцна Макс Фактор (Max Factor) создаде познат обоен кармин наречен “Strawberry Meringue” ( колач со јагоди ). Производителите на кармин почнаа со производство на кармини во боја на лабанда,светло розова, бела и боја на праска. Родителите во основа се спротивставуваа кога девојчињата носат црвен кармин. Некои тинејџерки поцнаа да користат розов или кармин со боја на праска и тоа стана тренд. Белите кармини станаа модерни во 1960-тите. Рок групи како што се Роунтис (Ronettes) и Шајрлес (the Shirelles) го популаризираа белиот кармин. Девојките го нанесуваа белиот кармин над розовиот. Во тоа време, повеќето кармини беа или мат,или светкави или со малку сјајни. Во 1960-тите, карминот беше поврзуван со женственоста. Жените кои не користеа кармин се претпоставуваше дека се ментално болни или за лезбејство. Црниот кармин стана популарен во доцните 1970 и 1980-ти. Во 1950-тите црниот кармин го користеа глумци од хорор филмовите. Тој стана обожуван во време на субкултура на панк и гот-музиката. Во средината на 1980-тите,стана достапен кармин поврзан со расположението. Овој кармин ја менува бојата откако ќе биде нанесен врз основа на промени на телесната хемија и се претопставуваше се одликува и кај најчудното расположение.

Состојки уреди

Кармиот содри видови на восок,масла и средства за омекнување на кожата. Восокот му помага за да може карминот да добие цврста форма и го олеснува нанесувањето. Кармините можат да бидат направени од повеќе видови на восоци: восок од пчели,карнауба и канделила. Исто така се употребуваат и различни видови на масла и масти, како што се : маслиново масло, минерално масло, кокосов путер,ланолин и вазелин. Повеќе од 50% кармини произведени во САД содржат масти од свиња и рицинусово масло кои даваат сјаен изглед. Кармините ја добиваат нивната боја од различни бои вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на бромска киселина, D&Cцрвена боја бр.21, темноцрвените калциум бои како што се D&C црвена 7 и D&C црвена 34, и D&C портокалова бр.37. Розовитекармини се прават со мешање на титан диоксид и неколку црвени нијанси. Мат карамините содржат тешки восоци, но во нив нема многу средства за омекнување на кожата. Светкавите и долготрајните кармини содржат многу масла, додека пак долготрајните кармини содржат исто така и силиконско масло, кои ја задржуваат бојата на усните на потрошувачот. Кремастите кармини содржат повеќе восоци отколку масла. Сјајните кармини содржат повеќе масла за да дадат сјаен завршен изглед на усните. Сјајните кармини може да содржат мика, силика,рибни крлушки и синтетички перли, честички кои ќе им дадат сјајност. Карминот е направен од мелење и загрејување на состојките.Веќе загреаните восоци се додаваат во мешавината за состав. Маслата и ланолинот се додаваат по посебен рецепт. Потоа топлата течна смеса се истура на метал калап. Мешавината се оладува и се чува на ладно место за да може карминот да се зацврсти. Откако еднаш се зацврстени, пола секунда се загреваат за да добијат завршен сјај и да се отстранат недостатоците.

Траги (остатоци) од олово уреди

Во октомври 2007, истражување на група на потрошувачи во САД- Campaign For Safe Cosmetics, откри дека 60% од карамините соджат остатоци од олово, особено во црвените кармини. Нивото на олово варираше од 0.03 и 0.65 делови од милион. Една третина од карамините кои содржеа олово го прекорачија овластеното ограничување од 0.01 дел од милион поставено од раководителството за храна и козметика во САД за олово во бонбона.

Употреба во локалните јазици уреди

•“Lippy” е чест Британси колоквијализам за кармин . Општ консензус низ озборувачите во текот на денот беше причина што црвениот кармин стана толку популарен и се должи на развојот на боите кои кога се нанесуваат на усните на лицето на жената, создаваат излузија и навестуваше дека личеле на полови органи или сексуални усни што предизвикува сексуално исполнување. Вообичаено кога се носи црвената боја таа ги потесеќа обожавателите на нејзината плодност, исто така таа се користи за да привлече нов љубовник. •“Кармин за лезбејки” е геј или бисексуална жена која ги експонира атрибутите на женскиот род. Како алтернативен термин се смета дека во 1980-тите, во секојдневна употреба се користел за да се направи разлика меѓу лезбејки кои се придржуваат до поконвенционални родови улоги или оние кои не се придржуваат до нив. Во некои контексти тој има пејоративни конотации. •Фразата “кармин на неговата јака” е еуфемизам кој се кориси за да опише маж кој ја има изневерено партнерката.

Поврзано уреди