Карл XII (шведски: Karl XII) Вителсбах, нарекуван и Северниот Александар, бил крал на Шведска од 1697 до неговата смрт во 1718 година. Од Османлиите е нарекуван Демирбаш Шарл (Demirbaş Şarl). Тој е четвртиот крал од династија Вителсбах. Го наследил татко му на само 14 години на престолот на една од најмоќните држави во Европа. Русија, Данска, Полска и Прусија биле исплашени од силата на Шведското Царство и ја нападнале користејќи го малолетството на кралот (Големата Северна војна, 1700-1721). Карл покажал особени способности како полковник и последователно ги разрушил противниците. Но тој ги немал способностите на стратег и политичар и ја истоштувал земјата со непрекинати безрезултатни војни. Битката кај Полтава (1709) го навестила крајот на Шведското Царство. Карл бил ранет, паднал во кома и едвај бил спасен. Како бегалец бил примен од турскиот султан кој му обеќал помош. Минувајќи по земјите на Странџа, селаните масовно ги крстеле своите деца по него. И до ден денес има луѓе од тој крај кои се викаат Карл. Подоцна се враќа за да ја продолжи војната. За време на една опсада е убиен од случаен куршум, испукан од страна на Швеѓаните.

Карл XII Вителсбах
Karl XII
Крал
Портет на Карл XII
На престол5 април, 196730 ноември, 1718 (регент до ноември 1697)
Крунисување14 декември, 1967
ПретходникКарл XI
НаследникУлрика Елеонора
Почивалиште26 февруари, 1719
ДинастијаВителсбаховци
ТаткоКарл XI

Надворешни врски уреди