Каравела е вид на мал издржлив и цврст брод со 2 или 3 високи јарболи од кои едниот е повисок од останатите.Овие бродови ги употребувале шпанските и португалските морепловци за време на патувањата и истражувањата во XV век.Потеклото на зборот каравела е од арапскиот јазик,а во Шпанија е пренесен преку андалусиските морепловци во XIII век.

Португалска каравела,украсена со крст како симбол на христијанството.Ова е стандардниот модел на каравела којашто ја употребувале португалците за пловидбите и истражувањата.Оваа каравела била доволна да собере 20 морнари.
Латинска каравела(типична за латинските земји)

Иако во XV се појавил брод под името Нау или карак,сепак од страна на португалците ваквиот брод бил употребуван за пловидба по Атлантскиот Океан,но само по познатите води на Европа и западна Африка.Каравелите биле употребувани за поголемите патувања по непознатите води на Атлантскиот Океан.Овие бродови имале носивост од 50 до 200 тони и биле со рамна палуба којашто била повисока на краевите од бродот,а на бродот биле вградувани и 2 до 3 јарболи(доколку биле 2 биле со приближно еднаква висина,а доколку биле 3 средниот бил највисок).

Поради малите димензии каравелите главно биле погодни за пловидба по плитки води,меѓутоа тие биле одлични за пловидба по водите на Атлантскиот Океан.Каравелата со својата брзина,агилност и издржливост ги оправдувала средствата за нејзина изработка и ја правело најефикасен брод на тоа време.Подоцна се граделе и каравели со поголеми димензии и 4 јарболи коишто биле употребувани за подолгите патувања и кои се значајни при Големите географски откритија.

Првите каравели биле со носивост од 50 тони,должина од 20-30 метри и висина којашто била во размер 1:3,5 во однос со должината на бродот.Кон крајот на XV век каравелите биле изменети,а на нив им се давало значење и биле поврзани со караците,односно нивните весла,јарболи и едра биле слични на оние кај каракот.Добар е примерот што бродот Санта Марија којшто е еден од трите брода на Кристофер Колумбо бил карак,а останатите 2 Ниња и Пинта биле каравели.Денес често се сретнува дека Кристофер Колумбо пловел со 3 каравели од што и произлегува сличноста на каракот со каравелата.Во овој период каравелата била со широк преден дел којшто наликувал на тврдина,па овој брод е попознат и со името caravela redonda.

Во почетокот на XVIвек останало името caravela redonda.Во овој период каравелите биле градени со 4 јарболи и нешто поголеми димензии,а Португалците ги искористиле за патување до Бразил и јужна и источна Азија.Исто така започнале да се градат и да се градат топови вградени во бродовите коишто сè повеќе наликувале на галии.