Капетинска династија

Капетите биле благородничко француско семејство и владејачка династија на земјата од 987 до 1328 година.

Семеен грб

Династијата името го добила по нејзиниот основач Иго Капет. Тој имал посед на територија што се простира меѓу реките Сена и Лоара, вклучувајќи ги градовите Париз и Орлеан. Припадниците на династијата се бореле против велможите, моќните грофови и војводи. Тие исто така војувале и против надворешните непријатели на земјата, како што била Англија, особено династијата Плантагенет, во чие време делови од Франција, како Нормандија, Анжуј и Аквитанија биле под англиска власт. Францускиот крал Филип II Август го победил англискиот крал Јован без земја во 1214. Власта на династијата се зацврстувала со години, а кралот Луј IX, дури спровел и судски реформи. СО зацрвстувањето на државата, започнале да се создаваат сталежи, кои имале голема улога во управувањето со државата.

По смртта на кралот Шарл IV во 1328, немало машки наследник којшто можел да го наследи на престолот, па власта преминала во рацете на династијата Валоа.

Кралеви на Франција од Капетинската династија уреди