Капа е предмет за облекување кој се става на главата и служи за заштита од врнежи, студ, сонце, но исто така и како моден детал. Капите можат да се изработуваат од различни материјали: волна, платно, кожа или синтетички материјали.[1]

Плетена капа

Видови уреди

Постојат повеќе различни начини како можат да се поделат капите. Пред сè според материјалот и времето кога се носат. Плетените капи обично се направени од волна и се погодни во студените зимски месеци. Меѓу имињата на капи често можеме да ги слушнеме следниве:

и многу други.

Капата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Капата и сватот“ (српски: Капа и сват) — српска народна приказна.[2]
  • „Невидливата капа“ — српска народна приказна.[3]
  • „Волшебната шубара“ — кавкаска народна приказна.[4]
  • „Трите шапки на мистер Хепи“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[5]
  • „Шеширот на дедо“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[6]
  • „Бајка за црвеното капче“ (руски: Сказка о красноҋ шапочке) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1917 година.[7]
  • „Капа“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[8]
  • „Шапка од леопардова кожа“ (англиски: Leopard-Skin Pill-Box Hat) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1966 година.[9]
  • „Пријатно, поркпај капо“ (англиски: Goodbye Pork Pie Hat) — песна на американскиот џез-музичар Чарлс Мингус (Charles Mingus).[10]

Надворешни врски уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Kape za trčanje
  2. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 405.
  3. Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 73-76.
  4. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 128-138.
  5. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 42-44.
  6. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 80.
  7. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 96.
  8. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 170-171.
  9. YouTube, Bob Dylan - Leopard-Skin Pill-Box Hat (Audio) (пристапено на 23.12.2019)
  10. Discogs, Joni Mitchell ‎– Mingus (пристапено на 31.1.2021)