Каменик (грчки: Πετρία, Петрија; книжевно: Πετραία, Петреа; до 1926 година: Κάμενικ, Каменик[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Каменик
Πετρία
Каменик is located in Грција
Каменик
Каменик
Местоположба во областа
Каменик во рамките на Вртикоп (општина)
Каменик
Местоположба на Каменик во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 22°09′E / 40.717° СГШ; 22.150° ИГД / 40.717; 22.150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаВртикоп
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно918
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа 5 километри јужно од градот Вртикоп, на надморска височина од 60 метри.[3]

Сместено е во областа Сланица, во североисточното подножје на планината Каракамен, на околу 20 километри југоисточно од градот Воден.

Селото се наоѓа крај железничката линија Солун-Воден-Битола и поседува своја железничка станица.

Историја уреди

До 1924 година, Каменик било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 89 бегалски семејства со вкупно 396 жители.[4]

Името на селото било променето во 1926 година во Петреа (Πετραία).

Стопанство уреди

Бидејќи лежи во поле и земјиштето се наводнува, Каменик е многу богато село. Главни производи се овошје (праски и јаболка) и во помало количество жито. Делумно е развиено и краварството.[3]

Население уреди

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години Каменик (Καμενίκη) имало 15 семејства христијани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители Македонци.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Каменик (Kamenik) имало 120 Македонци.[3][7]

Во 1910 година во селото Каменик (Κάμενικ) имало 134 жители христијани и 11 муслимани.[8]

Во 1920 година, Каменик било посочено со 8 македонски и 11 куќи на Роми-христијани.[9]

Во пописот од 1913 година било забележано со 126 (од кои 71 маж и 55 жени[10]), а во 1920 година со 128 жители. Во 1924 година се населиле поголем број бегалски семејства (89 семејства со 396 доселеници), така што селото во 1928 година се зголемило на 516 жители, а во 1940 година на 722, од кои 290 Македонци, а останатите бегалци. Според пописот од 1951 година, селото имало 626 жители, во 1961 година 813, во 1971 година 786, во 1981 година 845, а во 1991 година 871 жител.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 921 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 918 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 722 626 813 786 845 871 921 918
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Каменик, во кој покрај селото Каменик влегуваат и селата Бања и Ново Село.

Општествени установи уреди

  • Железничка станица „Каменик“
  • Полициска станица

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάμενικ -- Πετρία
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 49.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  6. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
  8. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  9. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
  10. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2012-12-16.

Белешки уреди