Камбанарија Свети Марко (Венеција)

Камбанаријата пред базиликата Свети Марко (италијански: Campanile di San Marco) е еден од најголемите симболи на градот Венеција, Италија. Тој се наоѓа на истоимениот плоштад до истоимената катедрала.

Камбанарија Свети Марко
Campanile di San Marco
Карта
Општи податоци
ГрадВенеција
ЗемјаИталија

Објектот е висок 98,6 метри, и од овој тип е еден од најголемите во земјата. Квадратниот му облик има ширина од 12 метри и висина од 50 метри, а над квадратната форма од објектот се наоѓа камбаната. Кровот на кулата е во форма на пирамида, а на врвот од кулата се наоѓа златна статуа на архангел Гаврил.

Историја уреди

Изградбата на објектот започнала уште од 9 век, во времето на дуждот Пјетро Трибун, на темелите на некоја поранешна римска градба. Камбанаријата била направена во 12 век, во времето на дуждот Доменико Моросини, а како главен пример за неговата изградба била земена камбанаријата во Аквилеја. Во текот на 14 век, објектот повторно бил реновиран.

Камбанаријата во 1489 година била погодена од страна на гром. Во 1511 година истото се случило од земјотрес. По овие настани, архитектот Џорџо Спавенто започнал со санација на кулата од нејзиниот темел. Во проектот биле вклучени и архитектите од Бергамо, Џовани и Бартоломео Бон. Денешниот изглед камбанаријата го добила во тоа време. Целосно работата била завршена на 6 јули 1513 година, кога свечено била поставена статуата на архангел Гаврил.

Во текот на својата историја, кулата постојано била реновирана, главно поради удари од грмови. Во 1609 година, Галилео Галилеј камбанаријата му послужила за демонстранција на неговиот телескоп. Во 1653 година поредната обнова му била доделена на архитектот Балдасаре Лонгена. Во 1745 година повторно од гром била направена голема штета, а загинале и неколку луѓе од одроните. Конечно, во 1776 година бил поставен громобран. Во 1820 година, статуата на врвот била заменета со нов.

На 14 јули 1902 година, камбанаријата се срушила до темел. При нејзиното срушување, никој не настрадал, освен една мачка која живеела во неа[1]. Поради позицијата на која се наоѓа, штетите од ова биле мали. Истата вечер градот одобрил повеќе од 500.000 лири за обнова на објектот. Било одлучено да се изгради онаков каков што бил претходно, со некои измени во самата конструкција. Работата траела до 6 март 1912 година, кога новата камбанарија официјално била пуштена на 25 април 1912 година, по повод празникот на Свети Марко, точно 1000 години откако била изградена првата црква Свети Марко[2].

Наводи уреди

  1. "". Produced, written and directed by David DeVries. Modern Marvels. The History Channel. 2003-11-04.
  2. Iain Fenlon, Piazza San Marco, str. 147, Profile Books, 2009