Калхант (старогрчки: Κάλχας = „бронзен“) — лик од старогрчката митологија, пророк и гатач, свештеник на Аполон и бегалец од Троја. Тој прорекол дека Троја нема да биде освоена без помошта на Ахил. Кога тројанскиот крал Пријам го одбил барањето на Агамемнон да ја ослободи Елена, го испратил Калхант да се посоветува со свештеничката Питија во храмот Делфи. Претскажувајќи го разурнувањето на Троја, таа му наредила на Калхант да пребега кај Грците. Пред почетокот на Тројанската војна, кога грчката војска чекала поволен ветар за да исплови, Калхант прорекол дека грчките бродови нема да испловат додека Агамемнон не ја жртвува својата ќерка Ифигенија.[1]

Калхант раководи со жртвувањето на Ифигенија, фреска од Помпеја.

Наводи уреди

  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 166.