Калиште

село во Општина Врапчиште

Калиште — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Калиште
Калиште во рамките на Македонија
Калиште
Местоположба на Калиште во Македонија
Калиште на карта

Карта

Координати 20°51′29″N 41°52′36″E / 20.85806° СГШ; 41.87667° ИГД / 20.85806; 41.87667Координати: 20°51′29″N 41°52′36″E / 20.85806° СГШ; 41.87667° ИГД / 20.85806; 41.87667
Општина Врапчиште
Население 511 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07039
Надм. вис. 775 м
Калиште на општинската карта

Атарот на Калиште во рамките на општината
Калиште на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 16 километри северозападно од Гостивар.

Историја уреди

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948685—    
1953729+6.4%
1961795+9.1%
1971874+9.9%
1981857−1.9%
ГодинаНас.±%
199146[2]−94.6%
1994835+1715.2%
2002681−18.4%
2021511−25.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 681 жител, од кои 1 Македонец, 668 Албанци и 12 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 511 жители, од кои 482 Албанци и 29 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 685 729 795 874 857 46 835 681 511
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови: уреди

Калиште е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

Доселеници

  • Меметолар или Скавица (25 к.) доселени се од селото Скавица во Љума, северна Албанија. Овде се доселиле преку превојот Враца на Шар Планина. Го знаат следното родословие: Шефик (жив на 65 г. во 1947 година) Али-Емрула-Јакуп-Ајваз-Алија, кој се доселил. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Врапчиште и Сенокос.
  • Монолар или Дреч (26 к.) доселени се од некое село во Албанија. Според П. Јовановиќ, доселени се од некое село на планината Кораб. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
  • Фератолар или Хасњан (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (некои кажуваат од Бицаја во Љума). Постои и трето предание според кое се доселени од областа Матија. Имаат иселеници во Пожаране, Пирок, Сенокос и Турција (три семејства).
  • Реч (28 к.) доселени се од истоименото село во Калиса во северна Албанија. Имаат иселеници во Турција (едно семејство).
  • Ѓани (1 к.) доселени се од селото Штировица во Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија.
  • Исмаиловци (1 к.) доселени се од селото Пожаране. Таму припаѓале на истоимениот род. Имаат православни Македонци за роднини (Шутевци).[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 452 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 814 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Од Албанците покрај наведените иселеници во Тетово, Гостивар, Турција и некои полошки села. Иселени се и Таироски во селото Новаќе. Калишт во селото Сенокос. Калиш во селото Радуша.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.

Надворешни врски уреди