Калифорниска пастрмка

Калифорниска пастрмка
безбедна
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Salmoniformes
Семејство: Salmonidae
Род: Oncorhynchus
Вид: O. mykiss
Научен назив
Oncorhynchus mykiss
Валбаум, 1792
Подвидови

Видете го текстот

Калифорниска пастрмка или Виножитна пастрмка (Oncorhynchus mykiss) — еден од дваесетина слатководни видови на родот, кои се распространети по Тихоокеанското крајбрежје на Северна Америка и има извонредно големо стопанско значење во светот. Во Европа е пренесена во 1882 година и тука мошне успешно се аклиматизирала.

Опис и распространетост уреди

Максималната должина изнесува до 1 м и маса до 20 кг. На ралото има една или две серии заби. Името го добила по посебното обојување долж средината на страните на телото, каде постои еднаширока лента што се прелива во боите на виножитото. По целото тело, освен перките од долната страна на телото, има бројни црни флеки. Грбот е модро сив до маслинесто зелен или чисто темнозелен, зависно од условите на живот, страните се сиво сребренести, а стомакот е бел. Центар на оформување на калифорниската пастрмка е сливот на реката Сакраменто во сојузната држава Калифорнија, во САД, на источниот брег на Тихиот Океан. Од таму била пренесена низ целиот свет и претставувала главен објект на одгледување во ладноводните рибници, а и како спортско рекреативен објект во вештачките акумулации.[1]

Основни биолошки одлики уреди

Се мрести на две или тригодишна возраст, главно во периодот ноември-март, а и подоцна. Пречникот на икрата е околу 4 мм. Плодноста на женките е 500 до 2000 зрна икра. Ларвите се излупуваат по 330 до 400 степеноденови и имаат голема жолточна кеса. Младите имаат од 11 до 13 големи темни флеки по страните на телото. Таа е одличен и брз пливач. Во природни услови се храни со ракчиња, ситни мекотели, ларви од инсекти, возрасни инсекти, црви, поситни ‘рбетници од водата и нивна икра. Достигнува должина до 90 см и маса до 16 кг.[1]

Значење уреди

Во нашата земја, како и во цел свет, има извонредно големо стопанско значење. Имено, таа е една од рибите кои интензивно се одгледува во ладноводните рибници ширум светот и кај нас. Има извонредно поволни производни својства. Со интензивна селекција создадени се линии со извонредно поволни и комерцијално профитабилни особини. Отпорна е на болести, лесно се размножува, интензивно расте, отпорна е на температурни промени. Денес постојат линии кои интензивно се исхрануваат и на релативно високи температури и над 25°С. Создадена е и линија со жолта боја, како злато (златна пастрмка), која е добро прифатена на пазарот и особено е барана. Од аспект на рекреативен риболов е значајна во водотеците во кои постојат рибници каде се одгледува. Од нив редовно бега одредена количина на риби. Истата се лови од страна на рекреативните риболовци без ограничувања.[1]

Кај овој вид риба се работи за една силно бастердирана форма од неколку форми пастрмски риби, кои сите потекнуваат од Северна Америка и кои денес едвај можат да се најдат како чисти линии. Тоа е рибата која Jordan во 1894 година ја опишал како Salmo shasta, рибата која Gibbons во 1855 година ја опишал под име Salmo irideus. Овие две форми заедно со таа опишана како Salmo gaerdneri од Richardson во 1836 година, со тек на времето и распространувањето во Европа и светот под едно, друго или трето име, довеле до тоа денес да се оперира со едно име Salmo gardneri Richardson или Калифорниска пастрмка. За овој вид риби во литературата се користат и имињата Parasalmo gairdneri Richardson (во поново време) Oncorhynchus mykkis Richardson.

Калифорниската пастрмка има извонредно значење за рибарството во светот и е водечка риба во слатковидната салмонитура. Интересна е за спортските риболовци. Има поголема пластичност од другите пастрмки кон условите на средината меѓу кои најзначајни се:

  • голема издржливост кон зголемени температури на водата (над 25°С, ретко и 30°С);
  • побрзо темпо на растење од другите пастрмки. Може да порасне до 300 - 400 g во поволни услови;
  • голема лакомост и добро прифаќање на храната во слободната вода што е важен предуслов за стопанско одгледување;
  • покус период на инкубација на икрата;
  • вкусно месо;
  • голема резистентност кон повеќето рибни болести;

Тука секако треба да се имаат предвид и негативните својства(осетливоста кон болеста вртичавост, поттиснување на автохтоната пастрмка од некоја вода и др).

Фотографии уреди

Надворешни врски уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Службен весник на Р.Македонија, бр.145 2011 година