Калиник IV Цариградски

Калиник IV Цариградскивселенски патријарх во период од неколку месеци во 1757 година и познат писател и учител.

Калиник IV Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Назначен16 јануари 1757
Службата завршила22 јули 1757
ПретходникКирил V
НаследникСерафим II
Лични податоци
Световно имеКонстантин Маврик
Роден1713
Загора, Грција
Починал1791 (на 77–78 г.)
Загора, Грција
Претх. службаМитрополит во Brăila

Калиник IV понекогаш означуван и како Калиник III поради претходникот Калиник, кој бил избран во 1726 година но починал пред да седне на престолот, понекогаш не се вбројува меѓу патријарсите.[1]

Живот уреди

Константин Маврик е роден во Загора Грција во 1713 година и во 1728 година се преселил во Цариград. Во 1740 година тој бил назначен за ѓакон и на 28 август 1741 година тој бил назначен за голем протосинкел во патријархот. На 23 септември 1743 година бил назначен за митрополит во Браила, каде останал сè до 1748 година кога се вратил во Цариград.[2]

Годините во Цариград ги минал во дебата со православната заедница дали оние кои се преобратиле во римокатолици и Ерменски праводлавни христијани треба повторно да бидат покрстени. Овие заедници биле особено бројни по Турско–Венециската војна кога отмоманската војска го освоила Пелопонез кој бил под управа на Венеција.

Поддржувачите на неважноста на католичките и ерменските покрстенија и последователно потребата од препокрстување, биле патријархот Кирил V поддржан од страна на Евгениј Бугарски и Евстратиј Аргент, и поголем дел од населението, кое било поттикнато од страна на монахот Авксенти.[3] Отпорот кон повторното крстење бил предводен од поголемиот број на митрополите предводени од Калиник. Нивниот отпор не се должел поради почитување на латините, туку поради тоа што прекрстувањето не било земено предвид во старите канони и било спротивно на литургиската пракса.

Кога Светиот синод гласал на 28 април 1755 година против барањето на Кирил V, тој ги прогонил членовите на Светиот синод кои бие против неговата замисла.[4] Калиник бил прогонуван и морал да побегне. Во 1755 година Кирил V го објавил официјално „Заповедта на Големата Христова света црква“ според која сите морале да се прекрстат.

Во 1756 година Калиник се засолнил во француската амбасада во Цариград, каде добил огромна сума на пари која била дадена на султанот Осман III. Ова довело Кирил да биде сменет на 16 јануари 1757 година а на негово место бил назначен Калиник.[4] Сепак неговото назначување предизвикало силен отпор кај народот, па негвото прогласување за патријарх можело само да се спроведе во присуство на турската војска. По церемонијата, толпата се обидела неуспешно да го зароби.[4] Ова противење го спречило Калиник да се обиде да ја поништи Заповедта, и неговата положба била толку тешка што морал да се повлече на 22 јули 1757 година,[5] по што бил наследен од страна на Серафим II кој бил неутрален по ова прашање.[3]

По неговото повлекувањеКалиник вил протеран на Лимнос а подоцна во Синај каде останал во манастирот Света Катерина. Тука тој работел во старата библиотека на манастирот. Во јануари 1761 година се вратил во Цариград, каде му било простено и во октомври 1763 година се вратил во родниот град, Загора.[2]

Последните години од својот живот ги минал во Загора, каде ја основал месната библиотека и се посветил на изучување на книги и пишување.[6] Починал во Загора во 1791 година.

Наводи уреди

  1. The ordinal number "IV" is used by scholars such as Gedeon (1890), Janin (1914), Runciman (1985), Kiminas (2009)
  2. 2,0 2,1 Λιναριτακησ, Εμμανουηλ (1996). Οικουμενικός Πατριάρχης Καλλίνικος ο Γ΄ (Δ΄) και το θέμα του αναβαπτισμού (Thesis). Aristotle University Of Thessaloniki (AUTH). стр. 407-408 and abstract. Посетено на 21 June 2011.(грчки)
  3. 3,0 3,1 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 358–9. ISBN 978-0-521-31310-0.
  4. 4,0 4,1 4,2 Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 161–2. ISBN 0-521-02700-4.
  5. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  6. „Οικουμενικός Πατριάρχης Καλλίνικος ο Γ΄ (Δ΄)“. Zagora Public Historical Library. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 21 June 2011.(грчки)