Калиник III Цариградски

Калиник III ЦариградскиВселенски патријарх во период од еден ден во 1726 година.

Калиник III Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Избран19 ноември 1726
Службата завршила20 ноември 1726
ПретходникЕремија III
НаследникПајсиј II
Лични податоци
Починал20 ноември 1726
Цариград
Претх. службамитрополит во Ираклија

Живот уреди

Калиник по потекло бил од островот Наксос и пред да биде избран за патријарх тој бил митрополит во Ираклија.

Кога патријархот Еремија III бил расчинет на 19 ноември 1726 година, Калиник бил избран за патријарх истиот ден, но починал ноќта во својот дом пред да застане на престолот,[1] најверојатно од срцев удар поради изборот за патријарх.[2]

Сумата која требал да ја плати на султанот за неговото назначување била најголемата некогаш одредена и изнесувала 36.400 гроша.[2] Високите суми за наначување кои морале да бидат платени од црквата се должеле на фактот што султаните биле алчни и поради кавгите кои постоеле во христијанската заедница што доведувало брзи промени и преназначувања на патријарсите. Поради скандалот со толкава сума на пари потрошена за еден ден ситуацијата се подобрела со помали давачки и подолги владеења.[2]

Наводи уреди

  1. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41,47. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  2. 2,0 2,1 2,2 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 202. ISBN 978-0-521-31310-0.
Претходник
Еремија III
Цариградски патријарх
1726
Наследник
Пајсиј II