Калиманци

село во Општина Виница

Калиманцисело во Општина Виница во областа Пијанец Се наоѓа во близина на Калиманското Езеро.

Калиманци
Калиманци во рамките на Македонија
Калиманци
Местоположба на Калиманци во Македонија
Калиманци на карта

Карта

Координати 41°58′27″N 22°36′59″E / 41.97417° СГШ; 22.61639° ИГД / 41.97417; 22.61639
Регион Источен
Општина Виница
Население 239 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2310
Повик. бр. +38933
Шифра на КО 05009
Надм. вис. 842 м
Калиманци на општинската карта

Атарот на Калиманци во рамките на општината
Калиманци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Ова е планинско село на надморска височина од 850 метри и се наоѓа над браната Калимаци, на левата страна над кањонот на реката Брегалница. Од градот Виница е оддалечено 20 километри, а од градот Македонска Каменица — 8 километри.

Историја уреди

Во Калимаци меѓу 17 и 24 јули 1913 се водела Битката кај Калиманци.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948831—    
1953871+4.8%
1961886+1.7%
1971731−17.5%
1981535−26.8%
ГодинаНас.±%
1991357−33.3%
1994311−12.9%
2002239−23.2%
202196−59.8%

Според бугарот К’нчов Калимаци во 1900 година имало 600 жители Македонци[3], од кои 425 биле муслимани а 175 христијани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Во 1971 селото имало 731 жител Македонци. Во 1981 бројот на населението бил 535 жители, а во 1991, 350 жители. Според пописот од 2002 година во Калиманци живееле 239 жители, Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 93 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 831 871 886 731 535 357 311 239 96
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

Калиманци е македонско село.

Родови во селото: Чаловци (10 к.), Стаменковци (10 к.) Маниловци (7 к.), Каменарци (4 к.) и Мртвачи (4 к.) за Стаменковци се знае дека се доселени од селото Безиково, а останатите родови возможно е да се староседелски; после 1912 година во Калиманци се населиле голем број на македонски жители. Од Безиково се доселиле (27 к.), од Дулица кај Македонска Каменица (27 к.), од Саса кај Македонска Каменица (10 к.), од Грљани (8 к.), од Пресека (6 к.), и од Вратиславци, Делчевско (3 к.).[12]

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 321 и 322 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месна заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 157 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта

Во селото има голем број археолошки наоѓалишта од римскиот период и средниот век.[15]

  • Велогат — населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Игнатевци, во нивите на М. Митев се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, а се забележуваат и темели од објекти.
  • Виничка Скала — населба од доцноантичкото време. На 500‡600 м северозападно од наоѓалиштето Остовец се констатирани остатоци од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.
  • Горица — некропола од римското време.
  • Манастириште - Студењак — населба од римското време. На 3 км северно од стариот пат Кочани-Делчево, во нивите на семејствата Зоеви и Илкови се наоѓаат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На почетокот на педесеттите години биле откриени две женски статуи — каријатиди од крупнозрнест мермер кои се чуваат во Заводот и музеј во Штип.
  • Остовец — средновековна црква. Недалеку од Калиманци, на левата страна од стариот пат Кочани-Делчево, на зарамнето плато пошумено со багремови дрвја се наоѓаат остатоци од ѕидови на црква со мали димензии.
  • Русалски Гробишта — некропола и тумул од железното време. На 500 м јужно од училиштето во правецот на Јуручко маало, на терасесто плато се гледаат конструкции од дваесетина гроба распоредени во круг кој формира основа од тумул со пречник од околу 5 м и височина од 0,80 м. Гробовите се градени од камени плочи и се поставени во правците исток-запад и северозапад-југоисток
  • Студењак — населба од доцноантичкото време.
  • Царевец — населба и некропола од римското време. На ниските тераси околу плодното и не многу големо Калиманско Поле, во месностите Кунец, Поревица и Вртен Даб се среќаваат остатоци од градби, а по површината многубројни фрагменти од керамички садови со сива боја. Северозападно од месноста Кунец, на малата височинка Горица е констатирана некропола.
  • Цинцов Рид — населба од римското време. Се наоѓа во Паднато Маало што лежи меѓу наоѓалиштето Манастириште и патот Кочани-Делчево. Во нивите се среќаваат фрагменти од атипична керамика и од тули со римска форма.
Цркви

Црква „Св. Симеон Столпник“ - осветен камен темелник на 19 ноември 2020 година[16]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Галерија уреди

Литература уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 718
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.229
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Државен завод за статистика
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  15. „Музеј Виница“. Архивирано од изворникот на 2016-01-02. Посетено на 2012-05-19.
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 2022-01-20.

Надворешни врски уреди