Калид Шеик Мухамед

Калид Шеик Мухамед (арапски: خالد شيخ محمد‎, 1 март 1964) е кувајтски милитант и член на Ал-Каеда.

Калид Шеик Мухамед
خالد شيخ محمد‎
Роден(а)1 март 1964
Кувајт

Пред да биде уапсен живеел во Авганистан, предводејќи ги операциите на организацијата во 1999 година. Се смета дека бил главниот одговорен во организацијата при нападите од 11 септември во САД. По неговото апсење, Мохамед бил држен како таен затвореник на ЦИА, при што бил подложен на сурови техники на испрашување, додека не бил префрлен во Гвантанамо.

Како што велат од американските воени структури, покрај признавањето на својата вмешаност во нападите од 11 септември на Вашингтон и Њујорк, тој признал и дека бил вмешан во повеќе од 30 терористички ќелии во целиот свет, вклучувајќи и планови за напад на Биг Бен во Лондон, нападот на Светскиот трговски центар во 1993 година, убиството на Даниел Перл итн.

Тој бил уапсен на 1 март 2003, во Равалпинди, Пакистан, од страна на пакистанските служби.

Наводи уреди