Каламарија

предградие на Солун и општина во Егејска Македонија

Каламарија (грчки: Καλαμαριά) — предградие на Солун, Егејска Македонија, 5 км југоисточно од центарот на градот. Претставува самостојна општина во Солунскиот округ и во 2011 г. броела 91.279 жители.

Каламарија
Καλαμαριά
Каламарија од воздух
Каламарија од воздух
Каламарија is located in Грција
Каламарија
Каламарија
Местоположба во областа
Каламарија во рамките на Каламарија
Каламарија
Местоположба на Каламарија во областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°57′E / 40.583° СГШ; 22.950° ИГД / 40.583; 22.950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
Површина
 • Општина6,40 км2 (250 ми2)
Најг. вис.&1000000000000003500000035 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2021)[1]
 • Општ.92.238
 • Општ. густина140/км2 (370/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.551 xx
Повик. бр.+30231
Рег. таб.N
Мреж. местоkalamaria.gr

Географија уреди

Местото е сместено на брегот на Солунскиот Залив и на него има брегова линија од 6,5 км.

Историја уреди

 
Македонска невестинска носија од Каламарија.

Подрачјето околу Каламарија е населено уште од праисторијата. Во близината е откриена древна наелба и голем број наоди.

Името Каламарија првпат се среќава во 1083 г. и ја означува областа југоисточно од Солун. Во византиско и турско време месноста била слабо населена. Низ вековите, месноста била и останала чисто македонска.

На крајот од XVIII и почетокот на XIX век во Солун пребегнале многу Македонци ид Дебарско, Охридско, Костурско и други места поради немирите за време на Али-паша Јанински, Џеладин-бег, востанието од 1921 г., дури и по грчко-турскиот мир (1829). Дојденците создале две нови македонски маала: Вардарско (во западниот дел на Солун) и Каламариско/Гелемерииско (во источниот) со енориите Св. Атанасиј, Панагуда, Панагеја-Декса и Ипапанти.[2]

Во XIX век македонското население го опслужувала црквата „Св. Кирил и Методиј“.

Во 1868 г. Стефан Салганџиев ја посетил Каламарија и забележал дека е чисто македонски град (нарекувајќи го „бугарски“), слушајќи дебарски дијалект во сите дуќани, кафеани и магази. Сите обичаи и начин на живот биле пренесени од Дебарско.[3]

Современа Каламарија уреди

Современото населено место е основано во 1920-тите од грчки доселеници од Грузија и Мала Азија, изгонети во Грчко-турската војна од 1922 г. Во околината на Солун се населени околу 100.000 доселеници.

Од основањето до денес, Каламарија бележи постојан развој 1981 до 2001 г. населението нараснало на 36.000 или за цели 69%. Сè до 1943 г. местото припаѓало на Општина Солун, а потоа добило статус на своја административна единица со површина од 7.200 акри.

Природното окружување на Каламарија и одличната урбанистичка решеност непрестајно привлекуваат нови жители. Животниот стандард е висок во споредба со останатите градови во Грција, и има добро развиена туристичка дејност.

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Салгънджиевъ, Стефанъ K. (1906). ЛИЧНИ ДѢЛА И СПОМЕНИ по възраждането на Солунскитѣ и Сѣрски Българи. Пловдивъ: Печатница „Трудъ” на П. Бѣловѣждовъ. стр. 33.
  3. Салгънджиевъ, Стефанъ K. (1906). ЛИЧНИ ДѢЛА И СПОМЕНИ по възраждането на Солунскитѣ и Сѣрски Българи. Пловдивъ: Печатница „Трудъ” на П. Бѣловѣждовъ. стр. 17.

Надворешни врски уреди