Кактуси

семејство растенија
Кактуси
Разни видови на кактуси
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Кактуси
Кактус одгледуван во ботаничката градина во Сингапур
Многу видови кактуси имаат долги и остри боцки.

Кактуси (науч. Cactaceae) — семејство скриеносеменици, на која припаѓаат околу 1650 видови,[1] кои растат во голем дел на Северна и Јужна Америка, а најразновидни се во Мексико.

Опис уреди

Повеќе видови кактуси растат во суви предели (пустини и полупустини). Тие обично имаат дебела зелјести или дрвенеста стебла кои содржат хлорофил. Лисјето обично се формирани со трње или се многу суви, со што се смалува површината со која растението ја губи водата. Обично имаат тенки, разгранети, плитки корења. Цветовите на кактусот често се крупни и со живописни бои, а обично растат поединечно. Кактусите се одгледуваат како украсни растенија, а разни видови се одгледуваат и како храна.

Кактусите како тема во уметноста и во популарната култура уреди

 
Расцветан кактус
  • „Кактус“ — краток расказ на македонската писателка Лилјана Дирјан.[2]
  • „Кактус“ — песна на српскиот поет Васко Попа.[3]
  • „Црвениот кактус“ — книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.[4]
  • „Украдениот кактус“ — расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[5]
  • „Кактусово дрво“ (англиски: Cactus Tree) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1968 година.[6]
  • „Кактус“ (англиски: Cactus) — песна на американската рок-група Пиксис (The Pixies) од 1988 година.[7]

Наводи уреди

  1. Christenhusz, M. J. M. & Byng, J. W. (2016). „The number of known plants species in the world and its annual increase“. Phytotaxa. Magnolia Press. 261 (3): 201–217. doi:10.11646/phytotaxa.261.3.1.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 121.
  3. Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 14.
  4. Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281.
  5. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  6. Joni Mitchell – Song To A Seagull (пристапено на 24.4.2023)
  7. Pixies – Surfer Rosa (пристапено на 13.3.2024)

Надворешни врски уреди

Кактусарница (македонски)