Како да се извлечеш со убиство

Како да се извлечеш со убиство (англиски: How to Get Away with Murder) е американска телевизиска серија која за првпат започнала да се прикажува на телевизиската мрежа ABC на 25 септември 2014 година.[1] Серијата била создадена од Питер Ноуолк и продуцирана од Шонда Рајмс преку нејзината продукциска куќа Shondaland и од ABC Studios.

Како да се извлечеш со убиство
Жанр
Создадена одПитер Ноуолк
Улоги
Тематски композиторФотек
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди90 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)
Продуцент(и)
  • Скот Колинс
  • Трејси Беломо
  • Виола Дејвис (3. сезона)
Кинематографија
  • Мајкл Прајс
  • Џеф Џур
Уредници
Времетраење43 минути
Продукциска куќа
ДистрибутерDisney–ABC Domestic Television
Прикажување
Првична мрежаABC
Сликов формат720p (HDTV)
Звучен форматпросторен звук 5.1
Првично прикажување25 септември 2014 (2014-09-25)
Надворешни врски
Мрежно местоabc.go.com/shows/how-to-get-away-with-murder

Виола Дејвис ја толкува улогата на Аналис Китинг, професорка по право на престижен универзитет во Филаделфија, која заедно со пет нејзини студенти се заплеткува во убиство.[2] Покрај Дејвис, во серијата главни улоги играат и Алфред Енох, Џек Фалахи, Аџа Наоми Кинг, Мет Мекгори и Карла Соуза како студенти на Аналис Китинг, Чарли Вебер и Лајза Веил како нејзини соработници и Били Браун како детектив на полицијата на Филаделфија и љубовник на Аналис Китинг. Од третата сезона, Конрад Рикамора се здобил со главна улога, откако во претходните две сезони толкувал епизодна улога.

За својата изведба, Дејвис добила критичко признание; таа станала првата црнка добитник на Еми награда за најдобра глумица во драмска серија и добила две награди за најдобра глумица во драмска серија на наградите кои ги доделува здружението на филмски глумци. Дејвис исто така заработила две последователни номинации за Златен глобус за најдобра глумица и три последователни номинации за наградите кои ги доделува здружението на телевизиски критичари.

На 10 февруари 2017 година серијата била продолжена на четврта сезона, која се прикажува од 28 септември 2017 година.[3]

Содржина уреди

Сезона Епизоди Оригинално емитувани Нилсен рејтинзи
Почеток Крај Ранг Гледачи
(милиони)
1 15 25 септември 2014 26 февруари 2015 30 8.99
2 15 24 септември 2015 17 март 2016 32 5.29
3 15 22 септември 2016 23 февруари 2017 44 4.92
4 15 28 септември 2017 15 март 2018

Прва сезона уреди

Аналис Китинг е истакната адвокатка по кривично право и професорка по право на Универзитетот Мидлтон во Филаделфија. Таа избира пет студенти од прва година да стажираат во нејзината адвокатска фирма: Вес Гибинс, Конор Волш, Микејла Прат, Ашер Милстон и Лорен Кастиљо (петорката на Китинг). Тие работат со соработниците на Аналис, Френк Делфино и Бони Винтерботом. Во сезоната, покрај повремените случаи на кои работи Китинг заедно со студентите, се откриваат две поврзани убиства преку ретроспективни секвенци и настани кои се случуваат во идно време: убиството на Лајла Стенгард, љубовница на сопругот на Аналис, и потоа убиството на Сем Китинг, сопругот на Аналис, кој е убиен токму од петорката на Аналис. Покрај тоа, сезоната ја следи врската помеѓу Вес и неговата таинствена сосетка Ребека, и нејзината поврзаност со Лајла.

Првите девет епизоди наизменично покажуваат настани во сегашна временска рамка, прикажувајќи ги Вес, Конор, Микејла и Лорел како го прикриваат убиството на Сем, отстранувајќи го неговото тело, и ретроспективни секвенци кои го објаснуваат текот на настаните кои доведуваат до смртта на Сем. Последните шест епизоди го следат обидот на Аналис да им помогне на своите практиканти да го прикријат убиството на Сем, законски вовлекувајќи го него во убиството на Лајла, и преку ретроспективни настани се откриваат последните моменти на Лајла пред таа да биде убиена.

Втора сезона уреди

Првите девет епизоди се сконцентрираат на одбраната на Аналис на Кејлеб и Кетрин Хапстал, кои се обвинети за убиство на своите родители посвоители. Вес, во меѓувреме, се здружува со братот на Ребека обидувајќи се да ја пронајде. Конор се напрега околу неговата врска со Оливер, додека Ашер работи со јавната обвинителка Емили Синклер, со цел да ги заштити своите тајни од минатото. Во финалето на полусезоната, Синклер е убиена, додека пак Аналис е застрелана од Вес во стомакот со цел да помогне да се прикрие убиството на Синклер.

Вториот дел од сезоната се сконцентрира на Вес и неговата истрага за самоубиството на неговата мајка кое се случило десет години претходно; ретроспективни секвенци откриваат поврзаност на Аналис со нејзиното самоубиство. Сезоната завршува со откритието на Аналис дека Френк бил одговорен за собраќајната несреќа која го убила нејзиното бебе, со што Аналис го отфрла Френк од нејзиниот живот. Микејла и Ашер започнуваат врска, а Вес го запознава својот биолошки татко во истиот момент кога тој ќе биде застрелан и убиен од непознат сторител.

Трета сезона уреди

По смртта на Волас Махони, петте студенти се обидуваат да продолжат понатаму со животот. Првите девет епизоди се сконцентрираат на предавањата на Аналис по кривично право и решавањето на случаите од самите студенти. Сепак, позицијата на Аналис како професорка е загрозена, откако непозната личност го излепува целиот кампус со флаери на кои пишува дека таа е убиец. Врската на Ашер и Микејла започнува да напредува, исто како и врската помеѓу Вес и Лорел. Во финалето на полусезоната, Аналис е уапсена откако телото на Вес е извлечено од нејзината опожарена куќа. Сепак, Нејт дознава дека Вес бил мртов уште пред да избие пожарот.

Вториот дел од сезоната се сконцентрира на истрагата за смртта на Вес и идентитетот на неговиот убиец. Додека Аналис поминува тешки денови во затвор, раснат тензиите помеѓу Конор, Микејла, Ашер и Лорел, поради тоа што тие не можат да се согласат околу тоа дали Аналис е виновна или е наместена. Набрзо се установува дека обвинителството сака да ја задржи Аналис во затвор по секоја цена, поради што Бони и Френк се здружуваат и на крајот успеваат заеднички да ја извадат на слобода. На крајот на сезоната се дознава дека позади убиството на Вес стои таткото на Лорел, стопанственикот Хорхе Кастиљо.

Улоги и ликови уреди

Лик Го игра Сезони
1 2 3 4
Главни ликови
Аналис Китинг Виола Дејвис Главна улога
Нејт Лехи Били Браун Главна улога
Вес Гибинс Алфред Енох Главна улога Does not appear
Конор Волш Џек Фалахи Главна улога
Ребека Сатер Кети Финдли Главна улога Гостин Does not appear
Микејла Прат Аџа Наоми Кинг Главна улога
Ашер Милстон Мет Мекгори Главна улога
Лорел Кастиљо Карла Соуза Главна улога
Френк Делфино Чарли Вебер Главна улога
Бони Винтерботом Лајза Веил Главна улога
Оливер Хемптон Конрад Рикамора Епизодна улога Главна улога

Прием уреди

Критички осврт уреди

Првата сезона на серијата Како да се извлечеш со убиство добила позитивни критики, најмногу насочени кон изведбата на Виола Дејвис. На агрегаторот за рецензии Rotten Tomatoes, првата сезона има рејтинг од 85% врз основа на 53 рецензии, со просечна оцена од 7.1/10. Критичкиот консензус на мрежното место гласи, "Како да се извлечеш со убиство не е концептуално оригинал, но испорачува возбудувања со мелодраматични пресврти и водство кое плени."[4] На Metacritic сезоната има резултат 68 од 100, врз основа на 30 критики, што укажува на „генерално поволни рецензии“.[5]

Мери Мекнамара од Los Angeles Times за изведбата на Виола Дејвис напишала: „...сите очи се вперени во Дејвис. Привлечно и застрашувачки, Дејвис создава неумолива подлога под која блескаат брзи и изненадувачки емоции. Желбата и стравот, сигурноста, самодовербата и решителноста се создаваат за миг со еден поглед под агол, со спуштање на веѓа и се ослободуваат како никогаш да не биле присутни.“ [6] Дејвид Хинкл од New York Daily News, напишал дека серијата не е толку забавна за разлика од останатите серии на Рајмс, Вовед во анатомија и Скандал.[7] Фрејзер Мур од Associated Press напишал дека серијата "ветува да биде злобна, темна, забавна и со многу пресврти. И во неа глуми Виола Дејвис, која носи живот на ликот испреплетен со бројни пресметки и мистерии." [8]

Втората сезона исто така добила позитивни критики. На Rotten Tomatoes, сезоната има рејтинг од 94% врз основа на 87 рецензии, со просечна оцена од 8.2/10. Критичкиот консензус на мрежното место гласи, „Развивајќи посилна приказна оваа сезона, Како да се извлечеш со убиство фрла неверојатни шокови и повисоки влогови во мешавината, апсурдно додавајќи масло на зависниот оган“.[9] Кајл Андерсон од Entertainment Weekly напишал дека на чело со Дејвис, серијата може да се извлече со било што.[10]

Третата сезона исто така добила позитивни критики. На Rotten Tomatoes, сезоната има рејтинг од 90% врз основа на 30 рецензии, со просечна оцена од 7.5/10.[11]

Наводи уреди

  1. Ng, Philiana (July 15, 2014). „ABC Sets Fall Premiere Dates“. The Hollywood Reporter. Посетено на July 16, 2014.
  2. Goldberg, Lesley (8 May 2014). „ABC Orders 'How to Get Away With Murder,' 'Black-ish,' 'American Crime,' 'Selfie,' 'Galavant,' More to Series“. The Hollywood Reporter. Посетено на 12 May 2014.
  3. „How To Get Away With Murder 2017 return premiere release date & schedule & air dates of your favorite tv shows“. www.returndates.com. Посетено на 2017-08-27.
  4. „How to Get Away With Murder : Season 1“. Rotten Tomatoes. Посетено на September 1, 2016.
  5. „How to Get Away With Murder : Season 1“. Metacritic. Посетено на October 2, 2014.
  6. 'How to Get Away With Murder' keeps spotlight on Viola Davis“. Los Angeles Times. Посетено на 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „How to Get Away With Murder“. New York Daily News. Посетено на 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „These 10 new fall TV shows are worthy of a first-night look“. Associated Press. Посетено на 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. „How to Get Away with Murder : Season 2“. Rotten Tomatoes. Посетено на April 16, 2017.
  10. „How to Get Away With Murder season 2 premiere: EW review“. Entertainment weekly. Посетено на 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „How to Get Away with Murder : Season 3“. Rotten Tomatoes. Посетено на April 16, 2017.

Надворешни врски уреди