Мехмед Кадри-паша познат и како Кадри-паша (1832 - 1884) — отомански државник и реформатор. Тој бил Голем везир на Османлиското Царство за време на владеењето на Абдул Хамид II од 9 јуни 1880 до 12 септември 1880 година.[1] Од 11 февруари 1876 година до 4 февруари 1877 година, тој бил и градоначалник (шехремини) на Цариград.

Мехмед Кадри Паша носејќи дипломатска униформа

Животопис уреди

Кадри-паша е роден во 1832 година во Антеп и бил син на Џенанизаде Ишак-паша, кој бил понекогаш гувернер на Кипар. Откако го стекнал основното образование, усовршувајќи го арапскиот и персискиот јазик и ги проучувал исламските науки и литература во родниот град, Кадри бил преместен во Цариград, каде би го учеле англиски и француски јазик, како и современи западни науки.

Неговиот мандат со државната служба започнал со позицијата како пописник на населението во Антеп, но тој наскоро го привлекол вниманието на неговите претпоставени при преселбата во Цариград.

Наводи уреди