Каденција (хералдика)

Каденција — диференцирање на грбовите за помладите наследници на грбоносецот. Во хералдичките традиции каде грбовите се исклучиво лични, (на пр. во англиската и шкотската хералдика), каде еден грб може да биде истовремено грб само на еден човек, тогаш неговите синови користат диференцирани грбови. Диференцијацијата може да се извши на неколку начини:

  • промена на бојата — најстар начин е со промена на бојата на штитот или на амблемот.
  • додавање на чесна фигура — во времето кога грбовите сè уште биле едноставни, диференцијацијата се изведувала со дадавање на чесна фигура.
  • промена на амблемот — претставува случај кога се менува амблемот, но нивниот распоред и боја останува ист.
  • промена на бројот на амблемите — практика која се применува кога на диференцираниот грб се менува бројот на амблемите.
  • додавање на бризура — најчестиот начин на изразување на каденција, преку внесување на дефинирани амблеми на недиференцираниот штит.

Наводи уреди

Литература уреди

  • Robert Gayre of Gayre and Niggs, Heraldic Cadency, Faber and Faber Ltd. London, 1961