Каваларци (грчки: Καβαλλάρι, Кавалари, до 1927 Καβαλάρ, Кавалар)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[3].

Каваларци
Καβαλλάρι
Каваларци is located in Грција
Каваларци
Каваларци
Местоположба во областа
Каваларци во рамките на Лагадина (општина)
Каваларци
Местоположба на Каваларци во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 23°2′E / 40.717° СГШ; 23.033° ИГД / 40.717; 23.033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Површина
 • Вкупна43,642 км2 (16,850 ми2)
Надм. вис.&1000000000000007500000075 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.993
 • Густина0,046/км2 (0,12/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 6 километри југозападно од градот Лагадина во Лагадинското поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 75 метри.

Историја уреди

Во XIX век Каваларци е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 54 семејства со 243 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Македонци и 200 Турци[4][6].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[4][7].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 284 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 389 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Калохорион.[9]

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 368 жители.[10], додека во 1940 година селото броело 1008 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1125 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1240 жители, во 1971 година имало 1210 жители, во 1981 година имало 1375 жители, додека во 1991 година имало 1518 жители[11].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1008 1125 1240 1210 1375 1518 1874 1993
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Καβαλλάρι
  3. Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 140.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 101.
  9. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.